МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПРОЗА

+6
alisa
Кидман
trpe
Тото
fragola
zbunet
10 posters

Страна 3 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Саб Апр 17 2010, 01:34

...додека гледам низ прозорецот кон уличните светла, додека капат дождливите капки, некоја се обидува да ме допре, но само со тивок шум ќе се разлие на стаклото пред моите очи. Се отвара пред крајот како да ми открива некоја тајна, гласно излегува водух низ моите ноздрви, како и секогаш ништо не разбирам, како и секогаш помислувам на мојата смртност која секогаш се подсмева на желбата за бесмртност. Што е бесмртност ? Дали е воопшто важно дали имало смисол нашето постоење ? Едноставно постоиме, доволно е. И да не постоиме, само да замислуваме дека постоиме, ништо не менува.
Додека се превртува во креветот зад мене со нејзиното заспано голо тело, некоја од уличните светилки ја осветлува нејзината града. Пружам успорена рака за да ја допрам, го чувствувам нејзиното срце додека брадавицата се укрутува под мојата дланка. Мирувам со затворени очи, ги бркам сите прашања од моите мисли, замислувам нирвана, немирот кој не престанува да струи низ мене ми кажува дека далеку сум од помиреност со светот. Знам дека лежи отворена пред мене и дека не би имала ништо против да створам нов живот во неа, само треба да се опуштам и да се излијам како сребрена река, за потоа да засвети додека го гали моето задишано тело во знак на благодарност, знаејќи дека ќе ја сочувам по секоја цена.
Сеуште сум со раката на нејзината града, ги отворам очите и со другата рака почнувам да го чешлам воздухот кој го допира нејзиното тело, секоја болка ја лечам на тој начин, ќе се разбуди исцелена од секоја грижа.
Нејзиниот здив се смирува до незабележлив, грчот исчезнува од лицето, почнува да свети во полумрачната соба, илузијата на важното и неважното тонат во сенка.
Сеедно е дали постоиме или не, нешто има, а можеби и не, нека е, како е, доволно е...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Чет Мај 06 2010, 02:45

... додека спиеш со долгата коса распослана низ јастукот на кој наскоро ќе ја ставам и мојата тешка глава полна со збунети мисли, ќе ме смири мирисот на спокојот заедно со твојата рака која самостојно веднаш ќе се најде на моето вознемирено тело минувајќи низ него барајќи ги лошите енергии за да ги пригуши и направи беспомошни.
Моето постоење ти го должам на секаков начин, јас сум само палаво кутре кое секаде ја пика муцката и потоа цвилејќи доаѓа покажувајќи ти ја ранетата шепа. Крупни женствени очи со својата благост го разгалија детето во мене, само вреска трчајќи како индијанец околу тебе и цело време вели „ Види ме, види ме! “, а потоа ќе ти се свие во скутот додека го допираш за да провериш колку е испотен. Ги допира усните до твоите образи створени за бакнежи. Додека ни’ се спојува погледот се претворам во прегладнет строен маж, посегнувам по тебе како избезумен војник повратник по многу години кој не допрел женска рака, скокотливо се смееш испрекинато спомнувајќи дека не е ни’ место ни’ време, знаеш дека нема да обрнам внимание ниту на времето, ниту на просторот...
Додека спиеш правам фигури со дланките кон ѕидот каде паѓа сенката, правам шатка, правам човече со голем нос и шапка...ги споредувам со сенките на мониторот, нема разлика.
Од крупни очи се одбива светлината, отворени се, се смешкаш и чекаш да завршам со мојата игра со сенките, секогаш е така, сенките нема што да понудат, а ти имаш. Тоа околу тебе не е аура, тоа е облак, ајде да лебдиме...„ А може бар еднаш да плукнам на мравките под нас ?“...„ Добро ма нема, умен ќе бидам...ама бар еднаш, а ? “ ...„Ау ! Нема, нема...ај да се гушкаме додека лебдиме на облакот“...„ Ама многу ќе те галам и може да ти се слоши“...„ е сега ќе вииш “...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by fragola Чет Мај 06 2010, 18:57

ПРОЗА - Page 3 Fairies-5-1

ПРОЗА - Page 3 677541 ПРОЗА - Page 3 86131
fragola
fragola


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Чет Мај 06 2010, 19:17

ПРОЗА - Page 3 125943 ПРОЗА - Page 3 438648
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Пет Мај 07 2010, 17:13

... додека низ темни сокаци моите чекори го пратат тактот на мелодијата која те означува во мојата свест, мелодија самостална, фасцинирачки ми ги претвара очите во ѕвезди вперени кон небото каде им е местото како дел од соѕвездието кое го има обликот на твојата фигура со рака посегната кон мене; кон која страна на светот и’ да се свртам, ме допираш. Го шепкаш моето име низ ветерот кој ми ги скокотка ушите и ми ја мрси косата, судбината со задоволство ја исполнува нашата единствена желба и ми ја гали душата ; моите чекори спокојно пеат по влажниот плочник повторувајќи го твоето име како рефрен од еден збор, ги занемаруваат другите зборови и со зборот се исполнува цела мелодија.
Твојот лик како ноќна пеперутка поигрува пред моите очи вперени во мислите - те прогонувам со бакнежи, се изморуваш и се одмараш на моите рамена префлајќи се од едно на друго, те повикувам на игра без граници до самиот крај на врелата и влажната мекотија нераскинливо залепени од каде преоѓаме во сонот во кој сме свесни само еден за друг. Само заедно можеме да стигнеме подалеку од било чиви сваќања, па и од нашите додека чекориме смело таму каде никој не бил ; затоа постои ноќ и ден, небо и земја, две раце водени од две очи кои нема да те испуштат од својата силна прегратка, никогаш.
Веќе не чекорам, прелетувам низ ноќта која е ден исполната со сенки, веќе не размислувам додека ги гледам вистинските бои на светот додека сивилото се разобличува и се претвара во магла која се повлекува и заминува да покрие други несозреани погледи, веќе не сум јас додека гледам како се претварам во тебе, како се гледам во тебе, погледни, светот не е веќе истиот, овој е исполнет со ѕвездени патишта...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Чет Мај 13 2010, 22:32

,,ABOUT LOVE AND THE OTHER DEMONS ,,G.G.MARKES(CAROT)
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Саб Мај 15 2010, 17:37

... не би знаел никогаш да одговорам зошто анѓелите ме сакаат. Кога бев очаен и безвреден, те пратија тебе, не би знаел да кажам зошто сеуште им требам. Ти си награда за тоа што сум, тоа изгледа значи дека сум добар човек. Мислев дека само кучињата ме сакаат, нема кој друг да им каже каков сум, никој друг и не ме забележуваше.
Велиш дека и други ме сакаат, а јас велам дека тие не знаат што сакаат, ниту знаат да сакаат, луѓето ги гледаш како да се луѓе, повеќето не се. Твојата ангелска сорта е наивна заради моќта која ја поседувате, само ангелите знаат да сакаат, не сретнав човек кој го умее тоа. Велиш дека умеам да сакам, не, јас сум само добар човек, ти си доказот, да умеев да сакам ќе бев како тебе, анѓел. Велиш, не ми личи лош да бидам, дека само се бранам и лут сум на луѓето затоа што не знаат да сакаат, немав од кого да научам.
Имаш крила, кога сакаш можеш да одлеташ, велиш дека тоа и ќе го сториш, моето лице е изобличено од страв, велиш ако те сакам ќе полетам по тебе. Велиш, анѓел да се биде не се стекнува со право на раѓање како таков, туку со право на заслужно живеење.
Застануваш на високиот врв ширејќи ги крилата со снежна боја, се вртиш, ме погледнуваш и полетуваш. За миг се наоѓаш меѓу облаците почнувајќи да правиш величествен круг над мојата ситна појава која скршено стои над провалијата и гледа кон оштрите карпи на дното како си ги острат своите заби.
Ми останува само назад кон бедата на човечкот род и доле кон провалијата... твојот глас се пробива меѓу облаците и ми вели да гледам кон небото...и да полетам.
Размислувам што ќе загубам, гласно се насмевувам, никогаш ништо и немав, ти праќам бакнеж и скокам кон провалијата...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by fragola Саб Мај 15 2010, 20:47

ПРОЗА - Page 3 A57

ПРОЗА - Page 3 125943 ПРОЗА - Page 3 125943 ПРОЗА - Page 3 125943 ПРОЗА - Page 3 125943 ПРОЗА - Page 3 125943 ПРОЗА - Page 3 125943 ПРОЗА - Page 3 125943 ПРОЗА - Page 3 125943
fragola
fragola


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Саб Мај 15 2010, 20:52

WOW!
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Саб Мај 15 2010, 21:40

ПРОЗА - Page 3 396122 ПРОЗА - Page 3 125943
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Пон Мај 17 2010, 03:10

... додека паѓам кон провалијата оштрите забести карпи гладно го чекаат моето месо, ветерот фучи крај моите уши и полека замира со тишината на мирот и спокојот кој ја обзема мојата душа заради донесената одлука. Каков парадокс, не била важна содржината, туку самиот чин, правилното и грешното полека се губат во безвредието на илузиите.
Под мене забестите карпи добиваат кружен облик претварајќи се во прашина кога веќе не е важна ниедна себичност која се претвара во кловн за некоја туѓа публика која извикува на некој неразбирлив јазик од трибините додека чека да се појават гладијаторите кои ја потиснуваат преплашеноста за да ја задоволат публиката и се надеваат дека некогаш ќе успеат да ја купат својата слобода иако не им е баш јасно како би изгледала.
Ги препознав моите очи во едниот од нив кој беше сиот во лузни и мускулна маса до крајна напрегнатост, само треперењето на вратните жили ја издаваа неговата преплашеност. Гледав некој мој минат живот од трета страна, те препознав и тебе на трибината до некој со венец на главата и луд сјај во очите кој се исправи и мафташе кон публиката, а потоа даде знак и неговиот омилен крволочен тигар беше пуштен во арената. Гладијаторот те погледна иако тигарот брзаше кон него, климна со главата исправајќи го краткот меч тебе во чест, солзите ти се стркалаа низ белите образи на кои некогаш почиваа неговите усни, знаеше како тој човек стана гладијатор. Императорот се намршти забележувајќи го гестот знаејќи дека не е за него, продолжи со усилена насмевка и да плеска со рацете, но знаеше зошто се радуваше на скората смрт на гладијаторот кој ја стави маската на лицето и тргна кон тигарот...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Пон Мај 17 2010, 09:41

Prekrasno!!!I potoa?
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Пон Мај 17 2010, 12:08

Чек малку, има уште да паѓа кон провалијата ПРОЗА - Page 3 504763
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Пон Мај 17 2010, 22:39

Чекам...
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Вто Мај 18 2010, 00:43

ПРОЗА - Page 3 322557
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Вто Мај 18 2010, 01:25

... додека застанувам во просторот, времето ги свиснува своите мразулци простирајќи се во сите правци каде минатото и иднината имаат исто значење, кои некогаш се одвоиле заедно со денот и ноќта, демоните и боговите, животот и смртта. Твојот глас пробива како водилка додека сум заслепен од сознанија за кои не сум кадар да ги досегнам со својот разум, додека висиме на половина пат до крајот на провалијата, велиш да се откажам од рационалноста, тука никој ништо не очекува од мене, само да бидам, ништо повеќе.
Јас сум оној дел кој ти недостасува, од кој некогаш беше раздвоена, помалиот дел, но сепак неопходен за твојата целосност, можеш да замислиш колкав дел ми недостасувал, тоа е веќе сакатење, среќна си што сум успеал да опстанам и таков. Поминуваш крај мене како зрак од светлина, сетилата низ целото тело ми јавуваат дека сум облиен со врели бакнежи наеднаш, тоа е моќ, се згрчувам како фетус кој чека да се роди, од некаде допира песната на фениксот, не можам сеуште да поверувам дека од сите тие далечини и меѓу толку многу суштества ме препозна како твој, бидејќи од секогаш ме убедуваа дека сум производ на грешка.
Моето тело обземено од шок и затворени очи, го лечиш со здив кој како благ ветер ги растерува лошите влијанија, низ кожата го чувствувам твојот поглед кој почнува да ме скокотка, усните ми се криват во насмевка, прв знак дека се вмешувам во случувањата.
Во магловитоста на полуотворените и ненавикнати очи те гледам како облак кој произведува светлина, чекам да се навикнам на глетката, сеуште си истиот облак и при широко отворени очи. Се исправам чекорејќи низ воздухот, со раката ги одвојувам светликавите испарувања од тебе, пред мене си кристално јасна со сета своја убавина и женственост никому откриена, дали сум достоен да те допрам?
Со леснотија ми ги читаш мислите и се припиваш до моето тело кое наеднаш се буди со сета своја неограничена глад за тебе таложена низ минати и идни времиња, додека те прегрнувам експлозија од нашите преплетени чувства се претвараат во блескава топка која не обвива...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Вто Мај 18 2010, 09:11

BRAVO,MAJSTORE !!! Moze li da bidam ПРОЗА - Page 3 396122 Margarita?
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Вто Мај 18 2010, 20:44

ПРОЗА - Page 3 125943 О’ Маргарита ПРОЗА - Page 3 Icon_flower ПРОЗА - Page 3 283557
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Вто Мај 18 2010, 21:27

ПРОЗА - Page 3 438648
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Нед Мај 23 2010, 17:56

...дадени можности во блескавата аура согледана без никакви предрасуди твојата рака навлегува во мојата душа и ја вади како мало облаче прошарано со сини малечки молњи кои потскокнуваат кон твоето лице. Се смееш затоа што те скокоткаат боејќи го твоето лице во пријатно синило, ми климнуваш и ја пружам мојата рака која со нежни искри навлегува кон твоето срце и на прстите ја чувствувам твојата душа како спремно ми се подава. Ја вадам и пред нашите очи блеска пулсирајќи и црвени искри не’ обиколуваат како ѕвездички. Нашите усни се спојуваат пред последниот чин додека во раце си ги држиме нашите души кои нестрпливо фрлаат искри една кон друга, а потоа си ги подаваме да се доближат.
Се слуша тивкиот шепот на нашите души кои од две облачиња се претвараат во еден поголем во кој наизменично се мешаат сината и црвената боја, а ние навикнати очекуваме една боја да преовладее или бар да се измешаат. Кога ќе погледам кон црвената боја станува сина и обратно, мојот шепот се претвара во твојот, гледам со твоите очи и ти со моите, не можеме да се изнагледаме колку сме убави, забораваме да дишеме. Душата сега станува една, а ние сме нејзините делови.
Ѕидот од магла исчезнува и се отвара тропски рај кој го надлетуваат ангели довикувајќи се.Подоле има некое ангелско село каде често можат да се види белина од крила кои полетуваат или се спуштаат. Неколкумината кои беа највисоко, не’ забележаа, ни мафтаат, се спуштија со брзина на молња кон селото да ја објават веста.
Провалијата се претвори во капија обвиена со облаци, заедно како еден зачекоривме кон најпогодната точка,а ти ги шириш своите бели крила од кои со едниот крај ме галиш по образот. Некое скоктливо чувство ми поминува низ грбот, мрдам со плешките и се отвараат големи крила, мојата подизната уста ја открива мојата изненаденост. Ветерот ме занесува на едната страна, се помагам со крилата да останам стабилен, првата лекција.
Ми велиш да те прегрнам и дека само ти ќе леташ за нас двајца во прво време додека се навикнам, послушно ти приоѓам, нашите тела се прилепуваат, лесно функционираат како едно, разбрав зошто можеш тоа да го изведеш.
Бргу се најдовме во висините, ми велиш да ги пратам твоите движења, уживам во ветерот кој фучи околу нас, и сонцето поинаку изгледа, но наместо поука почнав да се вобудувам од секое твое движење, се насмевнуваш, велиш сеуште сум несериозен, а јас се обидувам со моите движења да го предизвикам и кај тебе истото.
Лицето почнува да ти свети од скокотливата енегрија која ти ја предизвикувам, твоите крила почнуваат да успоруваат, воздивнуваш...се откачуваш од мене...мојата насмевка се претвара во изненаденост затоа што останав сам со ветерот кој се’ погласно фучи во правецот на мојот пад, се обидувам да го надгласам со моето беспомошно врескање...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Нед Мај 23 2010, 19:19

Продолжи...
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Нед Мај 23 2010, 19:23

Чек нека се изнапаѓа дур не му дое памет... ПРОЗА - Page 3 104553
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet Вто Мај 25 2010, 13:55

... на многу падови се потсетувам додека фучи ветерот во илузијата на слободата додека земјата под мене се шири и ми се приближува. Ги затварам очите и се соочувам со срамот кој со своите канџи ми откинува парчиња од сликата за себе доколку не ти бидам достоен, низ мислите поминува слика на грбав со качулка кој проси за парче леб во некое усмрдено ќоше, видливите делови од неговото лице се исти како моите, знам дека ќе ме спасиш, но од себе нема да се спасам, не ги чувствувам крилата кои беспомошно шушкаат зад мене заради ударите на ветерот.
Леташ околу мене со загрижен израз на лицето, го избегнувам твојот поглед, помислувам дека и ангелите прават грешки, далеку под мене ми се причинуваат скелети со распартелени пердуви од нивните крила на чистинката каде треба да заврши мојот пад, можеби и не.
Ме допираш по раката, ја повлекувам, ова морам да го изведам сам, претпоставувам дека се присетуваш колку сум тврдоглав, сеуште никакво чувство додека новостекнатите крила пафтаат губејќи пердуви како есенски листови од гранка, мојот тажен поглед ти предизвикува солза која испарува оставајќи кратка искра на твоето лице. Наеднаш се надвива твојата сенка над мене за да ги допреш усните до моите, а потоа оставаш да те подигне ветерот во висините поради твоите раширени крила.
Како се одалечуваме, се’ повеќе ми наликуваш на птица која достоинствено владее со висините, а сончевите зраци кои се пробиваат меѓу облаците наизменично се менуваат и ја издвојуваат твојата фигура од околината.
Почнува да се слуша пеењето на птиците од највисоките крошни на дрвјата...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse Вто Мај 25 2010, 19:42

ПРОЗА - Page 3 504763 ПРОЗА - Page 3 476961
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by keti Вто Јун 01 2010, 23:01

..Ова динамично време не ни дозволува да му се радуваме на животот во вистинска смисла на зборот. Секојдневните обврски ни го одземаат најголемиот дел од денот и во цела таа збрка забораваме да си посветиме барем малку време на она што не прави среќни и задоволни.
Се чуствуваме како програмирани во извршувањето на работните и домашните обврски и постојано настојуваме да го потиснеме стресот длабоко во себе си, но тој постепено се наталожува и чека момент да избие кога најмалку ни е потребен. Така растревожени почнуваме да шириме негативна енергија на нашето опкружување и на нашите најблиски во семејството, кои почнуваат да ги осудуваат нашите постапки. И што ни останува друго, освен да се повлечеме во себе си и да ја дочекаме ноќта, за да размислиме каде сме погрешиле и зошто ова само нам ни се случува. Во една таква состојба почнува да не совладува заморот, очните капаци постепено се затвараат и ние потонуваме во сон...
И наеднаш се’ се променува... Во еден миг пред нас се појавува еден прекрасен, но по малку чуден свет исполнет со задоволство, среќа, убавина и интересни средби со разновидни интелигентни форми и битија.. Комуникацијата со нив е на едно повисоко ниво, преку мисли и постапки кои ни овозможуваат да ги согледаме нашите грешки и не повикуваат да ги отвориме нашите срца за да се исполнат со светлина и да ја допрат љубовта на севишниот. Низ просторот се распламтува пораката...„ љубете се и сакајте ги своите најблиски како што се саката себе си, помагајте си меѓу себе и грижете се еден за друг, подајте му рака на својот пријател и не осудувајте го својот непријател, простете за да ви биде простено...“
Опиени од прекрасната убавина на овој чуден свет, се препуштаме на опојните мириси кои ги разбудуваат нашите сетила и не доведуваат до екстаза...
Но во еден момент се појавува еден чуден звук кој ја поништува целата таа магија и не принудува да ги отвориме очите. Тоа е звукот на нашиот будилник кој не потсетува дека ние сме роботи на овој денешен свет и треба да започнеме со извршување на обврските од нашиот програмиран живот...
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

ПРОЗА - Page 3 Empty Re: ПРОЗА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот