МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија од Кети

+3
trpe
Александра
zbunet
7 posters

Страна 8 of 16 Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 12 ... 16  Next

Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Нед Јун 24 2012, 17:00

Кому му е битно

Зарем има нешто да се каже
кога можеби е се' кажано
а можеби и не е
и како и да е'
мене ми е сеедно
зошто го кријам погледот
од она што не сакам да го видам
и што некој посакал
видливо да е за мене.

Ме воздигнува па ме паѓа
и се' така ме врти во круг
за со него да бидам,
а што јас сакам
кому му е битно...
Но, се' повеќе гледам
и за други битно не е',
а што и би било
кога ниту корист, ниту профит
од сето тоа се нема.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Божја Волја

Пишување by keti Саб Јун 30 2012, 05:22

Денес нема да ви пишувам
и така никој не чита,
нема ни да ви кажам
тоа што треба да го кажам
и така никој не слуша,
а што има и да видите
кога нема што и да се види.

Се' си е пишано
се' си е кажано
се' си е видено
и што ќе биде
нека биде,
а ќе биде
што е Божја волја.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Пон Jул 02 2012, 00:00

МОЖНО И ВОЗМОЖНО

Верувам во невозможното
зошто верувам дека е возможно
а што да не е' возможно
кога со верба се' е можно.

И можното станува возможно
и возможното со верба остварливо
а што да не е' остварливо
кога со верба се' е можно.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Нед Jул 15 2012, 13:52

Тие така мислат...

Тие така мислат
и тие така знаат
но, не е така!
И кој би им дал
со лаптопи да играат
верувајќи дека така можат
во име на Бога
тие да се стават.

Тие така мислат
дека се' лесно е'
и дека некој наместо нив
товар ќе им носи!
Но, кој би им дал
со лаптопи да играат
и во име на Бога
тие да се стават.

Тие така мислат
и тие така знаат
но, не е така...
И кој би им дал!!!

keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Нед Jул 22 2012, 05:36

Како да ме нема...

Чувствувам како да ме нема,
како да не сум овде и сега
и како сето мое
на друг да му се дава
и како мое да е само
нечиј пат да одам
за тој да го земе она
од Бог што му се дава.

И дали е ова ради
љубов и верба во Бога што имав
и што со срце и душа
нему му се молев
за доброто на сите
и на семејство мое.

И кому мојот живот сега
Бог му го дарил
сето она што со свој труд
јас самата го створив,
за некој со тој дар
по мене да гази
и само во грешни
мене да ме става.

И во кого јас сега
верба да имам
и кому јас сега
љубов да му дарам
кога јас не сум своја
и не сум овде и сега
и чувствувам како да ме нема
и како да не постојам веќе.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Пет Jул 27 2012, 22:27

Случка на случувања!

Тишината зборува
гласот нејзин го слушам
мој сопатник е'
на патот кон духовноста.

И не сум јас таа
што отсекогаш сум била
нешто чудно во мене се случи
и многу подобра сум
од кога и да е'!

И не плачи
и не тажи
на срцето му велам
само погледот кон небото
сега нека гледа!
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Пон Jул 30 2012, 20:43

Која сум јас!

Не разбрав зошто
јас себе си се ставив
во илузија да бидам
и мојот живот
на друг да го дадам...
Не разбрав, но сватив
поглед мој ми кријат
да не видам јас себе,
зошто јас не сум таа
што некогаш сум била...
А која сум јас сега
ни Бог не знае да каже
ни Бог не може да види
дека сал негова сум била.

Но, тоа време мина
и ова време е друго
и дали подобро е' или не е'
никој не знае да каже
и сега од мене се бара
јас светот да го спасам...
Но, како да го спасам
кога овој живот не е'
оној што си беше
и кој е сега овој
никој не знае да каже!
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Чет Aвг 02 2012, 22:47

И обични и необични

Колку се обични оние
кои чинат да е необично
и нивната необичност
се гледа во обичното
и се' би било толку обично
ако го нема необичното.

И зошто се' да е обично
кога може да е необично
и кога е обично
да ни е' необично
зошто сме си ние
толку обични
но сепак необични
за себе си и за светот.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Ќе биде за да биде

Пишување by keti Саб Aвг 11 2012, 17:49

Не било за да биде
зошто ако требаше да биде
ќе си беше
но, тоа не' за сега
туку за вчера.

А денес ќе биде
како што ќе биде
и ќе биде за да биде
зошто треба да биде
и ќе си биде
како што треба
за да биде
како што ќе биде.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Саб Aвг 11 2012, 23:34

Бев во време нејасно

Бев во време
што не ми беше јасно
и бев тука
но ко да сум таму
и раздвоена мисла
верно ме следи
за да ме дофати
да не одлетам горе
и во длабочини
да не ми се загуби трагот.

Бев во време
што не беше мое
и што барав таму
често си велев
и глас слушнав
што верно ме следи
и во мракот ми вели
да останам на патот
зошто само тој пат води
до она што ми треба.

А јас воздух барав
за гради да си полнам
и светлина жарка
за очи да ми блеснат
и до моите најмили
за да си дојдам
за силно да ги гушнам.

И не знам што беше
но ко да не бев тука
и ко да бев во време
што не ми беше јасно
но глас слушнав
што светлина ми беше
на патот што го одев
и до мојот дом
тој ме доведе.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Саб Aвг 18 2012, 23:29

Само една врата

Не ме барај
не сум јас тука
а каде сум
ни самата не знам,
ветришта ме дуват
во нивниот правец
а јас спроти ветрот
светлината ја барам.

Сите врати
ги заклучив зад мене
и само една врата
отворена ќе биде
за кога ќе ти треба
до мене да дојдеш.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Вто Aвг 21 2012, 20:27

Не е', а треба да е'...

Барам смисла
во безсмислени настани
кои и не се мои
но како такви ги чувствувам
и се' нешто ново се открива
нови слики, нови настани
нови врски и поврзувања
на кои како да му нема крај
и како струја да ме влече низ вода
сакајќи да ме донесе до крајот
каде ме чека одговор
на прашања непоставени
носени во мислите
на кои како да му нема крај.

И дали го решив проблемот
кој вечно ми задава мака
искрено и не верувам
зошто ако имав верба
како што ја имав
и се' уште ја имам
се' ќе беше решливо
и се' ќе беше со благослов
од Бога дадено...
Но, дали ми е дадено
само еден Бог знае
зошто се' си е негово дело
и се' си е негова волја
а не' како што јас сакам
и не' како што јас љубам,
а треба да е така.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet Вто Aвг 21 2012, 22:45

koj
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Вто Сеп 04 2012, 23:58

Во својот свет...

Лебдам во меѓупростор
и таму нема никој
и таму сум само јас
и добро ми е'
зошто нема ништо
и нема никој
нема ниту тага
но нема ни радост
но сепак добро ми е'
зошто таму сум само јас
и таму нема никој
и таму нема ништо
и се' е неутрално
и безпросторно е'
и безвремено е'
но сепак добро ми е
зошто сум само јас
во својот свет
во кој само јас постојам.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Сре Сеп 05 2012, 23:23

Како да сум...

Како да сум во два света
овој овде и некој друг
а кој е тој друг свет
тоа го знае само тој
што стално ме праќа таму...
И тој свет е како сон
но како во јаве да сум
и не ми е јасно
кој овие два света ги спои
за ко еден да ми бидат
и стално да ме збунуваат.

А мојот свет!
Мојот свет е сосем трет
и во него само јас постојам
и во него најдобро се чувствувам
зошто е само мој
и ничиј друг!
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Чет Сеп 06 2012, 20:04

Бог е љубов!

Не ми замерајте
но јас никого не препознавам
во ликовите што ги гледам
и гледам се' нови врски
и оние што ги знам
некој ги раздвоил
па на свој начин
и за свои потреби
пробал да ги спои.

И тие врски
не се од Бог дадени
зошто Бог е љубов
и тој не раздвојува
туку љубените ги спојува
за секој да го има
тоа што го сака
и тоа што секому
радост ќе му носи.

И можеби е ова
тоа "ново време"
што стално се кажува
насекаде во светот
но никој не кажал точно
што време е тоа
и што е позади
тоа што се вели.

И пак ќе речам
тоа време ново
не е од Бог дадено
зошто Бог е љубов
и тој љубени спојува
и никогаш
ама баш никогаш
љубени не раздвојува!
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Пет Сеп 07 2012, 21:55

Не' секој знае

Колку зборови напишав
и во поезија ги ставив
но не' секој знае дека
во нив вистина се крие
за тоа што било
и тоа што ќе биде
и за се што е'
и што треба да е'.

И чија мисла е ова
ако не е Божја
и Бог ни дава надеж
дека се' ќе биде добро
и дека е тој овде
за патот да го каже
по кој треба да се оди
за светлина да допре
до секој од нас.

А јас долг пат минав
низ времиња разни
за до мене да допре
мислата на Бога
и секој да може
неа да ја види...
И не ми беше лесно
во два света да бидам
и за да ми е лесно
свој свет си градев
за душа да си смирам
и со Божја љубов
срце да си полнам
сила да ми даде
на патот што го одев.

И секој збор што слушнав
од Бога да ми дојде
во поезија го ставив
за секој да го види,
но не' секој знае
во зборот што се крие,
а во тој збор се крие
вистината за светот
за тоа што е'
и што треба да е'
за тоа што било
и тоа што ќе биде.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Саб Окт 13 2012, 09:20

Кога би знаеле

Да не сте ми во кожа
зошто само јас со неа
можам да се носам
иако некој сака
Јас да биде
па краде од мене
за себе да си има.

И кога би знаел
колку многу магии
врз мене се фрлаат
никогаш не би го посакал
она што го бара
зошто со сето добро
и лошото си оди
а со лошото
само јас можам да се носам
зошто Јас сум Јас
и не сум како сите.

И јас не знам
зошто сето на свој грб
треба да го носам
но секому е речено
кој пат да го врви
и тоа не' за себе
туку сепак,
за доброто на сите.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Нед Окт 14 2012, 17:00

Кога би знаеле

Да не сте ми во кожа
зошто само јас со неа
можам да се носам
иако некој сака
Јас да биде
па краде од мене
за себе да си има.

И кога би знаел
колку многу магии
врз мене се фрлаат
никогаш не би го посакал
она што го бара
зошто со сето добро
и лошото си оди
а со лошото
само јас можам да се носам
зошто Јас сум Јас
и не сум како сите.

И јас не знам
зошто сето на свој грб
треба да го носам
но секому е речено
кој пат да го врви
и тоа не' за себе
туку сепак,
за доброто на сите.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Нед Окт 21 2012, 16:36

Не знам зошто!!!

Многу нешта сакав да ти кажам
на таа наша средба
што никогаш не беше
и не ќе да е'
ниту некогаш ќе биде
и не' онака
како требаше да биде.

Многу нешта во срцето носев
и дар за тебе
тоа требаше да биде
на средбата наша
што никогаш не беше
и не ќе да е'
ниту некогаш ќе биде
и не' онака
како требаше да биде.

И музиката низ етерот
што допираше до секој
моја творба беше
и како разговор со тебе
требаше да биде
за душата твоја
весела да биде
и само убавини и светлина
до неа да идат.

И не знам зошто сето тоа
не допира до тебе
и не знам зошто некој сака
тоа така да си биде
и не знам зошто сака
тишината мој сопатник да биде
и не знам зошто овој пат
само мој пат треба да биде
за да и мојата душа
светлина да виде.

А толку многу нешта
во душава носев
и дар за тебе
требаше да бидат
на таа наша средба
што никогаш не беше
и не ќе да биде'
и не' онака
како требаше да биде.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by Тото Нед Окт 21 2012, 21:19

Многу убава песна , Кети, звучи многу искрено . flower

Тото
Тото


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Пон Окт 22 2012, 15:20

Поезија од Кети - Page 8 438648
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by Тото Пон Окт 22 2012, 23:07

guska
Тото
Тото


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Вто Окт 23 2012, 19:51

trepka
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by keti Вто Окт 23 2012, 19:52

Кој е тој!

Сама врвам
ветришта ме дуваат
дождови ме врнат
а јас само сонце
на мојот пат гледам .

И кој е тој
што мојот сон
сака да го земе
и кој е тој
што не сум Јас
зошто само Јас
тој сон
може да го има.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија од Кети - Page 8 Empty Re: Поезија од Кети

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 8 of 16 Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 12 ... 16  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот