МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија од Кети

+3
trpe
Александра
zbunet
7 posters

Страна 7 of 16 Previous  1 ... 6, 7, 8 ... 11 ... 16  Next

Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Сре Aвг 24 2011, 09:40

Свет на лудило

Јас сепак не разбирам
но, ова повеќе личи
како свет на лудило да е
во кој нема љубов,
нема топлина,
само студенило сега
во душата ми гори
и мириси опојни
низ воздухот се шират,
ме мамат за љубов,
но без срце се'
само разумот им збори
и за славата се бори.

Не, еве ви велам
нема топлина,
нема љубов,
само студенилото
во душата ми гори
бара сонце да е
но како зимата да збори.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Сре Aвг 24 2011, 16:09

Разголување на душата

Ти не ме разбираш,
јас не го барам
твоето разголено тело
за да се воздигнам
и станам славна,
јас само ја посакувам
твојата искрена љубов.

Ти не ме разбираш,
јас не ги барам
ниту твоите пари
за да ми купиш
повисоко работно место
можеби на славен архитект
поет или уметник
или било што друго...
Јас само посакувам
искрено да ме љубиш.

Зарем не гледаш дека
твојата љубов ме воздигнува
и ме прави среќна,
толку е искрена и чиста
и илјада срца стоплува
нова пролет навестува
и нов свет најавува.

Љуби ме, те молам
и само со љубов
исполни ми го срцето
ти мој далечен повику,
за јас да можам
повторно да блеснам.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Сре Aвг 24 2011, 19:02

Ооо, судбино!

Изгубен и сам
во виорот на ветриштата
спроти сината месечина
те видов,
се предаваш себе си
против својата волја
и спокојно чекаш
за да те земе судбината.

Премногу е доцна
за да се молам пред Бога
и да барам прошка
за да те врати...

Ооо судбино,
неволјо моја!
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet Сре Aвг 24 2011, 21:04

guska se klanja 10
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Чет Aвг 25 2011, 08:34

Да се биде
или не биде

Да се биде
или не биде
негација или компарација
дали е до Јас како Човек
или мислата е сама
сопственик на Универзумот.

Ме посакуваш
како сопствена идеја
и не велиш дека
се' е мое
Божја казна е'
или сините неба
го кријат космосот
и ликот свој
во огледало го бараат.

И зошто не јас
и зошто не сега
да се биде
или не биде,
не е ниту до мене,
не е ниту до тебе
до сите нас е',
клучот на Универумот
е во три
Јас, Тој и Ти.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Чет Aвг 25 2011, 10:22

Немир во ноќта

Невидлива далечина
и врисок во ноќта
на една супер птица
која небото го освојува
и во висини се вивнува...

Немирот во ноќта
ме довикува
и безмилосно
душата ми ја стега,
вели да се борам
и зло да истерам,
па, нели борец бев...

И само секунд од вечноста
сега ми треба
да заборавам на борба
со непознато во мене
што ноќта ми зеде
и немир во душата
безмилосно ми прави
и еве, гледај
пак ќе се поткренам
за пат свој да продолжам...
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet Чет Aвг 25 2011, 18:00

vinozito bravo wow
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Саб Aвг 27 2011, 21:21

Игра

О, судбино
животе мој сладок,
мојот пад ти сега го бараш
и во пајажина своја
нозе мои плеткаш,
ко парано еднаш
на игра ме мамиш
и слобода сакаш
со игра да купам.

Ме гледаш и
со поглед ме следиш
и телото мое
ти страсно го впиваш,
како играчка мала
пред тебе се виткам
и во мислите твои
во пајажина се плеткам.

Дали е ова
само фантазија твоја
што во мислите мои
и јас ја гледам,
или игра е наша,
моја и твоја
што страста во нас
сега ја буди...

О судбино,
животе мој сладок
за животот мој
јас сега се борам,
за слобода своја
со игра да купам
и оставам на тебе
збор свој да кажеш...

О судбино,
животе мој сладок...

keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Нед Aвг 28 2011, 13:44

Љубов

Во душава моја
страсна љубов гори
и само за тебе
јас неа ја чувам
Те сакам
Те љубам
и во срцево те носам...

Ти си моја светлост
Ти си моја убост
Ти си ми се'
што душа моја сака...

Дојди, те молам
тоа е судбина наша
и во добро
и во лошо
ние заедно да сме...
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Сре Јан 25 2012, 05:00

Од Бог дадено

Она што ми се дава
е од Бог дадено
и не ми се зема
ако го разделам и на други
за да им се отвори патот
по кој треба да одат
за да стигнат до целта
и сонот свој го направат јаве.

И му се дава на тој
што праведен е со сите
и што од Бог даденото
подеднакво го дели
за точно да има
за секој да земе.

И голема е чест
но и обврска е тоа
и не е тешко ништо
кога нешто се мора
за радост и среќа
на луѓе да им даде
и убавини само
на патот свој да гледат.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet Сре Јан 25 2012, 16:34

palce vinozito
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Чет Јан 26 2012, 08:46

trepka guska backa
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Се' околу мене е грев

Пишување by keti Вто Мар 27 2012, 03:54

Која сум јас
пркост да ти правам
кога и пркостта
ќе е твое дело...
И ти пак ќе речеш
и тоа ќе е сепак
за доброто на сите.

И дали е тоа добро
и за мене добро
никогаш не ќе можеш
тоа да го знаеш,
кога толку многу зло
во светот сега има
што се' околу мене
сега грешно стои.

И дали и ти гледаш
каков свет е ова
и каков свет за пород
тука ни е створен...
И дали е тоа добро
и за сите добро
никогаш не ќе можеш
тоа да го знаеш,
зошто се' околу мене е грев
и сега грешно стои.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet Вто Мар 27 2012, 19:08

10
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Амин!

Пишување by keti Нед Апр 22 2012, 20:41

Кога би виделе
се' што треба
и што не треба
да се види
ќе видиме
колку многу нешта
не можат да се видат
а треба да се видат
зошто ако гледаме
со очите наши
може не ќе видиме...

Но, ако гледаме
со очите на Бог
тој се' ќе види
и за сите нас
арно ќе ни биди...

Нека е неговата волја
и нека се слави
неговото име
и на небо
и на земја!
Амин!
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Сре Апр 25 2012, 16:21

Да се љубиме
а не војна да водиме!

Што ќе ни е да се караме
кога време за тоа
ние навистина немаме
зошто треба сега
многу да сториме
и да се љубиме
а не војна да водиме...
Нели!
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet Сре Апр 25 2012, 16:45

10
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Сре Мај 16 2012, 22:35

Ах...

Јас би сакала
многу нешта да кажам
но, некој студен ветeр
во погрешен правец ме носи
и се' ми се чини
јас спроти ветерот летам.

И дали ова време
е погрешно време за мене
или во погрешно време
сакал некој да ме прати,
за некои други
патот да го одам
за тие сето мое
за себе да го земат.

И се' ми се чини
јас не сум тука
и се' ми се чини
како да сонам
и чудни настани
во глава ми се вртат,
но кому му е важно
која сум и што сум.

И само очите твои
верно ме следат
и само Ти си Тој
што до мене верно стои
и само до тебе
јас молитви праќам...
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Пон Мај 21 2012, 23:56

Високо на тронот

А јас ако паднам
ќе има ли некој
рака да ми подаде
или ќе ме пушти
за длабочини да видам.

Или Бог сакал
се' јас да видам
и сама да се поткренам
зошто Ангел сум била
иако никогаш и не разбрав
што значи тоа.

Ех Боже, Боже
дали е тоа навистина
твојата волја
или некој со мојот живот
сакал да си игра
не знаејќи дека
јас сето тоа
со лесно ќе го минам
и високо на тронот
пак ќе си бидам.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Фати ме

Пишување by keti Саб Јун 09 2012, 04:42

Фати ме ако можеш!
Јас сега сум ѕвезда
што свети на небото
и тешко се дофатува.

Илјада скали сега
водат до мене
и тешко се качуваат...
Ти треба сега
сета моја љубов
за да стигнеш до мене.

Но, имај верба
и имај ти надеж во мене
зошто јас сум тука
и сум со тебе
како и секогаш што сум.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Вто Јун 12 2012, 22:52

Јас сум Јас ...

Јас не сум Јас
ако ме обесхрабри
нељубовта нивна кон мене
зошто Јас за нив
многу љубов имам.

Јас не сум Јас
ако ме обесхрабри
негрижата нивна за мене
зошто Јас се' ќе сторам
за тие да се добро.

И Јас сум Јас
кога среќни ги гледам
и кога лицата нивни
насмевка ги краси,
зошто само тогаш
љубовта моја лекува
и носи радост на сите.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Пет Јун 15 2012, 23:02

Нема коментар на поезијата? Поезија од Кети - Page 7 539282
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet Саб Јун 16 2012, 23:43

vinozito palce
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Пон Јун 18 2012, 20:41

Недоразбирање
во разбирање

Денес е денот
за разбирање
на недоразбирање,
што сум јас
а што си ти
и зошто некој си
сакал да не има
за негови да сме,
а ние сме само свои
и најдобри сме така.

Денес е денот К
и не е како Д
иако баш некој
сака да е така,
а не си е така...
Зошто и тие знаат
дека тоа си е така.

И тоа се вика
недоразбирање
во разбирање
меѓу мене и тебе
и нас со вас.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Саб Јун 23 2012, 06:31

Илузија што буни

Чудно е тоа чувство
ти да си тука
но, никој твојот лик
да не може да види
и како низ сон сето
тоа ти се чини
и велат сон не' бил
туку илузија била
тоа што не буни.

И погледот шета
од настан во настан
и мислата во глава
ја збунува везден
и како миг ти се чини
дека тоа трае,
а години си биле
што минале
и што ќе идат.

Но, мене сето тоа
поинаку ми гледа
како некој да сака
со нас да си игра
и мисли да ни буни
за профит да си има
и од нас да зема
и на други да им дава,
за пак на крај
се' негово да биде.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 7 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 7 of 16 Previous  1 ... 6, 7, 8 ... 11 ... 16  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот