УБАВИНИТЕ НА МОЈАТА ЗЕМЈА
4 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: УМЕТНОСТ И КУЛТУРА
Страна 1 of 3
Страна 1 of 3 • 1, 2, 3
Re: УБАВИНИТЕ НА МОЈАТА ЗЕМЈА
“Светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“... ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
keti
Re: УБАВИНИТЕ НА МОЈАТА ЗЕМЈА
zbunet напиша:
Ovoj Blazzo e sigurno od mojot kraj, zoshto samo kaj nas se citaat tolku mnogu knigi mislam se pie rakija i vino...
Sleduva video od ovaa tema...
keti
Манастир Света Богородица во Кичево
Манастир "Св. Богородица Пречиста"
.... Сместен во полите на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри, манастирскиот комплекс Света Богородица - Пречиста или попозната како Кичевска, кај секој намерник остава неизбришиви траги. Само петстотини метри под денешниот манастир, некогаш се издигал Крнинскиот манастир, кој заедно со манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино, биле центри на ширењето на христијанската мисла во овој дел од Македонија. Но и едниот и другиот денес ги нема. Според преданијата на местото на некогашниот древен храм, во близината на светата чешма, која и денес ја посетуваат оние кои веруваат во исцелителната моќ на нејзините води, во 1316 година е изграден манастир посветен на Пресвета Богородица.
....Чешмата и денес постои и ја гаси духовната жед на намерниците, но манастирот во 1558 година го палат Османлиите, во времето кога во Кичевско се уништени голем број цркви и манастири.
.... Само неколку години подоцна, односно 1564, месното христијанско население се обидува на старите темели да изгради нов манастир, кој набрзо потоа ја доживува истата судбина.
....Требаше да поминат векови, па дури во 1848 година повторно да заживее овој простор. Народните преданија зборуваат дека самиот Бог го одредил местото за зидање на новиот манастирски комплекс, посветен на мајката божја. Старата сребрена икона на Богородица, која и денес се чува во еден мал олтар над светиот извор, внатре во манастирската црква го дала и сеуште го дава благословот на сите верници. Се вели, дека таа во голем пламен виор прелетувала од разрушените зидини на Кнежинскиот манастир, означуваќи го местото каде треба да се гради новата црква. Народот поверувал на тоа, прифаќајќи дека тоа е пророштво кое мора да се исполни, па ја изградил најголемата и најбавата црква во тоа време, чиј радиус на сводот е најголем изграден на Балканот. Мијачките мајстори стрпливо работеле, а Дичо Зограф со своите ученици го направил чудото, во златните икони и резбаниот владички стол.
.... Овој манастир по многу нешто е посебен. Тој всушност е свет храм на сите верници, без разлика дали својот бог го нарекуваат Господ или Алах. Всушност внатрешноста на црквата така е направена, зашто под еден ист покрив се собираат и христијаните и муслиманите, кои подеднакво ја почитуваат. Народната мудрост била бесконечна. Не можејќи својот народ да го собере на едно место, зашто туѓинците на многумина им ја промениле верата, црквата нашла начин по еден покрив да ги собере сите, зашто Бог е еднаков кон сите и знае да им ги прости гревовите.
.... Во рамките на манастирскиот комплекс, припиена на јужните зидови од црквата Света Богородица - Пречиста, се наоѓа малата манастирска црква посветена на Свети Отец Никола. Иако се наоѓа во истиот комплекс, за многумина таа останува непозната, зашто величината на црквата посветена на Света Богородица во целост ја засенува .
.... Овој манастирски комплекс станува центар на преродбата на македонскиот народ. Во него живеат и работат Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ, и всушност по затварањето на Свети Климентовиот народен универзитет во Света Пречиста се раѓа и работи новото народно просветно училиште.
.... Во овој манастир во дваесетите години од минатиот век прибежиште наоѓа големо братство руски калуѓерки, кои бегаќи пред налетите на црвеноармејците, својот духовен живот го продолжиле тука.
.... Колкаво е значењето на Света Богородица - Пречиста за Македонската православна црква, најдобро зборува фактот што во нејзините келии монашката одежда ја облекува првиот Архиепископ на возобновената автокефална Македонска православна црква, неговото блаженство Господин Доситеј.
.... А денес најмногу на празникот на Рожденство на Пресвета Богородица, на дваесет и првиот ден од септември, тука илјадници верници, за миг повторно го сопираат времето, подсетуваќи се на минатото и големината на овој свет храм.
keti
Манастир Св.Ѓорѓи - Неготино
МАНАСТИР СВ. ЃОРЃИ - НЕГОТИНО
Во непосредна близина на Неготино источно од градот во населбата "Црквиште". врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи.
Манастирот е изграден во периодот од 1860 до 1866 та година. На јужниот ѕид до влезот во црквата има вградена камена плоча на која е испишано 1860/1866 година но истотака стои и дека храмот на светиот великомаченик Ѓорѓи е изграден со помош на жителите од градот Неготино и Тодор, Тоше и Коце.
Градител на овој манастир бил Андон Китанов од селото Тресонче-Мала река, Дебарско. Манастирот е типична градба од преродбенскиот период кога се граделе соборни цркви во цела Македонија со големи димензии. Има архитектонски облик на трокорабна црква со три куполи поделена на три травеа, а кон јужната и западната страна со широки тремови.
Главни иконописци биле Штипјани, а зографи Крушевчани кои ги насликале Македонските пустиножители Св. Гаврило Лесновски, Св. Отец Прохор Пчински, Св, Јоаким Осоговски, како и ликовите на сесловенските учители и просветители браќата Кирил и Методиј. Иконата на патронот на црквата Св. Ѓорѓи е дело на Велешкиот зограф и иконописец Хаџи Константин (Хаџи Косте Крстев).
Зографисувањето на манастирската црква го извршиле браќата зографи: Вангел, Никола и Коста Атанасовци од Крушево. За време на Втората светска војна, во манастирот имало заробено 20 партизани кои извесна баба Митра која живеела таму ги ослободила. Кога гермаците виделе дека партизаните се ослободени, го запалиле манастирот а бабата жива изгорела во него.
Во манастирот до неодамна постоеле стари манастирски конаци од 19 век а денес има реконструиран конак кој може да прими 150 луѓе. Во склоп на манастирот постои винарија, во која неготинските винари имаат свој изложбен дел. Камбанаријата на манастирот е изградена во 2006 година. Најголема посетеност на овој манастир има за време на празникот Ѓурѓовден, за манастирската вечер на 21 ви септември и на зимен Свети Ѓорѓи на 9 ти декември. Во манастирот постојат фрески насликани во 2008 година и голем позлатен крст со Исус Христос а на почетокот на 2009 - та истите се осветени.
Во рамките на одржувањето на петдневната стопанско - туристичка манифестација "Недела на виното" во чест на верскиот празник "Св.Трифун" во просториите на манастирот "Св. Ѓорѓи" се одржува манифестацијата Ден на вранецот.
ЛЕГЕНДА ЗА МАНАСТИРОТ СВ. ЃОРЃИ Неготино
Многу одамна уште во 1866 година во Неготино живеел еден бег со својата ќерка. Една ноќ неговата ќерка сонувала еден чуден сон. На тој сон таа се видела себе си како прави две бразди, со два вола, едната нагоре другата надолу. Исто така, таа сонувала како прави темели на манастир. Утредента својот сон го кажала на нејзиниот татко, но тој не верувал во тоа. Овој сон беговата ќерка го сонувала три ноќи, но бидејќи нејзиниот татко не верувал, не направиле ништо за да го остварат сонот. На четвртиот ден таа легнала болна. Тогаш нејзиниот татко земал два силни вола и ги дал на својата ќерка за да го исполни она што го сонила. Таа направила две бразди, една нагоре една надолу. ПравеЈќи ја првата бразда – надолу, таа пронашла плоча на која што имало човек со копје во раката како убива животно – змеј. На втората бразда – нагоре пронашла плоча на која што бил нацртан лик на жена со дете во рака. Така оваа девојка откако го исполнила сонот и ги поставила темелите на овој манастир, од жителите на Неготино бил дограден манастирот. Една година подоцна во 1867 година била направена камбанаријата која што тогаш била дрвена. Фреските во манастирот се направени во 1866 година. Тие се изработени рачно и постоеле до пред некоја година кога и се реставрирани. Конаците биле изградени во 1954 година. Тие тогаш биле изградени од дрво, а сега се ѕидани.
http://www.makedonskimanastiri.mk/4.html

Браво,Кети!Еднаш сакав да правам листа на луѓе поради кои се гордеам што сум од Македонија.Ти влегуваш во неа,сигурно!
the nurse
Манастир „Св. Преображение“ - Зрзе
Манастир „Св. Преображение“ - Зрзе
Зрзе е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Зрзе се наоѓа на западната страна на Пелагонија, на околу 25 километри од Прилеп.
Во историјата Зрзе се споменува уште пред 14 век како Мали Мисир, а подоцна и како Зорба.
Економијата се базира на производства на тутун, житни култури, на здрава еколошка храна, месо, сирење, итн.
Во селото доминира постарото население. Вкупниот број на жители изнесува 97.
Зрзе е богато со културно-историски споменици значајни не само за Прилеп и Македонија, но коишто се дел од светското културно наследство. Најзначаен споменик на култура е манастирот посветен на светото Преображение Христово (6 т.е. 19 август). Во овој манастир се наоѓаат копии од двете многу значајни икони на света Богородица Пелагониса и Исус Христос.
Климент, епископ Хераклејски и викарен епископ Пелагониски, е човекот којшто го обнови монаштвото во овој регион. Епископ стана во 2005 година.
Манастир „Св. Преображение“ - Зрзе
Манастирот Свето Преображение се наоѓа на 34 километри северозападно од Прилеп, на 1000 метри надморска височина во подножјето на планинскиот масив Даутица.
Енеолит/Бронзено доба
* пештера во карпа, под подот на средновековната пештерна црква со наоди од фрагментирани керамички садови, калцифицирани врз површините од карпата.
* единечни наоди од садова керамика, откриени при нестручни ископувања или како површински наоди.
Рана антика
* остатоци од објекти во западниот дел од манастирскиот двор.

Доцна антика
* доцноантичка населба
1. акропола распространета на горното плато од бигорната карпа - фортификација: бедеми, кули и сл.
2. необѕидано подградие со објекти распространети врз јужните и источните падини од возвишението.
3. ранохристијанска базилика 5-6 век, лоцирана на платото северно од манастирот.........
Од 19 до 20 век
* делумна реконструкција на комплексот од пештерна црква.
* обнова на манастирот во 1810 г.
* ктитори од Прилеп во 1811 г.
[img]http://sphotos.ak.fbcdn.net
Манастирскиот комплекс во минатото заземал многу поголема површина отколку денес (7000 м²). Иако досега се мислеше дека манастирот е од 14 век, благодарение на резултатите од најновите археолошки истражувања од 2008 година, се утврди дека почетокот на зрзеското монаштво датира од 9 век. Од тој период е и монашката населба на испоснички ќелии издлабени во вертикалниот засек на бигорната карпа, на северната, источната и јужната граница на манастирскиот комплекс.
Денес
Денес манастирот Свето Преображение - Зрзе е епископско седиште на секретарот на САС на МПЦ, епископот Хераклејски г. Климент.
https://www.facebook.com/photo.php?pid=130791&id=123862357652574#!/album.php?aid=10608&id=123862357652574

Штета што не сум била во овој манастир, многу е привлечен, прекрасно уреден и имам многу убава природа... Имаме навистина со што да се гордееме, но потребно е некој да ги стави овие убавини на интернет за да ги запознаеме..
keti
Re: УБАВИНИТЕ НА МОЈАТА ЗЕМЈА
Ни јас немам никого во Прилеп кој би сакал да ме изведе на такво место, но се надевам дека ќе запознаам
zbunet
Re: УБАВИНИТЕ НА МОЈАТА ЗЕМЈА
Mанастирот Свети Јован Бигорски
Македонија е богата со манастири, но еден од најубавите од нив е манастирот "Свети Јован Бигорски". На надморска височина од 740 метри, десеттина километри пред сливот во Дебарското Езеро, овој манастир е положен во впечатливите бигорови карпи на кањонската долина на реката Радика, во прегратките на бујните шуми всадени на северозападните падини на планината Бистра.
Во близина се наоѓаат селата Ростуше, Битуше и Требиште, претежно населени со муслимани, но има и христијани.
Овој неверојатно волшебен предел ги обединува манастирската мистика и човечката идеалност во еден свет, кој ги надминува границите на рационалното спознание.
Манастирскиот комплекс го сочинуваат манастирската црква, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор.
Манастирот е основан во далечната 1020 година од монахот Јован од Дебар, кој тогаш станал Охридски архиепископ.
Посветен му е на Крстителот Господов, Свети Јован Крстител, за кого самиот Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него.
Легендата вели дека мотив за да се издигне еден ваков манастир е пронајдената икона на Свети Јован Крстител како лебди над изворите.
Оваа икона се покажала чудотворна и до денес таа претставува едно од најголемите богатства на манастирот.
За силата на чудотворната икона се раскажуваат легенди.
Често доаѓаат да се лекуваат млади луѓе, верници кои бараат духовна храна, мир, совет и утеха.
Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас, кој бил изработен од ситна дрвена резба и претставува исклучително уметничко остварување на афирмираните копаничарски мајстори Петре Филипов – Гарката од село Гари, неговиот брат Марко и Макариј Фрчковски.
Во манастирскиот комплекс има отворено „Галерија на икони“ и во неа има изложено околу седумдесетина икони кои датираат од 12 век, 13 век и 19 век. Галеријата започнала со икони од првата половина на 17 век, и се проследени со христовиот живот од благовештението, од рожденството, крштевање Христово, преображение, влегувањето во Ерусалим, распнувањето, оскресението, вознесението и успението на Пресвета Богородица.
И покрај немањето стабилна финансиска основа, благодарение на помошта на верниците, манастирот не само што опстојува и се обновува, туку и им помага на сите оние кои имаат потреба од тоа.
На 30.09.2009 год. во манастирот „Св. Јован Бигорски“ избувна пожар во кој целосно изгоре стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинската просторија, кујната, библиотеката и монашките живеалишта.
ИСЦЕЛЕНИЕ - песна за манастирот Св. Јован Бигорски во исполнение на македонски звезди...

Similar topics
» Поезија - 3
» Поезија
» Ваши дела - уметност без граници
» Od site misli sto vi se vrtat,izberete edna i kazete da znaeme
» Поезија
» Ваши дела - уметност без граници
» Od site misli sto vi se vrtat,izberete edna i kazete da znaeme
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: УМЕТНОСТ И КУЛТУРА
Страна 1 of 3
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот