МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија - 3

+2
Александра
zbunet
6 posters

Страна 3 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Аватар

Пишување by keti Пон Мар 12 2012, 21:06

Додека јас на тебе мислам
и молитви свети кон тебе праќам
ти во мое име
на другите им збориш
и мојот лик ко аватар го земаш
за порака своја
да пренесеш на сите.

И дали е по моја
или е по твоја волја
тоа само тебе ти се гледа
и само ќе речеш
намерата е добра
и сето е со цел
за доброто на сите.





keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Што дека

Пишување by keti Сре Мар 14 2012, 01:06

Ти збори си за тебе
јас ќе зборам за себе
и пак на крајот
ќе се разбереме ние
зошто сме исти
или можеби слични,
но што дека,
кога еден е збунет
па другиот треба
на него да мисли.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Сре Мар 14 2012, 02:17

koj
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Чет Мар 15 2012, 00:51

misli bidi umen trepka guska backa
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Зошто така чиниш?

Пишување by keti Чет Мар 15 2012, 00:53

Не’ секогаш сум со тебе
зошто јас сум човек
што слобода своја сака
и не' дека e со намера
од тебе да бегам.

Па ти знаеш дека
јас тебе те љубам
и само тебе те сакам
и со намера ли е тоа
во мисли што ми идеш
за да видиш дали
јас на тебе мислам.

И не ми е јасно
зошто така чиниш
кога знаеш дека
душа си ми сродна
и во срцево мое
само тебе те носам,
зошто јас те љубам
и само во тебе
вербата ја имам.


keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Пишано си било

Пишување by keti Сре Мар 21 2012, 22:36

Тој не сака
но јас го сакам
а љубов без мерак
и љубов не е'!
Ниту среќата со пари
можe да се купи
ниту љубовта без мерак
векот го векува.

И народот е еден
а верите се многу
и народот го делат
која како си знае.

И остана надеж
дека се' ќе си бидне
како Бог што љуби,
зошто се што си е'
веќе пишано си било.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty За неа (за власта )

Пишување by keti Пет Мар 23 2012, 00:47

Не е дека ќе врне
туку очите ни плачат
зошто нема ни благодарам
за тоа што го сторивме
за народот наш.

Ех, Тоше, Тоше
кому му е грижа
што очите ни плачат!
А тие плачат
за челадта наша
дали добро или лошо
од нас тие имаат
и дали данокот неплатен
тие ќе го плаќаат...
А тоа наша должност
требаше да биде.

И не е власта
секој да ја има
туку само тие
народ што си љубат.

И пишано си било
тие да си одат
зошто власта за нив
послатка им била
од народот свој
што сега го губат.


Последната промена е направена од keti на Вто Апр 10 2012, 22:54. Мислењето е променето 1 пати
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Пет Мар 23 2012, 01:25

bravo
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Слободни птици

Пишување by keti Саб Мар 24 2012, 12:35

Отвори го срцето
ти што во мисли ми идеш
и ме бараш
за чекор да ти следам
или пратам,
сеедно е...

Јас не сум ти желка
за куќа да ти носам,
птица сум ти јас
што небото го сака
и слобода сака
за крилјата да шири.

Дојди и ти со мене
заедно да сме ние
и биди и Ти ко Јас
и Јас ко Ти ќе бидам
и ко слободни птици
ќе летаме ние.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Духовност и мудрост

Пишување by keti Вто Апр 10 2012, 22:53

Јас го воздигнав него
а тој мене ме руши...
И зошто со него
јас треба да сум,
одговор барам
од Човекот мудар.
И има ли таков
што одговор знае!

Јас љубов барам
кај човекот Бог
но таа ти била
во срце и душа
и сака да го допре
универзумот цел...
А тие љубовта
во ланци ја држат
затворена да била
во зандани верски.

И сакаат „тие“
јас да ги гледам
а јас само сакам
Човек да си бидам.
И не е' дека тие
во мене не се'
но јас повеќе љубам
со розе очила да гледам.

И не гледам зошто
со мене да бидат
и зар доволно не е'
што во цртани филмови
со нив јас се дружам.


keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Сре Апр 11 2012, 16:38

vrv
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Великден или голем ден

Пишување by keti Чет Апр 12 2012, 20:58

Што да ви кажам
кога вие се' си знаете
и само јас не знам
и не ми е јасно
што е овој празник
што сега се слави
и само знам
дека е голем ден
и се вика Великден.

И не ми е јасно
каде Тој бил
што пред тоа не бил виден
и што вашите очи
само еден ден го гледаат,
а јас шепотот негов
во мисли го имам,
зошто Тој така рекол
и не порекол.

И кој е Тој
што воскреснал сега!
Јас знам само
дека Исус му е име
и зошто сакал
само сега да го видат,
тоа само Бог го знае
и негова е тајна.

А вистината е друга
и за да се дознае
треба многу љубов
во срце да се има.

И да не е само еден
туку секој ден да биде
треба многу љубов
и кон Бога да се има
и молитва света
секој да си каже
и да се пушти волјата
на Бог да си биде
зошто Човек само така
Светлина ќе виде.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Ми велеше константно

Пишување by keti Пон Апр 16 2012, 14:17

Ми велеше константно
дека се' си е во ред
а јас ти велев не е'
и ако тоа така беше
тогаш кажи ми зошто
со туѓ труд секогаш
друг перја си красеше!
Зошто!

Ми велеше константно
дека треба тоа така да биде
зошто ова време е'
време на „ново време“
но и ако е тоа така
тогаш нели требаше
се' добро да си беше
а тоа така и не беше.

И ми велеше константно
дека се' си е до нас
но и ти знаеш дека
додека е ова време
тоа така и нема да е',
а ќе биде така
кога народ наш
ќе сака да се смени.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty ПОРАКА ДО НЕБОТО ... MESSAGE TO THE SKY

Пишување by keti Пон Апр 23 2012, 22:28

Низ сокаци одам
и вијулици ме демнат
и дожд и снег од зборови лоши
по мене само паѓаат...
Зошто!
Порака праќам
до вишното небо.

Зарем доволно не е'
трудот што го вложив
за слобода своја
да ја купам така,
или се' нешто друго
треба јас да сторам
но, по чија волја е тоа
јас навистина незнам.

И се' некоја мисла
низ глава ми се врти
зарем не сум му мила
на тие таму горе
и зарем солзите мои
на нив им се драги
што стално ме праќаат
во времиња лоши?
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Маски

Пишување by keti Нед Апр 29 2012, 03:24

Нешто чудно е'
што се случува во светот
и се' некакви маски
се движат меѓу нас
а ние сме меѓу нив...

И дали ги препознаваме
кои се тие
и што се тие
и зошто се тука?

Весели се овие маски
и со шарени насмевки
обоени се тие
и добри намери
си имаат тие
и треба ли
да им се верува?
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Мојата цел

Пишување by keti Вто Мај 08 2012, 23:33

Дали ова беше само сон
и дали ова бев јас
и дали Јас бев таа
што како патник низ времето
најдоброто го барав
за себе и за сите!

И по чија волја беше
моето Јас да го сменат со Тие
за Тие со себе
се' да си земат
а јас само грижи
со себе да носам.

Лавовски срца се' беше тоа
со маски анонимни
што сокриваа лице
за бедните души
да ги фатат во мрежа
и памет да им земат
за да можат на тронот
тие да се качат.

А бедните души
сал во понори паѓаа
оти видот им беше земен
за да не видат маски,
а маските се анонимни
и со лавовски се срца
и бедните ги земаа
и во сон длабок ги праќаа
за со нивното Јас
на тронот да се качат.

И се' како илузија
на души им се виде
а не знаеа дека
сонот им е таков
и не знаеа дека
телата нивни
заспани се беа.

И кои беа тие
анонимни маски?
Тоа беше целта
што требаше да ја сватам
зошто волјата на Бог беше
вишното небо
јас да го дофатам.

Нека е Божјата волја
и нека се слави неговото име
на небото
и на Земјата.
Амин!
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Се' си е добро

Пишување by keti Чет Мај 17 2012, 03:24

Не сум Јас Јас
ако им подлегнам
на провокациите нивни
со кои сакаат
мене да ме рушат.

Но, си знаат тие
дека сум Јас Јас
посилна од се'
и високо на тронот
сега стојам Јас.

И ништо не е'
како тие што си сакаат
и се' си е добро
како Јас што си гледам.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Колку да се знае...

Пишување by keti Чет Мај 24 2012, 21:45

На својот престол

Бре, море, еј
што ти е на тебе
ти не си со сите ...
А зошто ти е тоа
кога ти си горе
а сите тие се долу.

И зошто сите
да ги носиш на грб
и да ти се товар!
Тргни ги од себе
и биди тоа што си
највисоко горе
на својот престол.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Чет Мај 24 2012, 21:48

Убава е поезијата нели!... Мож' некој сега и ќе го заинтересрира, па ќе стави едно like... trepka
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Чет Мај 24 2012, 23:25

palce
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Чет Мај 24 2012, 23:27

paga smea
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Чет Мај 24 2012, 23:27

kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Брзам

Пишување by keti Нед Мај 27 2012, 00:58

Ми велат дека
не сум таа што сум
и дека се' било
еуфоруја,
да се трпи
и лесно да се поднесе.

А тие не знаат
дека јас брзам
и брзам за што побргу
од хаосот да излезам
и својот сон
јас да си го остварам.
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet Нед Мај 27 2012, 02:15

taxi
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by keti Нед Мај 27 2012, 17:23

fala kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - 3 - Page 3 Empty Re: Поезија - 3

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот