РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
+5
keti
Кидман
trpe
Тото
Александра
9 posters
МЕКИЦИ :: СКОКОТЛИВО :: БРАК
Страна 4 of 7
Страна 4 of 7 • 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
Навистина така било,се што сме правеле ко деца ,нашите ни го враќаат.Се лутам на моите што не излегуваат од вода и се прејадуваат сладолед(јас па и мраз јадев)а мајка ми ми вели:-Не ми кажувај,иста жаба беше! За сестра ми па да не зборам.Кога ја гледам внука ми како сеуште им го наплаќа(во играчки и др.)секое одење на лекар или забар(овој им е 5-6-ти)како сестра ми да ја гледам. Како мали на стоматологија на клиника не носи мајка ми, и сестра ми кај не дава да и се приближат,уште вришти:-Нејќам црнецот!(имаше студенти странци)
the nurse
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
Голдини умре,бог да го прости,болен беше...и да нема плачки купив две нови.Доаѓаат мајка ми и сестра ми,ги гледаат и баба:-Рипчето се опраило? Да!-вели сестра ми-И се дуплирало!
the nurse
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
Во ова денешно модерно време, мир во куќа не може да има ако имате само еден компјутер
Да имаш само еден компјутер, тоа ти е исто како во голема куќа да имач само едно вц
Да имаш само еден компјутер, тоа ти е исто како во голема куќа да имач само едно вц
Кидман
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
Во денешно време се' помалку можеме да имаме влијание на децата во нивното однесување....А детето во видеото си е посебно надарено за музика и актерство...
keti
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
ја разгледував тетратката со рецепти од мајка ми
до насловот на еден рецепт за некој пилешки ролат, во заграда имаше напишано, Кидман го бендисува
ме разнежни... ех мајки...
до насловот на еден рецепт за некој пилешки ролат, во заграда имаше напишано, Кидман го бендисува
ме разнежни... ех мајки...
Кидман
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
На времето,само што го родив првиот син читав изјава од една хрватска водителка(која исто тогаш роди син):-,,Bit cu GROZNA svekrva!,,...и тогаш, и сега тоа ми звучи многу невкусно.Но,сепак има такви...ГРОООЗНИ...
the nurse
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
Нема шанси... П.С.Од сега ги учиме демек каква да одберат...прле се учи...магаре ќе биде касно.
the nurse
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
Ме гледа мајка ми како вежбам јога со децава, и загрижено:-Што правиш ма,ќе се шинеш така!
the nurse
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
Брачната двојка Бејтс од Тенеси, САД, толку многу сака деца, така што неодамна го прославила раѓањето на 18-то дете и веќе се подготвуваат за следното. Тие се надеваат дека еден ден ќе имаат најголемо семејство во светот.
keti
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
kaj sum smeel da mu kazam na tatkomi:ne mi vlagaj u soba .so zenskata sum.?????????
na oko
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
Се лути тренерот по карате зошто не е редовен.Има за учење го правдаме,ги расипа оценките , женски многу му одземаат време и внимание.
-Ааа,женски!Ако,така треба!-одма го оправда и тој.
-Ааа,женски!Ако,така треба!-одма го оправда и тој.
the nurse
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
бев кај мајка ми после работа, да си ги земам децата
тие си играа, мајка ми миеше тањири во кујна, па си седнав таму кај неа
и дури и раскажував како си го поминав денот,
таа си буцка нешто, ваму таму, лупи јаболка, цвекло, моркови, лимон, црц прц, ги измиксира и ми стави пред мене една чаша убав, свеж, полн со витамини црвен сок., без и да ме праша дали сакам, цело време внимателно слушајќи ме што зборувам
мајчичка...
тоа... ништо битно...
ме трогнуваат вакви работи
толку
тие си играа, мајка ми миеше тањири во кујна, па си седнав таму кај неа
и дури и раскажував како си го поминав денот,
таа си буцка нешто, ваму таму, лупи јаболка, цвекло, моркови, лимон, црц прц, ги измиксира и ми стави пред мене една чаша убав, свеж, полн со витамини црвен сок., без и да ме праша дали сакам, цело време внимателно слушајќи ме што зборувам
мајчичка...
тоа... ништо битно...
ме трогнуваат вакви работи
толку
Кидман
Re: РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
Постарите велат дека живеат за внуците. А убаво се сеќавам дека бегав од баба ми оти ќе ме излигавеше и налет такво чоколадо.
zbunet
Страна 4 of 7 • 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7
МЕКИЦИ :: СКОКОТЛИВО :: БРАК
Страна 4 of 7
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|