МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПРОЗА

+6
alisa
Кидман
trpe
Тото
fragola
zbunet
10 posters

Страна 7 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Пон Ное 01 2010, 21:21

Ма луда е гарант. Само таква би се залетала така по мене ПРОЗА - Page 7 104553
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Пон Ное 01 2010, 21:22

paga smeaТаа си знае...и ти исто.
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Пон Ное 01 2010, 22:28

...седев потпрен на некое дрво. Беше тишина и некакво лето додека зјапав во досадно зеленило и некои облаци. Си врвеше времето, а немав појма каде да се упатам, сеуште беше рано за било што.
Некоја кукавица ми се паркира на дрвото на кое бев потпрен и почна да кука. Погледнав нагоре и и’ опцув мајка, ми џитна бел проектил. „ Е сеа ќе вииш “ и тргнав по камен. Најдов еден и нормално промашив, мирно се префрли на соседната гранка. Го подигна едното крило, ми се причини дека ми вели дека не сум токму.
Повторно се потпрев на дрвото намрштено мумлајќи. Го побарав валканиот тефтер и со пенкалото продолжив да тупкам кај првата реченица демек замислено во далечина, а всушност празноглаво како да имав огромна дупка во главата и биеше силна промаја.
- И што ако напишеш? - проговори кукавицата.
Уфф, уште тоа ми фалеше, пернато дрндало.
- Ај бе глеј си работа и мавни ми се оттука! - продолжив да гледам во досадната далечина.
- Хаха, само ти ќе си го читаш како и досега! - слета до мене и ја накриви главата за да ме погледне подобро.
- Еј, ќе те мавнам, тргни ми се одтука! - ја подигнав раката заканувачки и ми падна пенкалото.
Го грабна пенкалото со клунот, летна и повторно слета на гранката од дрвото каде не можам да го дофатам. Станав и почнав да се дерам :
- Абе врати ми го пенкалото, бе мајмун еден!
- Покорисно е јас да си играм со него отколку ти да пишуваш, и не сум мајмун туку птица, збунет еден.
Се вртев наоколу да барам камен пцуејќи под брада.
Земја и прашина ме плесна по лицето од кочење на зајачки шепи.
- Ај сега и ти, баш уште и ти ми фалеше ! - меѓу забите ми крцкаше понекое зрнце песок.
- Абе брат, шо одма се лутиш, ја само да те поздравам - почна со ногата да се чеша зад ушите.
- Да бе, да ме заебаваш како и секогаш, ушлар еден!
Зајко погледна нагоре и ме праша:
- Шо си лут на кукавицана?
- Па ти се’ мора да знаеш!
- Што и’ е тоа во клунот? - и почна да се смее - Ти го зела пенкалото, абе кој стигне те заебава. - седна смеејќи се’ лупаше со задните шепи по земјата - Да бе, ти за себе мислеше дека си поет или нешто слично, така? - почна да се смее на цел глас.
Пробав да го шутнам, знаев дека ќе го промашам како и секогаш, за миг се најде подалеку од мене, продолжи да се смее. Подзастана како да се сети нешто и отрча до тефтерот, го зема со предните шепи:
- Сакаш ортаци да бидеме? Не, ќе те менаџираме, шо викаш, а? - и’ намигна на кукавицата горе на дрвото.
Погледнав во часовникот, дојде време да си одам.
- Ма стајте си ги тефтерот и пенкалото у...
- Види го ти сега, ние да ти помогнеме, а ти веднаш со пцуење - ме прекина зајко.
- Море манете ми се - тргнав да си одам.
Зајко се најде до мене пратејќи ми го чекорот на безбедна раздалечина.
- Брат, да си збориме реално, за меѓу луѓе не те бива, а да пробаме да те промовираме меѓу животните, шо викаш, а? Ќе ти сторам јака реклама, брз сум и ќе те чинам само кило моркови, и нешто ситно на смотанана кукавица. До толку можеш да си дозволиш. Ти гарантирам дека повеќе ќе бидеш забележан.
- Море гони се - процедив гневно и го забрзав чекорот.
Дупката во главата како да ми се затвори додека ги изминував последните дрвја од шумата и повторно си бев јас, тој истиот.
Само една мисла ме вознемируваше, затоа што ја потиснував ми се појавуваше на делови. Воздивнав и ја пуштив целата да ми се појави меѓу мислите. Велеше :
„ Можеби зајко е во право “...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман Пон Ное 01 2010, 23:10

ПРОЗА - Page 7 Who_framed_roger_rabbit_auto_sun_sheild_1989_010810_b
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Чет Ное 04 2010, 12:59

... те водам за рака низ другата димензија, се плашиш, се вртиш зад себе, но излезот исчезна, останав само јас, ми веруваш, но не до толку, ова се други простори.
Се наоѓаме во невидливиот дел од спектарот на егизстирање, за досегашниот свет сме невидливи. Те плаши како минуваме низ светот како ветерче, низ сите оние кои ги познававме чии мисли и намери се судираат со тебе додека се устремуваат кон својот пат или јалово венат уште на самиот почеток. Ме погледнуваш и ја гледам твојата мисла како облаче над твојата глава ми се прикажува, се насмевнувам :„ Да го запознаеш човечкиот свет не е лесно, треба време за да се навикнеш додека гледаш како твоето сваќање за светот се руши пред твоите очи, до последна цигла“.
Се плашиш дека нема повеќе да постоиш, грчевито ми ја стискаш раката: „ Што ми направи?“
„Ти давам избор“, мојот поглед те вознемирува, заменет е сјајот. И се’ што познаваше стана само сенка.
Се појавија сите корени од сите случувања, сите постоечки сфаќања ја твореа маглата која го сокри небото од нашите очи, а околу нас шума поплавена од океан. Секое дрво имаше сенка, а кога случајно ја допре сенката ти се стори лигаво и лепливо чувство, такво беше нашето постоење, секое збиднување се лепи за нашите чувства и не не остава избор за сомнеж или поинакво разбирање.
„Те молам врати ме, ова е твое сфаќање, ова не може да постои ! “, се вртиш наоколу избезумено, климнав со разбирање, тажниот сјај во моите очи се врати, според него се ориентираше, ти беше познат.
Те оставив во близина на твојот дом, чучната до дрвото на кое како малечка ги резбаше твоите желби со иницијали. „ Не можам повторно да бидам малечка“, шепкаш тивко со лицето сокриено во твоите дланки „ И повторно да го запознавам светот“.
Се исправаш и се упатуваш кон добро познатиот свет во кој тоа кое го нарекуваш дом те чека кој ќе те стопли со веќе познати надежи и желби, но со еден црв на сомнеж во кој ја оставив мојата последна порака до тебе:
„ За да ја сфатиш љубовта треба да го измениш досегашното сфаќањето за светот...немаат никаква сличност... љубовта не е дојдена од светот за кој знаеш“...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Чет Ное 04 2010, 22:49

ПРОЗА - Page 7 Angel
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Чет Ное 04 2010, 23:05

ПРОЗА - Page 7 HealingTouch
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by keti Чет Ное 04 2010, 23:08

...Ме водиш за рака низ друга димензија, се плашам, ти верувам, но не до толку, зошто си фантазија, имагинација, идеална замисла или појава, едноставно утопија...
Ми ја откриваш твојата моќ, огромна е, преобразува се’ пред себе, ги руши сите бариери на личноста.
Ми го покажуваш патот до дрвото на мудроста и ми ги даруваш најубавите плодови во кои се кријат слатките сокови на знаењето.Ми ја отвараш вратата на убавите зборови, кои беа заспани во мојата потсвест, од премногу грижи, напнатост и болка. Се појави и виножитото украсено во разновидни бои кои почнаа да се разлеваат по површината на белиот лист хартија, формирајќи реални слики и цртежи...
Твојата емоционална енергија почна да вибрира во секоја ќелија од моето тело, стимулирајќи ја точката на страста, која конечно го пронајде својот сојузник-љубовта. Универзалната животна енергија го исполни моето духовно тело, ги растера облаците од магла и пред мене се појавија нови видици.
Ги освоив највисоките врвови кои нудеа величествен поглед на светот, ги прошетав најубавите плажи на космичките езера и таму ги видов нашите астрални тела кои се капеа во свежината на брановите, опиени од убавината на живописниот пејсаж...
Не чувствував повеќе страв, ја чувствував само твојата топла прегратка и твојот допир кој како благо ветре го милуваше моето лице.
Ми подари бели крила, велиш си ги чувал за мене. Ме преобрази во ангел, иако, признавам, се уште не ми е позната содржината на овој подарок. Но, ја знаеш мојата љубопитност, па, почнав да го разоткривам подарокот, почнувајќи од украсната хартија.
Не те барав...Се појави случајно...Ги препознав твоите очи и во нив ја видов среќата, радоста, мојот живот. Го видов принцот од моите соништа, од времиња познати, но толку далечни...Се израдував на мислата која се појави...Допатувал во мојот свет за да ми пренесе порака, да ми ја открие вистината и осветли иднината...
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by Александра Пет Ное 05 2010, 00:44

guska se klanja
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Вто Ное 30 2010, 21:19

...силна е струјата која ме влече во правецот на текот на реката. Повиците од другата страна на реката ечат во моите уши, замавнувам, но се враќам назад. Лути извици полни осуда допираат до мене. Како наредба да бидам некој кој не сум, беспомошно гледам кон водопадот кој ме влече и кој потоа се поврзува со широкото море, рацете уморно ми плескаат по водата,
Фрлено јаже кон мене, но не може да ме достигне, премногу сум одалечен, струјате е безмилосна. Се појави некоја подводна карпа за која се фаќам, но за кратко, знам дека ќе мора да ја пуштам наскоро. Премногу лизгава и со оштри ивици заради кои дланките почнуваат да ми крварат. Звукот на шуштењето на водопадот е заглушлив и неумолив во својот гладен повик до мене. Во далечината кон брегот се гледаат само ситни силуети кои мафтаат со рацете.
До мене нешто плеска во водата, морски сирени ме обиколија. Нежно ме допираат по рацете со кои се држам за карпата, ништо не говорат, само се смешкаат. „ А како и ќе говорат, кога ми се причинуваат“, си велам во себе, но глас не можам да чујам од мојата уста заради бучавата.
„ Опушти се, твоето време е дојдено“, некоја мисла ми се појавува која не можам да ја препознаам како моја и очи со боја на морска длабочина ми се приближуваат поблиску. Заборавам каде сум како ме облива топлина која се одбива од лице осветлено од сонцето и паниката исчезнува, сфатив дека не се тука да ме спасат, бар не на оној начин на кој посакувам во моментов.
Даден ми е избор : Да се опуштам и да бидам тоа за кое сум предодреден или да се удавам во водопадот каде чекаат уште подводни карпи да се нахранат со мене.
Болката од острата карпа која ми го раскинува месото од дланките е неподнослива, во моите гради се спрема последен крик.
Со крикот кој ја надгласува и бучавата на водопадот го изустувам и мојот избор. Ја пуштам карпата и се опуштам кон струјата...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Вто Ное 30 2010, 23:15

ПРОЗА - Page 7 Wasserwesen3
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Чет Дек 02 2010, 18:18

Си беше едно село каде не знаеа што сакаат.
Секогаш нешто бараа, врескаа упорно еден по друг, но никогаш ништо не добиваа. Беа несреќни и се обвинуваа меѓусебно, секогаш некој друг беше виновен, а кога се разминуваа по улица најчесто ја вртеа главата ма друга страна.
Братот си бараше пари за сирењето, но сакаше и да му остане, другиот сакаше да го земе сирењето, ама пари не сакаше да даде. Селоначалникот секогаш кажуваше работи кои не ги мисли и се лутеше кога ќе го сменеа, а селаните очекуваа некој друг да засука ракави и мрзливо одбираа следен.
Бараа и љубов, но секој поинаку ја замислуваше и правеше свои филмови, забораваа дека тие се само во нивната глава и се лутеа зошто другиот не може да ги види, меѓусебно се обвинуваа и се нарекуваа слепци. Знаеа дека љубовта и правдата се слепи, но очекуваа во нивниот случај да прогледа, секој се чувствуваше посебно посебен и дека ја разбрал пораката на животот, но ја немаа потребната шанса, секогаш некој друг ја имаше.
Секој кој кажуваше работи кои се спротивни на нивните убедувања, беше прогласуван за непријател, а секој оној кој полузаспано климаше со главата, мислеа дека ги разбира и му раскажуваа од своите прикаски од кои полесно заспиваше.
Секогаш нешто им фалеше и обвинуваа некој друг дека им го земал, дека се жртви на тајни заговори баш против нив, мислејќи дека сите мислат само на нив со завидливост и љубомора. Никогаш немаа покритија за нивните обвинувања, во секоја глупост наоѓаа логика која ги поврзуваше.
Сега тоа село не постои, но селаните сеуште не сфаќаат дека ги нема, екот на нивните огорчени гласови сеуште се одбива од блиските планински врвови. Екот не може секој да го чуе, туку само кој е невнимателен и ја преминува границата пред која стои веќе избледена табла за забранет престој на ова подрачје мислејќи дека ќе открие некоја тајна која е заборавена. Некои кои мислеа дека тоа кое е заборавено има некоја древна мудрост, а мудроста не се заборава, туку само лошите спомени.
На местото се забележуваше ехото и љубопитниот најчесто беше некој за себе мислеше дека е непризнат и недоволно вреднуван во светот каде постои и се надеваше дека тука ќе ја добие некое предимство. Ќе застанеше на среде забранетото подрачје и ќе викнеше гласно прашувајќи кој е и кое е неговото место во светот.
Духовите од минатото кои не сфаќаа дека веќе ги нема помислуваа дека тој е нивната шанса и му говореа преку ехото колку е тој посебен и нема никој како него убедувајќи го во неговата незаменливост и да им дозволи да влезат во него. Беа неуморни во фалбите и беше премногу слатко да се слушаат. Немаше таков кој можеше да им одолее затоа што го говореа тоа кое одамна сакаше да го чуе.
Од забранетото подрачје на ехото тој излегуваше како многу поинаков човек кој веруваше дека е цар на светот, најмудриот и најхрабриот.

Еден од ангелите кои деноноќно го прегледуваа светот преку своите облачести монитори воздивна разочарано и го зема моливот да запише. Соседниот ангел прашално го погледна.
„ Абе уште една будала, и кај ме наоѓаат на крај од смена, треба сега реферат да пишувам затоа што сега треба да предвидувам какви глупости ќе прави мислејќи дека е нешто посебно “.
„ А да, тоа за дипломска ти беше“, рече другиот ангел и почна да се смее загледувајќи се во мониторот. „ Овој бајаги удрен ми изгледа, ќе имаш доста за пишување“...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by Emily Чет Дек 02 2010, 20:37

...hmmm....ne e lesno da se najde svoeto mesto.... misli

...mi se dopaga.. 10 flower
Emily
Emily


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Чет Дек 02 2010, 20:45

fala pile
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Пет Дек 03 2010, 14:34

Додека жуборкаше поточето седев на каменот и гледав како некоја риба залутана брза кон реката. Плесна со перката по водата и капки го оросија моето лице. Сончевите зраци ги допираа капките на моите трепавици и правеа минијатурни виножита. Заслепен од бои, но се обидував да не трепнам за да ги задржам, но како и се’ друго, никогаш не успевав долго. Трепнав и погледот ми се разбистри како наидуваше сенка над мене.
Пред моите очи се појавија женски колена, кожа како свилена, мами како за допир со усни, нешто погоре и бело лесно сукњиче се мрешка на ветерот, доле меки бели чизмички. Голо стомаче и гради покриени со истата белина. Ја исправив главата, но затрепкав заради ликот со долга коса со боја на сонцето кое блескаше зад нејзината глава. Ги познавав тие румени усни подотворени и белината на запчињата меѓу нив. Ме помилува по главата, се тргнав наежено и продолжив да гледам кон далечината, меѓу прстите кинев некоја тревка.
„ Немаш друга работа?“, проговорив, а таа седна до мене затоа што каменот беше поголем, откривајќи ги раскошните бутини како и процепот меѓу градите кој се рашири. Мојот поглед почна да шара по нејзиното тело, таа се насмевна погледнувајќи ме со очите со боја на небото, лизнувајќи ги усните и тие влажно засветкаа.
Ме прегрна молкум со едната рака и ги рашири белите крила истегнувајќи се. Некое време молкум неодредено гледавме кон далечината.
- Знам, знам, се заебав, нема друга како тебе, ама ти си ангел и глупава е секоја споредба - проговорив играјќи се со тревката меѓу усните.
- Ти ме направи ангел, се сеќаваш? - ми одврати, а низ нејзиното око помина темно облаче - И сега ме отфрлаш.
- Јас не сум ангел, работа ми беше да те потсетам која си, по тебе веќе не можев да продолжам да работам.
- Значи ме сакаш? - ме погледна најпредизвикувачки што знаеше, од грлото ми избега пригушен звук кој не можеше да ја прикрие страста.
Се повратив и стакласто продолжив да гледам во далечината, собирав сила да го изговорам:
- Не!
Фркна разлутено, се исправи, брзо со очите прошетав низ нејзиното тело како да сакам на брзина да се нахранам, беше неодолива и кога се лутеше. Набргу беше меѓу облаците, најголемиот ја сокри од мојот поглед, ми се чинеше како да е ѓаволски накезен.
Гледав кон небото мрморејќи „ Кога ќе дојде моето време да заминам од овој свет, ќе се вратам да бидам тој кој си бев...Пегаз...
Една кобила со крила прелета блиску над мене испуштајќи поздравен звук. Ја познав и и’ пратив бакнеж, само толку можевме. Не сум ниту за меѓу нив, ниту за меѓу луѓето додека да дојде моето време, на изглед сум човек, во душа коњ, со крила, ама сепак коњ...

zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман Пет Дек 03 2010, 15:41

Фркна разлутено, се исправи, брзо со очите прошетав низ нејзиното тело како да сакам на брзина да се нахранам, беше неодолива и кога се лутеше.
ааааааааа.... ова некојимпулсивен ангелПРОЗА - Page 7 762431
дал е ангел, дал е ѓавол...
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Пет Дек 03 2010, 16:24

ПРОЗА - Page 7 Images?q=tbn:ANd9GcSbbU4OsxBY1l-hb6vuYFquzdKqmhJiN7SELicQBWhGTN0TuK_Bzw
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Чекална

Пишување by zbunet Саб Јан 01 2011, 05:42

...треснав на меката земја, зад мене завеса од светлина се затвараше. Долниот дел од телото ми беше сеуште во светот од кој бев исфрлен, процепот престана да се стеснува.
Лежејќи на стомакот ја подигнав главата и со едната рака поминав преку лицето за да ја отргнам калта од лицето и очите.
Прво ми се појавија сјајни ѕвезди на ноќното небо, полна месечина и тивка мелодија од харфа. Го спуштив погледот кон крошните, па се’ до подножјето јасно осветлено од месечината.
Мирно и проѕирно езерце без ниеден бран како прекривка врз некој кој мирно спие иако Пегаз пиеше од водата повремено погледнувајќи кон свирачот во сенката од дрвото кој нежно и полека минуваше низ струните.
Коњот зар’жа накострешен барајќи ме со поглед. Кога ме виде така легнат на земјата испушти висок звук, а харфата ја прекина својата мелодија и свирачот се појави на осветлениот дел.
Се појави долга коса, нежно лице и вонземаско женско тело со крила на грбот. Го допре Пегазот за гривата за да го смири, ме погледна изненадено и се упати кон мене. Следниот миг гледав во тие совршени стопала додека стоеше над мојата згрчена фигура. Проба туркајќи да ме врати во светот од кој бев отфрлен, во меѓувреме ме погледна во очи и се предомисли.
Ме повлече кон неа како играчка и зад мене процепот од светлина со олеснување се затвори. Ме донесе до езерцето не изустувајќи ни збор. Лежев потпрен на лактите и се соочив кон лицето кое ме гледаше од водената површина кое би требало да биде мојот одраз. Не го препознавав. Таа климна со главата.
Нурнав со главата за да се освежам, но таа ме турна одзади и целосно се најдов во водата. Почнав исплашено да мавтам со рацете обидувајќи се да пливам, но немаше потреба, водата скоро веднаш ме исфрли на површината. Станав и се исправив чудејќи се затоа што не бев ни најмалку мокар и на свежината која ме обли.
Таа ме гледаше смешкајќи се како да ме познава. Ме фати за рака, а со другата повторно го отвори процепот од светлина кој беше врата до светот од кој бев дојден. „ Треба таму да ме чекаш “ проговори без да ги движи усните „ Твоето време сеуште не е дојдено“. Ја погледав со молба во очите за да се предомисли...

Бар знам зошто овој свет ме отфрла, сега не ми е тешко да чекам, иако сите знаеме колку може биде неудобно да се чека во чекална...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Саб Јан 01 2011, 05:56

ПРОЗА - Page 7 Overstockart_1897_41244045


Последната промена е направена од hot nurse на Саб Јан 01 2011, 16:56. Мислењето е променето 1 пати
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by Александра Саб Јан 01 2011, 13:58

zbunet напиша:...

Бар знам зошто овој свет ме отфрла, сега не ми е тешко да чекам, иако сите знаеме колку може биде неудобно да се чека во чекална...

tazen и сеа ова добро е или лошо е?

јас кога чекам во чекална, најчесто не стигнувам на ред, од оние што влегуваат преку ред ceka
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман Саб Јан 01 2011, 14:14

Тешко е чекањето
потешко од преместување намештај
се чувствуваш глупаво
како кога се бакнуваш со некого во образ, па не знаеш кога да запреш
два пати... три пати...

Додека чекаш,
се заробуваш себе си во своето тело и го тераш да седи
на пластично столче кое ти ги кине хулахопките
до тебе седнува дебела баба и испушта - Ох...
(вредна баба, стасала и да зготви од сабајле)
се молиш во себе да не почне да ти раскажува од што е болна
но денес не ти е среќен ден.
Млада мајка го плеснува своето дете
оти кемка без врска и ја срами пред луѓето
Сакаш да ѝ речеш да си го гушне и да го гали
така и двајцата ќе се смират
ама не ѝ велиш
страв ти е да не ти одбруси дека не е твоја работа
личи на дрска
и затоа ја оставаш да го плесне пак.
Си ги замислуваш твоите деца,
ти никогаш (до толку) не губиш трпение пред нив
за момент лагата те прави горда на себе

Мозокот почнува да врти во круг
недефинирани фрагменти од изгубени мисли
спинално, неразбирливо...
за да го сопреш, стануваш и почнуваш да чекориш
Бал, Балтазар...
ти се извалкале чевлите
зошто облече бела јакна за вакво валкано место?

Уф колку е тешко чекањето
Или не е? Или сум јас само разгалена?
Ма се` е тоа прашање на перцепција
како и се` друго
како и неговата неприсутност тука
како и поимот ,,позитивни резултати,,
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by Александра Саб Јан 01 2011, 14:25

убаво е да бидеш разгален. значи дека де галеле и луѓето и животот flower
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман Саб Јан 01 2011, 14:57

се' е тоа прашање на перцепција, драга flower
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by Александра Нед Фед 13 2011, 14:17

Неделна прошетка низ предградието

Зимското сонце се лелее помеѓу доброутро и добарден. Меѓу домаќински избелените куќички со уредни градини горделиво се змиули чиста асфалтирана улица.
На левата страна, витален седокос старец со сигурна рака ја крева секирата, го расцепува трупецот, па ја поднаместува поголемата половина и продолжува понатаму.
Во следниот двор, искусна женска рака на едната жица оптегнала бели чаршафи и калапи за перници, а на другата, војнички подредила гаќи од максималки до минималки. Со сигурност може да се заклучи дека семејството го чинат шест члена, три генерации.
Десно, наведната млада жена во тренерки, со енергична посветеност мете со кратка метла. Во другата рака подготвено го стега ѓубралникот. Косата и е собрана со црвено ластиче. Свртен со грб кон неа, потпрен на стебло од стара виновата лоза што на лето ќе го засенува дворот, пуши млад човек во ефтин темен костум. Отсутниот поглед го упатил кон покривот две куќи подолу отспротива.
Таму, на рамно цементираната патека помеѓу темните свежо ископани леи, задоволно истегнато дреме влакнесто куче со медена боја. Црно-бел мачор претпазливо го заобиколува, недоверлив кон рамнодушноста на медениот, кој мрзливо ги подотвора очите за момент и потоа продолжува понатаму...

Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Нед Фед 13 2011, 17:03

palce se klanja
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 7 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 7 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот