Поезија од Кети
+3
trpe
Александра
zbunet
7 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 4 of 16
Страна 4 of 16 • 1, 2, 3, 4, 5 ... 10 ... 16
Re: Поезија од Кети
Ова време е наше
Зарем не свати дека
толку многу ми треба и значи
поезија љубовна твоја,
возвишена е' и слатка,
мразулци од срце ми топи
и душата моја ја топли.
Што се случи, кажи
пак ли мисли низ глава ти шетат
за тоа што е сега
и што може да биде,
за мене и тебе...
Остави го тоа, те молам
и мисли на љубов
и иднина наша.
Ова време е наше
и творечки дела
од нас сега бара
мозаици од зборој
на хартија шарена ставај,
а јас цртежи цртам
и со нив иднина правам
за тебе и мене
и среќата наша.
И не заборавај, те молам
ова време е наше
и не троши го така
туку, само мислите свои
во дела претвори ги сега,
за душите да ни ги стоплат
со љубов срца ни исполнат
и патот ни го осветлат.
Зарем не свати дека
толку многу ми треба и значи
поезија љубовна твоја,
возвишена е' и слатка,
мразулци од срце ми топи
и душата моја ја топли.
Што се случи, кажи
пак ли мисли низ глава ти шетат
за тоа што е сега
и што може да биде,
за мене и тебе...
Остави го тоа, те молам
и мисли на љубов
и иднина наша.
Ова време е наше
и творечки дела
од нас сега бара
мозаици од зборој
на хартија шарена ставај,
а јас цртежи цртам
и со нив иднина правам
за тебе и мене
и среќата наша.
И не заборавај, те молам
ова време е наше
и не троши го така
туку, само мислите свои
во дела претвори ги сега,
за душите да ни ги стоплат
со љубов срца ни исполнат
и патот ни го осветлат.
keti
Re: Поезија од Кети
Народе наш македонски
Народе наш македонски
разбуди се, време е
и не барај веќе
непријател во редови свои,
покажи и докажи
дека народ си, кој
земјата своја ја сака
и името свое во срце го носи.
Народе наш македонски
време е, ѕидови ти сруши
непотребно што се градат
меѓу тебе и соседи твои
и поглед реален матат
на сегашност и иднина наша.
Народе наш македонски
време е, одлучи се веќе
и прав пат избери сега,
демократски и европски
и докажи дека,
народ си способен и вреден
кон стабилност и напредок
земја своја да води.
Народе наш македонски
разбуди се, време е
и не барај веќе
непријател во редови свои,
покажи и докажи
дека народ си, кој
земјата своја ја сака
и името свое во срце го носи.
Народе наш македонски
време е, ѕидови ти сруши
непотребно што се градат
меѓу тебе и соседи твои
и поглед реален матат
на сегашност и иднина наша.
Народе наш македонски
време е, одлучи се веќе
и прав пат избери сега,
демократски и европски
и докажи дека,
народ си способен и вреден
кон стабилност и напредок
земја своја да води.
keti
Re: Поезија од Кети
Избраниот
Еве повторно се враќам
со мисли те довикувам
и пак твојот лик го гледам,
во сон со тебе љубов водам
и поезија ти пишувам.
Повторно се враќам
исто како тогаш,
кога душа своја отворив
па стихови ти подарив
и виртуелно ги испратив
со страст ги обоив
и срцето ти го отворив.
Ти беше тој, нели?
И сега се' е јасно
не е ова само страст
се претвара во љубов
и затоа, не се буни веќе,
избистри си ги мислите
и дојди ти кај мене
душа да ми милуваш
усни да ми бакнуваш
и со мене да бидеш.
О, љубов моја најмила...
Еве повторно се враќам
со мисли те довикувам
и пак твојот лик го гледам,
во сон со тебе љубов водам
и поезија ти пишувам.
Повторно се враќам
исто како тогаш,
кога душа своја отворив
па стихови ти подарив
и виртуелно ги испратив
со страст ги обоив
и срцето ти го отворив.
Ти беше тој, нели?
И сега се' е јасно
не е ова само страст
се претвара во љубов
и затоа, не се буни веќе,
избистри си ги мислите
и дојди ти кај мене
душа да ми милуваш
усни да ми бакнуваш
и со мене да бидеш.
О, љубов моја најмила...
keti
Re: Поезија од Кети
До НАС е'
Не е ниту до мене
не е ниту до тебе,
не е како единка
туку како множина
до НАС е' и ние
збратимени еден до друг
подобар свет градиме.
Не Јас, не ТИ
туку НИЕ заедно
можеме се' да сториме
и светот да го промениме
и подобар свет да создадеме
за мене и за тебе
и за сите нас.
Раце да си подадеме
со љубов срца да исполниме
и орото на среќата
со радост да го заиграме,
за подобро денес
и подобро утре.
Не е ниту до мене
не е ниту до тебе,
до НАС е' и ние
збратимени еден до друг
поубав свет градиме.
Не е ниту до мене
не е ниту до тебе,
не е како единка
туку како множина
до НАС е' и ние
збратимени еден до друг
подобар свет градиме.
Не Јас, не ТИ
туку НИЕ заедно
можеме се' да сториме
и светот да го промениме
и подобар свет да создадеме
за мене и за тебе
и за сите нас.
Раце да си подадеме
со љубов срца да исполниме
и орото на среќата
со радост да го заиграме,
за подобро денес
и подобро утре.
Не е ниту до мене
не е ниту до тебе,
до НАС е' и ние
збратимени еден до друг
поубав свет градиме.
keti
Re: Поезија од Кети
keti напиша:
Не Јас, не ТИ
туку НИЕ заедно
можеме се' да сториме
и светот да го промениме
Ние, заедно со него, неа, и нив
Александра
Re: Поезија од Кети
И покрај се'
И покрај се'
јас верувам во човекот
и во неговата добрина
и во неговата чиста душа
и во неговото срце
отворено за љубов...
И покрај се'
јас се борам со непознатото
што го измачува човекот,
му ја одзема убавината
носи немир во неговата душа
му го поматува разумот
и го носи до дното...
И покрај се'
јас се борам со лошите сили
и ги преобразувам во љубов...
И посакувам,
љубовта да проструи низ телото
и го исполни срцето
и човекот го направи среќен,
за да ја почувствува
убавината на животот
и си го оствари својот сон...
Јас ја чувствувам душата
и допирам до срцето...
И затоа
и покрај се'
јас верувам во човекот
и во неговата добрина
и во неговата чиста душа
и во неговото чисто срце...
И покрај се'
јас верувам во човекот...
И покрај се'
јас верувам во човекот
и во неговата добрина
и во неговата чиста душа
и во неговото срце
отворено за љубов...
И покрај се'
јас се борам со непознатото
што го измачува човекот,
му ја одзема убавината
носи немир во неговата душа
му го поматува разумот
и го носи до дното...
И покрај се'
јас се борам со лошите сили
и ги преобразувам во љубов...
И посакувам,
љубовта да проструи низ телото
и го исполни срцето
и човекот го направи среќен,
за да ја почувствува
убавината на животот
и си го оствари својот сон...
Јас ја чувствувам душата
и допирам до срцето...
И затоа
и покрај се'
јас верувам во човекот
и во неговата добрина
и во неговата чиста душа
и во неговото чисто срце...
И покрај се'
јас верувам во човекот...
keti
Re: Поезија од Кети
Конфузни размисли
Момент на спознание
за тоа која сум
и што треба да сум
во целината на илузорното единство
на нелогични дејствија во афект
кои ја воздигнуваат суптилно
емоционалната суштина на совршенството.
Момент на себедокажување
за тоа што го знам
и што го носам во себе,
една идеја на апсурдна реинкарнација
воскресение на бесмртна душа
од далечни светови,
моќна да ја воздигне човековата свест
до свест која создава надчовек.
Момент на конфузни размисли
за осознавање на една вистина
како однос на разни заблуди
за човек возвишен-мудрец во совеста
маскиран во превезот на несватливата самотија
како лукавство неопходно за самоодржливост
во современите опасни водовртежи.
Момент на спознание
како момент на себедокажување
во еден момент на конфузни размисли...
Момент на спознание
за тоа која сум
и што треба да сум
во целината на илузорното единство
на нелогични дејствија во афект
кои ја воздигнуваат суптилно
емоционалната суштина на совршенството.
Момент на себедокажување
за тоа што го знам
и што го носам во себе,
една идеја на апсурдна реинкарнација
воскресение на бесмртна душа
од далечни светови,
моќна да ја воздигне човековата свест
до свест која создава надчовек.
Момент на конфузни размисли
за осознавање на една вистина
како однос на разни заблуди
за човек возвишен-мудрец во совеста
маскиран во превезот на несватливата самотија
како лукавство неопходно за самоодржливост
во современите опасни водовртежи.
Момент на спознание
како момент на себедокажување
во еден момент на конфузни размисли...
keti
Re: Поезија од Кети
Мојата вистина
Мојата вистина
тоа си Ти
и твоите сини очи,
очите во кои се огледува
душата на мојата мајка,
нејзиното чисто срце
и нејзината безгранична љубов
подарена секому.
Мојата вистина
тоа си Ти
и твоите зборови
кои се раѓаат во мислите
и ја кажуваат иднината
мојата и твојата, нашата
една и единствена
исполнета со безусловна љубов...
Вистина без заблуди
со векови скриена во универзумот
и чувана од светлината.
Избрани сме за да ја откриеме
и да го најавиме Новото време.
Мојата вистина
тоа си Ти
и твоите сини очи,
очите во кои се огледува
душата на мојата мајка,
нејзиното чисто срце
и нејзината безгранична љубов
подарена секому.
Мојата вистина
тоа си Ти
и твоите зборови
кои се раѓаат во мислите
и ја кажуваат иднината
мојата и твојата, нашата
една и единствена
исполнета со безусловна љубов...
Вистина без заблуди
со векови скриена во универзумот
и чувана од светлината.
Избрани сме за да ја откриеме
и да го најавиме Новото време.
keti
Re: Поезија од Кети
Се надевам дека ова што следува ќе биде последно што ќе го напишам оваа ноќ...Не можам да ги сопрам мислите кои ме нападнаа...
keti
Re: Поезија од Кети
Привилегија
Се прашувам себе си
да не беше трагедијата
која стана белег
препознатлив за мојот живот,
дали воопшто некогаш
ќе го слушнев Твојот глас во тишината
и дали воопшто некогаш
ќе го видев Твојот лик во мракот
и ќе ја осознаев суштината
на моето овоземско постоење.
И си велам себе си
се' нешто е самоодредено
што мора да се случи
за да ни ја разбуди свеста
и да не донесе на патот
за нас трасиран,
за да го изодиме
и да се себеспознаеме.
И пак се прашувам себе си
да не се случеше трагедијата
и да не го изгубев најблиското
што најмногу ми требаше,
мојата мајка,
каков ќе беше мојот живот...
И си велам себе си
посреќен, поубав и повозвишен.
Но, тоа не била
Твојата волја
и тоа не бил мојот пат,
тоа била само
мојата судбина...
Но си велам и се тешам, дека
привилегија е моја
да се биде поразличен од другите
и да се осознае суштината
на своето постоење
и привилегија е моја
да се биде посебен
и од Тебе избран
кој ќе ја каже вистината,
вистината за она што доаѓа
Вистината за Новиот свет...
Се прашувам себе си
да не беше трагедијата
која стана белег
препознатлив за мојот живот,
дали воопшто некогаш
ќе го слушнев Твојот глас во тишината
и дали воопшто некогаш
ќе го видев Твојот лик во мракот
и ќе ја осознаев суштината
на моето овоземско постоење.
И си велам себе си
се' нешто е самоодредено
што мора да се случи
за да ни ја разбуди свеста
и да не донесе на патот
за нас трасиран,
за да го изодиме
и да се себеспознаеме.
И пак се прашувам себе си
да не се случеше трагедијата
и да не го изгубев најблиското
што најмногу ми требаше,
мојата мајка,
каков ќе беше мојот живот...
И си велам себе си
посреќен, поубав и повозвишен.
Но, тоа не била
Твојата волја
и тоа не бил мојот пат,
тоа била само
мојата судбина...
Но си велам и се тешам, дека
привилегија е моја
да се биде поразличен од другите
и да се осознае суштината
на своето постоење
и привилегија е моја
да се биде посебен
и од Тебе избран
кој ќе ја каже вистината,
вистината за она што доаѓа
Вистината за Новиот свет...
keti
Re: Поезија од Кети
Ода на радоста
Не станува збор
за паралелни димензии,
нити пак за временски дупки
кои отвараат премини
на чудни светови...
Тоа е само борба со непознатото,
бура која се претвора во страст,
нагон на возбуда
која буди креативност
и потреба за создавање,
бура која најавува
победа на кризата
и смирение на душата.
Само прашање на време беше
време најавено, но сепак непознато,
за да се појави ненадејно
и ме воздигне високо...
И сега летам и се радувам
а зад мене фаланга
ме следи и верува
и не е само сон туку јаве е,
се слави победата
со љубов, верба и надеж
освојувана...
Сонце мое мило
покажи ги своите зраци,
стопли ги срцата
и исполни ги со љубов
и најави го
Почетокот на Новото време,
време на мир, слога и разбирање,
време на љубов, радост и среќа.
Не станува збор
за паралелни димензии,
нити пак за временски дупки
кои отвараат премини
на чудни светови...
Тоа е само борба со непознатото,
бура која се претвора во страст,
нагон на возбуда
која буди креативност
и потреба за создавање,
бура која најавува
победа на кризата
и смирение на душата.
Само прашање на време беше
време најавено, но сепак непознато,
за да се појави ненадејно
и ме воздигне високо...
И сега летам и се радувам
а зад мене фаланга
ме следи и верува
и не е само сон туку јаве е,
се слави победата
со љубов, верба и надеж
освојувана...
Сонце мое мило
покажи ги своите зраци,
стопли ги срцата
и исполни ги со љубов
и најави го
Почетокот на Новото време,
време на мир, слога и разбирање,
време на љубов, радост и среќа.
keti
Re: Поезија од Кети
Математичка поезија
Јасно е како ден
но сепак е математички проблем,
проблем со две непознати
преку интернет запознати
и на далечни растојанија
математички проблем решаваме,
а наместо бројки,
на непознати вредности
зборови додаваме
и проблемот во поезија
вешто го претвораме.
Ни остана уште
знаци да додадеме
и математичка поезија
на крај да создадеме.
Јасно е како ден
но сепак е математички проблем,
проблем со две непознати
преку интернет запознати
и на далечни растојанија
математички проблем решаваме,
а наместо бројки,
на непознати вредности
зборови додаваме
и проблемот во поезија
вешто го претвораме.
Ни остана уште
знаци да додадеме
и математичка поезија
на крај да создадеме.
keti
Страна 4 of 16 • 1, 2, 3, 4, 5 ... 10 ... 16
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 4 of 16
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|