Поезија од Кети
+3
trpe
Александра
zbunet
7 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 3 of 16
Страна 3 of 16 • 1, 2, 3, 4 ... 9 ... 16
Re: Поезија од Кети
ВЕРУВАМ ВО НАС
Повторно и покрај се'
јас верувам во нас
и верувам во љубовта
и повторно ја барам вистината,
вистината за тоа
кои сме и што сме
и што треба да бидеме.
Вистината за нашето минато
за нашето постоење, тогаш и сега,
вистината за нашата иднина.
Нашата вистина се открива
и не' носи во друг правец,
правец спротивен на ветерот.
Не е она што сакавме да биде,
сакавме премногу
не добивме се'
но, не изгубивме ништо.
Тоа што постоело
се уште постои во нас,
тоа што го имавме
се уште го имаме во нас.
Ја посакавме љубовта,
тука е во нашите срца.
Повторно и покрај се'
јас верувам во нас
и верувам во љубовта
и повторно ја барам вистината
вистината за нас
и нашата иднина.
Повторно и покрај се'
јас верувам во нас
и верувам во љубовта
и повторно ја барам вистината,
вистината за тоа
кои сме и што сме
и што треба да бидеме.
Вистината за нашето минато
за нашето постоење, тогаш и сега,
вистината за нашата иднина.
Нашата вистина се открива
и не' носи во друг правец,
правец спротивен на ветерот.
Не е она што сакавме да биде,
сакавме премногу
не добивме се'
но, не изгубивме ништо.
Тоа што постоело
се уште постои во нас,
тоа што го имавме
се уште го имаме во нас.
Ја посакавме љубовта,
тука е во нашите срца.
Повторно и покрај се'
јас верувам во нас
и верувам во љубовта
и повторно ја барам вистината
вистината за нас
и нашата иднина.
keti
Re: Поезија од Кети
Света земја
Повеќе ништо не може
нас да не изненади,
спокојни сме, душички
и не чувствуваме страв.
Волја твоја остваруваме
заштитник си наш,
заштитник на свет народ
заштитник на света земја.
Можеби погледот е замаглен
но мислата е чиста,
ја препознава вистината,
вистината за нашето постоење
и таа треба да се осветли.
Не присвојувале и уништувале
и пак се возобновуваме.
Свет народ сме.
Сончева династија.
Ја бараме светлината,
добрината и творештвото
умот и разумот,
вербата во трагите
на предците и боговите.
Наш вековен заштитнику,
чувај го овој свет народ
чувај ја оваа света земја
чувај ја Македонија...
Повеќе ништо не може
нас да не изненади,
спокојни сме, душички
и не чувствуваме страв.
Волја твоја остваруваме
заштитник си наш,
заштитник на свет народ
заштитник на света земја.
Можеби погледот е замаглен
но мислата е чиста,
ја препознава вистината,
вистината за нашето постоење
и таа треба да се осветли.
Не присвојувале и уништувале
и пак се возобновуваме.
Свет народ сме.
Сончева династија.
Ја бараме светлината,
добрината и творештвото
умот и разумот,
вербата во трагите
на предците и боговите.
Наш вековен заштитнику,
чувај го овој свет народ
чувај ја оваа света земја
чувај ја Македонија...
keti
Re: Поезија од Кети
ДЕЦА БОЖЈИ
Ангелчиња мои мили,
толку невини и искрени
оставени на судбината,
без топла мајчина прегратка
и топол семеен дом.
Не бидете тажни
вие не сте сами
вие сте деца Божји ...
Верувајте во себе,
верувајте во добрината,
верувајте во луѓето хумани
кои ве згрижуваат
и од срце ви даруваат
мајчина и таткова љубов
безгрижно детство
и топол семеен дом.
Ангелчиња мои мили,
радувајте се на новиот ден
радувајте се на животот
и нека желбите ваши
станат реалност.
п.с Посветена на сите деца без родители, згрижени кај хумани луѓе во семејства и други институции...
Ангелчиња мои мили,
толку невини и искрени
оставени на судбината,
без топла мајчина прегратка
и топол семеен дом.
Не бидете тажни
вие не сте сами
вие сте деца Божји ...
Верувајте во себе,
верувајте во добрината,
верувајте во луѓето хумани
кои ве згрижуваат
и од срце ви даруваат
мајчина и таткова љубов
безгрижно детство
и топол семеен дом.
Ангелчиња мои мили,
радувајте се на новиот ден
радувајте се на животот
и нека желбите ваши
станат реалност.
п.с Посветена на сите деца без родители, згрижени кај хумани луѓе во семејства и други институции...
keti
Re: Поезија од Кети
Илузија
Заробена во ѕидините на разумот
и понесена од моќта
на струјата на компулзивни мисли
се вовлекувам во друг свет
светот на илузијата
и трагам по друга димензија,
димензијата на свеста,
сокриена во моето битие.
Мојата мисла не сум јас
илузија на разумот е,
колаж на фантазии
составен од зборови во боја,
уметничка слика
насликана од илузионист
со трикови несватливи за гледачот.
Мојата мисла не сум јас,
илузија на разумот е,
психичка слика
телепатски пренесена
до изворот на виша интелигенција,
господар на универзумот
творец на севкупното постоење.
И минатото не постои
не постои и иднината,
илузија на разумот се
ментална апстракција.
Постои еднинствено
моментот сега и овој,
каков е таков е
и не може да биде поинаков.
И моето постоење
е илузија на разумот,
но, и мислата на тебе
и средбата што никогаш не била
и вербата таа да се случи,
и вината што ја чувствувам
и сака да ме уништи,
и тајната за ангелот
што не смее да се открие,
но и стравот, кој
во љубов безусловна се претвори,
па и светот околу нас
и се' што не опкружува
се' е тоа ИЛУЗИЈА
доколку спротивното не се докаже...
А што до тогаш?
До тогаш постои
моментот сега и овој,
каков е таков е
и поинаков не може да биде...
Заробена во ѕидините на разумот
и понесена од моќта
на струјата на компулзивни мисли
се вовлекувам во друг свет
светот на илузијата
и трагам по друга димензија,
димензијата на свеста,
сокриена во моето битие.
Мојата мисла не сум јас
илузија на разумот е,
колаж на фантазии
составен од зборови во боја,
уметничка слика
насликана од илузионист
со трикови несватливи за гледачот.
Мојата мисла не сум јас,
илузија на разумот е,
психичка слика
телепатски пренесена
до изворот на виша интелигенција,
господар на универзумот
творец на севкупното постоење.
И минатото не постои
не постои и иднината,
илузија на разумот се
ментална апстракција.
Постои еднинствено
моментот сега и овој,
каков е таков е
и не може да биде поинаков.
И моето постоење
е илузија на разумот,
но, и мислата на тебе
и средбата што никогаш не била
и вербата таа да се случи,
и вината што ја чувствувам
и сака да ме уништи,
и тајната за ангелот
што не смее да се открие,
но и стравот, кој
во љубов безусловна се претвори,
па и светот околу нас
и се' што не опкружува
се' е тоа ИЛУЗИЈА
доколку спротивното не се докаже...
А што до тогаш?
До тогаш постои
моментот сега и овој,
каков е таков е
и поинаков не може да биде...
keti
Re: Поезија од Кети
Ах, тајни мои
Скриеното во мене
замаглено огледало е
разделено на парчиња
распрснати низ просторот
во миг кој не постои,
илузија е на стварноста
и бара иднина
целина да состави
и прав лик да покаже...
Скриеното во мене
на друг свет припаѓа,
свет поинаков од овој
и кој би можел да го разбере,
само поет со срце скршено
кој вечно бара
љубов изгубена...
И лицето со насмевка
маска е што болки крие
и бара исповед,
пред свет да се открие
и душа да смири...
Но разумот тајни
не открива лесно,
не сака печат
пред светот да носи,
па верен чувар
пред срцето стои
за рани да излечи
и душа да смири...
Ах, тајни мои
душа измачивте...
Скриеното во мене
замаглено огледало е
разделено на парчиња
распрснати низ просторот
во миг кој не постои,
илузија е на стварноста
и бара иднина
целина да состави
и прав лик да покаже...
Скриеното во мене
на друг свет припаѓа,
свет поинаков од овој
и кој би можел да го разбере,
само поет со срце скршено
кој вечно бара
љубов изгубена...
И лицето со насмевка
маска е што болки крие
и бара исповед,
пред свет да се открие
и душа да смири...
Но разумот тајни
не открива лесно,
не сака печат
пред светот да носи,
па верен чувар
пред срцето стои
за рани да излечи
и душа да смири...
Ах, тајни мои
душа измачивте...
keti
Re: Поезија од Кети
Ти си Светлина
Ти создаваш илузија
дека си нестварен,
нереален и измислен,
создаваш илузија
дека си дух невидлив
и дека не постоиш
и дека си мисла заробена
во ѕидини на разумот.
Но, јас те чувствувам...
Ти си дел од космосот
и присутен си тука,
во овој миг
и во секој миг
на моето постоење.
Енергија си која се движи,
енергија која патува
низ просторот и времето
и низ универзумот
и допира до мене...
Ти си стварност
ти не си измислен,
ти постоиш
и живееш во мене
и во срцето мое.
И не прашувам веќе
кој си Ти...
Сега знам.
Ти си мојот Бог...
Ти си мојата Светлина...
Ти создаваш илузија
дека си нестварен,
нереален и измислен,
создаваш илузија
дека си дух невидлив
и дека не постоиш
и дека си мисла заробена
во ѕидини на разумот.
Но, јас те чувствувам...
Ти си дел од космосот
и присутен си тука,
во овој миг
и во секој миг
на моето постоење.
Енергија си која се движи,
енергија која патува
низ просторот и времето
и низ универзумот
и допира до мене...
Ти си стварност
ти не си измислен,
ти постоиш
и живееш во мене
и во срцето мое.
И не прашувам веќе
кој си Ти...
Сега знам.
Ти си мојот Бог...
Ти си мојата Светлина...
keti
Re: Поезија од Кети
Мигот на радоста
Мојот свет духовен е
и во него јас постојам
во него и тебе те пронајдов,
во мигот на радоста
што душа моја исцелува
и со душа твоја спои
и светлината се појави
тагата во радост се обои
и светот од болка се спаси...
И овој миг на радост е
и во него јас постојам
и одамна го посакував,
миг е и на докажување
и во дело се претвора
во најубав сјај
пред светот се открива
и песна на радоста пее...
Овој миг, те молам,
не одземај ми го
сакам да му се израдувам
и што подолго нека трае,
до следниот миг
кој пак наш ќе биде
и ќе не потсети,
патот да го продолжиме
патот што заедно го започнавме...
Мојот свет духовен е
и во него јас постојам
во него и тебе те пронајдов,
во мигот на радоста
што душа моја исцелува
и со душа твоја спои
и светлината се појави
тагата во радост се обои
и светот од болка се спаси...
И овој миг на радост е
и во него јас постојам
и одамна го посакував,
миг е и на докажување
и во дело се претвора
во најубав сјај
пред светот се открива
и песна на радоста пее...
Овој миг, те молам,
не одземај ми го
сакам да му се израдувам
и што подолго нека трае,
до следниот миг
кој пак наш ќе биде
и ќе не потсети,
патот да го продолжиме
патот што заедно го започнавме...
keti
Re: Поезија од Кети
Светилник
Сега јасно гледам,
ги гледам плодовите
кои на дрво натежнале
и гранки превиткале,
созреани се и сочни
и бараат да ги вкусам...
Треба добро да се потрудам
за скали да накачам
и плодови да наберам ...
Безброј скали има
но, јас врвот го гледам
и не ми е тешко, не'...
Мислев срце камен се сторило
од преголема тага и болка
за загуба што не се заборава.
Јас само мислев
и во немирно море пловев
со ајкули се борев
и од бродолом се плашев,
но, кормило цврсто држев
за правец да не изгубам
и во длабочини исчезнам...
А ти...
Ти мој светилник беше
и бродот мој го водеше
со бранови силни се бореше
и низ опасни карпи
до брегот ме донесе...
Твоја заслуга е ова
и сега
не ми е ништо тешко, не'...
Сега јасно гледам,
ги гледам плодовите
кои на дрво натежнале
и гранки превиткале,
созреани се и сочни
и бараат да ги вкусам...
Треба добро да се потрудам
за скали да накачам
и плодови да наберам ...
Безброј скали има
но, јас врвот го гледам
и не ми е тешко, не'...
Мислев срце камен се сторило
од преголема тага и болка
за загуба што не се заборава.
Јас само мислев
и во немирно море пловев
со ајкули се борев
и од бродолом се плашев,
но, кормило цврсто држев
за правец да не изгубам
и во длабочини исчезнам...
А ти...
Ти мој светилник беше
и бродот мој го водеше
со бранови силни се бореше
и низ опасни карпи
до брегот ме донесе...
Твоја заслуга е ова
и сега
не ми е ништо тешко, не'...
keti
Re: Поезија од Кети
keti напиша:Светилник
...
Ти мој светилник беше
и бродот мој го водеше
со бранови силни се бореше
и низ опасни карпи
до брегот ме донесе...
Твоја заслуга е ова
и сега
не ми е ништо тешко, не'...
дај боже се` така да те држи верата и вербата
Александра
Re: Поезија од Кети
Мојот свет
Верувам во човекот
и неговата добрина,
верувам во разумот
ослободен од стеги,
верувам во срцето
отворено за љубов,
верувам во љубовта
која чуда прави,
верувам во надежта
за посветла иднина,
верувам во мудроста
верувам во светлината
верувам во се' добро.
Со верба
го градам мојот свет
и создавам свет
подобар и поубав
за живеење...
Верувам во човекот
и неговата добрина,
верувам во разумот
ослободен од стеги,
верувам во срцето
отворено за љубов,
верувам во љубовта
која чуда прави,
верувам во надежта
за посветла иднина,
верувам во мудроста
верувам во светлината
верувам во се' добро.
Со верба
го градам мојот свет
и создавам свет
подобар и поубав
за живеење...
keti
Re: Поезија од Кети
Идеја кодирана
Други светови беа тоа
сега се траги од минато наше
честички се ситни од далечни ѕвезди
светови кои не постојат веќе.
Сега сме само ние
оставени сами на себе
и пак сме две души сродни
со кодирана идеја во потсвест.
Ние клуч треба да најдеме
за идеја да оствариме
и подобар свет да изградиме.
И сега молитва јас ти праќам
остани овде со мене
твојата љубов ми треба
душата да ми ја стопли
и срце мое да отвори,
клуч за кодот да најде
за идеја да оствари.
Новиот ден се буди...
Други светови беа тоа
сега се траги од минато наше
честички се ситни од далечни ѕвезди
светови кои не постојат веќе.
Сега сме само ние
оставени сами на себе
и пак сме две души сродни
со кодирана идеја во потсвест.
Ние клуч треба да најдеме
за идеја да оствариме
и подобар свет да изградиме.
И сега молитва јас ти праќам
остани овде со мене
твојата љубов ми треба
душата да ми ја стопли
и срце мое да отвори,
клуч за кодот да најде
за идеја да оствари.
Новиот ден се буди...
keti
Страна 3 of 16 • 1, 2, 3, 4 ... 9 ... 16
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 3 of 16
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|