МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија - 3

+2
Александра
zbunet
6 posters

Страна 1 of 7 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Поезија - 3 Empty Поезија - 3

Пишување by keti Саб Aвг 27 2011, 19:23

О Ти,
О Јас

Полиња и ливади
И рамнини и ниви
како позната бајка
пред мене се нижат
и поглед волшебен
на очи насмеани
души ни опива...

Дал поглед е тоа
на градина расцветана
или синото небо
во ноќта го довикува,
о Ти,
о Јас,
песна на ангелот
во ноќта одекнува...

Би сакал да кажам
тоа што не сакам да кажам,
о Ти,
о Јас...


Последната промена е направена од keti на Чет Фед 16 2012, 01:59. Мислењето е променето 2 пати.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Нед Aвг 28 2011, 10:26

Верба

Би сакала
штом искрено ќе посакам
се' и да добијам,
и за себе
и за тебе
и за сите нас...
Но, ете
јас толку можам
и го добив она
што судено ни е.

Пробав се'
и можно и невозможно,
за да те имам
за себе
и за сите нас
и пробав
да те сочувам...
Но, судбина била
без тебе да бидам
и сама јас да војувам,
со лошо да се борам
и добро да донесам
и срцата со љубов
да ги исполнам,
среќа и радост
на сите да донесам.

Сепак,
јас силна верба
во тебе имам,
и повторно сакам
до тебе да допрам
за својата љубов
да ти ја дарам,
за да те стопли
и љубов искрена
во тебе да разбуди.


Те љубам,
те сакам
и силна верба
во тебе имам...

keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Нед Aвг 28 2011, 10:28

guska palce vinozito 10
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Пон Aвг 29 2011, 16:09

tarumba zal mi e


Последната промена е направена од keti на Чет Фед 16 2012, 02:02. Мислењето е променето 2 пати.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Празнична песна

Пишување by keti Вто Дек 20 2011, 23:03

Ден убав
ден на празник светол...
Миг што треба секој
во спомен да го чува
и кога ќе ни треба
нас да не стопли
и срцава наши
во љубов да ги сплоти,
за тие пак да љубат
и тие пак да сакаат
и радост и среќа
на сите да им дарат.

И гушни ме ти сега
силно колку можеш
и овој миг јас сакам
во спомен да го имам...

И усните твои
допри ги до моите,
како нектар сладок
јас сакам да ги вкусам
и твоето тело
припиј го до моето
и уживај ти сега
во мигот овој страсен
што нам ни е даден
за вечен да ни биде...
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Сре Дек 21 2011, 15:33

bravo guska
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Чет Дек 22 2011, 14:47

Би сакала

Би сакала
се' да е толку едноставно...
Едноставно да се сакаме
едноставно да се љубиме
и на едноставен начин
да се разбираме...
И на сите ќе ни биде добро
и на сите ќе ни биде убаво,
а не' овака како што е сега.

Премногу зборови трошиме
и само се објаснуваме
и само се разјаснуваме
а треба сите да сме едно
и само на едно да мислиме
и само за едно да сонуваме
и само за едно да живееме
и за едно и да постоиме...
Се се' сведува на едно,
на ЉУБОВ...

И затоа би сакала
се' да е толку едноставно
и да не е комплицирано,
зошто само така е најдобро
и за нас и за сите околу нас...
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Чет Дек 22 2011, 15:10

nema pravda kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Чет Јан 05 2012, 19:33

Ах, ЉУБОВ!

И еве, ти повторно си овде
и јас те чувствувам,
треперам пред тебе
и ти се предавам...
А ти ме посакуваш
и ги бараш моите усни
и како црвено вино
сакаш да се напиеш од нив.

Волшебниот бран струи
и како стебленце на ветер
го бранува телото мое
во ритамот на музиката
за тебе веќе позната
но, одамна заборавена.

И еве, ти повторно си овде
ангелу мој,
рашири ги своите крила
и носи ме во облаци
да го видам небото
и да му се израдувам
и поведиме таму
каде што веќе сме
за повторно да бидеме едно.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Чет Јан 05 2012, 20:41

bravo wow
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Пон Јан 09 2012, 12:51

Непристоен предлог

Прашина се крева
и погледот ми мати,
еден непристоен предлог
сонот ми го зема
и се' нешто ми вели
со намера е сето
и пак на нешто друго
тоа ќе се свети.

А јас земја своја љубам
и народ свој си сакам
и не сакам пред светот
разголени да бидат
за некој да се сити
и очи да си плакне
и на крај пак нас
во криво да не стави.

И повторно во ноќта
јас бдеам и си мислам
со намера е сето
ова што ни прават
и што и да е сепак
во криво ќе не стават.

Но, јас надеж имам
во народ свој и земја
и вербата ја имам
во тие што не љубат
и во тие што ни сакаат
добро да ни биде
и љубов сега праќам
за доброто на сите.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Пон Јан 09 2012, 22:55

Гласот на Тишината

Молитва кажана на 300 начини
во мистичен дел од денот,
изгубена во просторот и времето
еротски умешно зачинета
и обоена во боите на парите
во неморалното и ненормалното
за да е подостапна
до народните маси,
Молитва опиена од наркотици
зачинета со секс и рок ен рол
изговорена со речникот на политиката
и лекувана со антибиотици
од инфицирано здравство
и се' во интерес на народните маси
е Гласот на Тишината
во денешно време
се' повеќе присутна.

И дали навистина
доброто на крај победува
и кој тоа денес би го знаел
кога тој што добрина имал
и тој што добрина давал
и не е меѓу нас!

О Тишино
крени го својот Глас
зарем уште,
зарем се' уште
ќе слугуваш на Тишината!

И за крај ќе речам
Исус се роди
навистина се роди!!!
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Вто Јан 10 2012, 00:09

palce 10 bravo
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Пет Јан 13 2012, 00:25

Никогаш не вели никогаш



Последната промена е направена од keti на Вто Апр 24 2012, 22:37. Мислењето е променето 1 пати
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Пет Јан 13 2012, 17:48

palce
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Саб Јан 14 2012, 05:06

Јас сум среќна

Јас сум среќна
зошто за сите љубов имам
и на сите вас јас ви ја дарам
и срце големо имам
што со сите го делам
и со божја љубов
јас него го полнам,
за среќа и радост
на сите да им дава
и за животот со радост
сите да го слават...
И затоа сум среќна
зошто сите вас
јас среќна ве правам.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by Александра Вто Јан 17 2012, 21:04

negde izvan planeta Поезија - 3 104553

сакаше сонце да бидеш
и сите да ги згрееш и разгалиш
та раскикотено да се бркаат по песокот
и да се прскаат аздисано во кротката вода
а градите да им потскокнуваат
а бедрата нивни да заслепуваат
од твојата восхитена светнатост
а ти сонце да им бидеш
на нудистичка плажа
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Чет Јан 19 2012, 18:44

kez bidi umen guska
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Чет Јан 19 2012, 18:49

Ми велат

Ми велат дека
сонце не ме грее
и сонцето го нема
во моиве очи ѕвезди,
тоа ми го велат,
а јас не им верувам.

И не им верувам зошто
ниту тага видоа
во душава моја,
ниту болка допреа
во срцево мое,
кога сал насмевка гледаа
на лицево мое.

И тие не знаат дека
она што го гледаат
и не е исто со она што го велат
и зато не им верувам...
А не им верувам зошто
не можат да видат
она што јас го гледам
и не можат да знаат
она што јас го знам
и не сакам да верувам
во нешто што и самите
не сакаат да веруват,
но, сепак тие сакаат така
и така ми велат...

Ама што фајде
кога јас не им верувам...


keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Чет Јан 19 2012, 23:39

palce 10
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by Александра Саб Јан 21 2012, 23:06

зима е
и ти си загрижен
што ме нема
замислуваш
како стутулена
сум заспала на нашата клупа
и блажено сонувам дека ме топлиш
под палтото наследено од татко ти
погодуваш дека пак
ги прескокнав лековите
повеќе не си гневен
тоа го надмина
сега само ја вршиш твојата должност
„... во добро и зло...“
а само кога би знаел
колку ми е убаво и спокојно тука
не би доаѓал
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by Кидман Саб Јан 21 2012, 23:12

dalas2no напиша:зима е
и ти си загрижен
што ме нема
замислуваш
како стутулена
сум заспала на нашата клупа
и блажено сонувам дека ме топлиш
под палтото наследено од татко ти
погодуваш дека пак
ги прескокнав лековите
повеќе не си гневен
тоа го надмина
сега само ја вршиш твојата должност
„... во добро и зло...“
а само кога би знаел
колку ми е убаво и спокојно тука
не би доаѓал


mh.... za merak
Поезија - 3 296950
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by the nurse Пон Јан 23 2012, 16:53

dalas2no напиша:зима е
и ти си загрижен
што ме нема
замислуваш
како стутулена
сум заспала на нашата клупа
и блажено сонувам дека ме топлиш
под палтото наследено од татко ти
погодуваш дека пак
ги прескокнав лековите
повеќе не си гневен
тоа го надмина
сега само ја вршиш твојата должност
„... во добро и зло...“
а само кога би знаел
колку ми е убаво и спокојно тука
не би доаѓал

palce
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Пон Јан 23 2012, 17:45

10 wow
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Сре Јан 25 2012, 04:37


magare titanik ona trca perverzna


Последната промена е направена од keti на Чет Фед 16 2012, 02:08. Мислењето е променето 1 пати
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 7 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот