МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 33 of 35 Previous  1 ... 18 ... 32, 33, 34, 35  Next

Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Чет Jул 04 2013, 18:13

vinozito se klanja
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Чет Jул 04 2013, 21:58

fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Без одговор

Пишување by zbunet Нед Jул 07 2013, 12:23

Понекогаш
ма што се лажам
кога е секогаш
само што некогаш е поизразено
некогаш попригушено
заради впечатоци
кои обично кратко трајат,
но тоа останува
да прогонува
некогаш шепкајќи 
некогаш врескајќи,
ме прашува кој сум јас,
зар сум овој кому овој живот се случува?
Немам одговор
и потрчувам низ темната шума 
од моите мисли и подмисли
секоја гранка во канџи се претвара
секој корен ме сопнува,
исцрпен над провалија застанувам
кон небото кое го замислувам погледнувам
некој господ меѓу облаци како да се појавува
го повторувам истото прашање
понекогаш шепкајќи
понекогаш врескајќи
него бргу го снемува
ветерот кој го замислувам
останува.
Облаците сиви стануваат
молњи и грмотевици се појавуваат
не верувам дека е тоа одговорот,
мислам дека и тој бега
низ шумата на неговите мисли и подмисли
немајќи одговор.
Помалку од секунда
подолго од вечност
отварам очи
и барам нови впечатоци
заминувам
знаејќи дека прашањето шепкајќи ме следи.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Пон Jул 08 2013, 05:47

Na sekoe prasanje ima odgovor! Baraj go! kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Како што никогаш не било

Пишување by zbunet Вто Jул 09 2013, 19:44

Прегрни ме
како никогаш никого до сега
затоа што никогаш не ми било вака
затоа што ништо не беше вака
мислев секогаш ќе биде така
кога мислев дека има време
мислев секогаш ќе ме биде
таков каков бев.
Ништо не е како тебе
никогаш и не било
ниту ќе биде
занесот ме носи
каде ме води твојот мирис
очите ми требаат само да ти кажам дека те сакам
за се’ друго ги затварам
ништо друго повеќе не сакам.
Светлина капе од тебе
во секоја искра се препознавам
само тебе
ништо друго повеќе не препознавам
ме повлекуваш и привлекуваш
кон тебе и во тебе паѓам
за да се најдам помеѓу облаците од другата непозната страна
знам дека никогаш нема да престанам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Каков што е тој во нас

Пишување by zbunet Пон Jул 29 2013, 19:03

Не е денес обичен ден
никогаш и не бил
никогаш и не бевме 
тоа што мислевме дека сме
никогаш не бевме тоа што изгледавме
секогаш бевме некои други
заради други
кои беа заплашени од нас
како и ние од нив.
Никогаш нема да бидеме
тоа кое во нас бара да бидеме,
скришно ќе фантазираме
за местата на кои требавме да бидеме
на врвот од нашиот сон
додека светот се врти околу нас
во наша чест
кога секој има свој момент.
Тие сме кои сме
секогаш незадоволни
насмевка ќе истегнеме
како единствен преостанат пркос кој го имаме,
како штака од слаби гранки
надевајќи се дека до првиот ќош такви ќе стигнеме
каде никој не не’ гледа.
А тој во тебе те гледа и урла
ти ја гребе душата
мислиш ти ја распарчува
затоа што сака да излезе
и со тебе да се гордее,
не те сака продаден.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пон Jул 29 2013, 23:53

bravo 
10
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Вто Jул 30 2013, 13:18

fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Чет Aвг 01 2013, 21:18

Kakov sto e toj vo nas, takvi sme i nie! trepka
p.s. Nekoj ke rece sledi go glasot koj zboruva vo tebe, a jas ke recam, ako toj glas gresi togas i jas ke zgresam, neli! kez


Последната промена е направена од keti на Нед Сеп 15 2013, 00:09. Мислењето е променето 1 пати
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пон Aвг 05 2013, 17:10

Vdim ovu poslednju oluju kao ništa mnogo ozbiljno u
očima sveta.
svet i ja retko smo se slagali u mnogo
čemu, ali
sada mogu da se složim.
zato je pusti, pusti tu konačnu oluju.
već predugo strpljivo čekam na nju.


Charles Bukowski
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Оперативност

Пишување by zbunet Чет Aвг 08 2013, 10:59

Некогаш сум така уморен
погали ме како кученце
тогаш така се чувствувам
знам дека бар еден крај од усните
кон насмевка ќе ми тргне.
Сончевите зраци од тебе се одбиваат
аура ти ствараат,
така ги одморам очите,
каква зелена природа, какви бакрачи,
нема споредба.
Како камен кога ќе фрлиш во вода
така твојот допир бранови предизвикува
и кон надвор, и кон внатре во мене
без ништо да фрлаш,
нема никаков неупотреблив вишок.
Спроти ветерот го извикувам твоето име
ветерот ми го враќа
твоето име ме допира насекаде
се насмевнувам
почесто го повторувам
се чувствувам чист
како од умерен водопад да излегувам.
Сите сетила сега ми се оперативни,
каде застанавме?
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Постоење

Пишување by zbunet Нед Aвг 11 2013, 19:54

Да те барав
немаше да те најдам
никогаш не добивав тоа што барав
полека се навикнав
на тебе заборавив
те мислев како сон
дека само таму припаѓаш.
Живеев и не припаѓав никому
како облаче бело кое ветер го разнесува
бар мислам дека бев бел
можеби и не
но мене така повеќе ми одговара.
Сега ми се чини дека навистина те имам
но тоа така брзо поминува
како со брзината на светлината 
и пак набргу останувам сам
мислејќи за тебе како на сон
на никого кој не го кажувам
на кој се присетувам додека го кривам вратот кон ѕвездите
твојот облик си го присторувам
прашината околу мене нешто друго ми кажува
ја игнорирам
решив само ти да постоиш.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Сре Aвг 14 2013, 17:40

Поезија - Page 33 1150994_487748381311630_1830671320_n
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Трка без замор

Пишување by zbunet Вто Aвг 20 2013, 16:31

Еднаш, два пати,
и колку да се повеќе
бакнежи се’ повеќе недостасуваат
секогаш желбата ќе биде поголема од можностите
додека сме тие
додека не дозволиме да се промениме
нешто друго да стане поважно.
А нема да има ништо поважно
додека сме свесни
дека нема ништо поголемо од нас
а такви ќе останеме само еден покрај друг
само така ќе бидеме еден во друг
исполнети и многу поголеми.
Влези во мојата прегратка,
не се заморувај,
тоа се само глувци кои грицкаат,
насмевка и поглед кој се претопува со твојот
не би имал сила да не ми ја даваш
не би била жена ако не те поттикнувам да се отвориш.
Желбата ни’ го покажува правецот
нема да престанеме да се обидуваме да ја стигнеме
трка без замор
целта сме ние.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Aвг 21 2013, 22:57

Vremeto ni gi zbuni namerite i sega ne znaeme dali sme "zena" ili "maz", ocigledno! Ili mozebi sekoj si go pronajde svojot del od sebe! kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Контрадикторност

Пишување by zbunet Чет Aвг 22 2013, 11:47

Тие се круговите
тие се судбините
ние сме други
а сепак сме исти
истовремено и раздвоено
како се врти тркалото
кое не’ носи или гази.
Некогаш ќе речеш
некогаш ќе речам
во слабост или сила
мислиме конечно е
следниот момент не е.
Не ме прашувај
зошто не сакам да те прашувам
ми се чини исти сме
некогаш е така
некогаш не е.
Како ќе решиш така ќе биде
а следниот момент се каеш
а само јаре и паре
не идат заедно.
Погледот некогаш е чист
тогаш сме прекрасни
некогаш е замаглен
тогаш сме сомнителни.
Не е денес ден
кој посакувам да биде
можеби утре ќе биде 
таков на кој се надевам,
молкот е тој кој чека подобри времиња
сите планови чекаат на маса
тогаш забораваме на каса.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Инстикт

Пишување by zbunet Нед Сеп 01 2013, 18:22

Тигар сум,
со забите те држам за врат
баш сум и таков
нема веќе преправање,
изненадено, но сепак ја прифаќаш својата судбина
под мојата тежина
ржам и не пуштам
знаеш дека моите очници подлабоко ќе ти се забијат
ако пробаш да избегаш.
Мојот плен е само мој
не постои можност за промена,
а ниту милост,
повеќе не сум јас
полека забележуваш дека ни ти не си повеќе ти.
Часовникот на еволуцијата
се враќа на назад
и застанува нагоре
на највисоката точка
како камен цврст и непоколеблив.
Се губиме
не знаеме кој е кој
знаеме само дека еден во друг се претвараме
затоа што улогите се менуваат
животното во тебе се разбуди,
почнувам да цвилам како фатен плен
иако ми е јасно дека на разбирање и милост нема да наидам.
Личи на одмаздата заради мојата дрскост
а тоа е само нагон
стануваш се’ посилна
сфаќам дека нема уште долго да издржам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Сеп 04 2013, 12:45

Se zbunila poezijata!?! ... Treba da e do INSTIKTOT!!! ... zensko kafe
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Мерење

Пишување by zbunet Саб Сеп 07 2013, 19:14

Вистина е,
со тебе да мерам муда,
не можам,
иако ги немаш,
поголеми се од цел мене заедно.
Шуплив сум,
тоа е факт,
затоа што ме исполнуваш,
до последно мое делче
и затоа знаеш што каде ми лежи,
знаеш да го исправиш се’ што е смотано кај мене,
без разлика колку згужвано и мало било,
станува гордо исправено и големо,
дури понекогаш чоек да се исплаши.
Без тебе ќе бев секој
не дека сум сега секаде некој,
затоа што ме научи дека кај секакви може да се биде само никаков,
само каде треба
затоа што се знае колку треба
а малку се такви
кои не се никакви затоа што се секакви.
Се стемнува,
а сепак знам каде одам,
додека си мојот факел низ темнината,
додека гориш за мене,
можам и за мене да те залепам,
а сепак нема да ме изгориш
иако сум гол,
иако немам заштитно одело
без разлика до каде се одело.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Да беше како можеше да биде

Пишување by zbunet Вто Сеп 10 2013, 13:14

Да сакав
како што не сакав
ќе бев оној кој не сакам
ниту ти ќе беше таа која ја сакам.
Сепак сеуште има работи кои не сакам,
а немаше да постојат
да бев оној кој не сакав,
но немаше да ги има и тие работи кои сега ги сакам,
ќе сакав нешто друго
затоа што ќе бев некој друг.
Можеби со помалку мани
наместо сегашни рани
кои болат
но сепак ги прифаќам
како дел од мои грешки
кои ме прават да бидам овој кој сум сега.
Можеби грешам,
а често ми велат дека грешам,
но никогаш не ги сфаќам сериозно,
едноставно се засакав ваков каков сум
иако понекогаш изгледам како да не се сакам,
но тоа возможно не е,
затоа што со себе легнувам,
а со тебе се будам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by Тото Сре Сеп 11 2013, 11:26

с ким си такав си kez
Тото
Тото


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Сре Сеп 11 2013, 18:06

*oda izuzetnoj dami*Bukowski

neki od kerova što spavaju noćas
mora da sanjaju o kostima
i ja pamtim tvoje kosti
u mesu
a najbolje
u onoj tamnozelenoj haljini
i blistavim crnim cipelama
s visokim štiklama 
večito si psovala kad 
popiješ
kosa ti je opadala,a ti
htela da eksplodiraš
od onog što te mučilo
od trulih sećanja na
trulu
prošlost i
na kraju si
pobegla od njih
u smrt
i ostavila me sa 
trulom 
sadasnošnjicom
mrtva si već 
28 godina
a ipak te bolje pamtim
nego ma koju drugu;
bila si jedina 
koja je shvatila
uzaludnost
našeg života;
sve druge bile su samo
nezadovoljne
trivijalnim glupostima
besmisleno se ždrale
zbog
besmislica.

Džejn, tebe je
ubilo to
što si previše znala.
dižem piće 
za tvoje kosti
o kojima
ovaj ker
još uvek
sanja.
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Делчиња

Пишување by zbunet Саб Сеп 14 2013, 15:23

Кога не гледаш начин
не гледаш ни смисол,
кога нема смисол
се надеваш на привремноста
на смисолот и бесмисленоста,
а секогаш се појавува само нов начин,
кој на почеток изгледа со смисол или бесмислен,
а со време станува бесмислен или со смисол.
Секогаш можело и подобро
иако не знаеме дали можело тоа да значи полошо,
колку да си кажеме,
колку време да помине,
иако сме можеле многу работи да премолчиме
некој момент не’ натерал да ги кажеме
за да имаме зошто потоа да се каеме
за да имаме што да си ветиме
дека нема го да повториме
тоа кое не’ вознемирува
додека како камелеон не ја смени бојата
и повторно не го препознаеме.
Како и да е,
само сме делче од сликата голема
како мравки кои никогаш не креваат глава нагоре
дводимензионални
како што се доброто и злото,
но не затоа што сме глупави,
туку едноставно таа слика не е за нас.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Вто Сеп 17 2013, 18:30

Sekogas mozelo i podobro, besmisleno so smisol! ... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пон Окт 07 2013, 12:25

Kroj

Ukrašću tvoju senku, obući je na sebe i
pokazivati svima. Bićeš moj način odevanja
svega nežnog i tajnog. Pa i onda, kad
dotraješ, iskrzanu, izbledelu, neću te sa sebe
skidati. Na meni ćeš se raspasti.
Jer ti si jedini način da pokrijem golotinju
ove detinje duše. I da se više ne stidim pred
biljem i pred pticama.
Na poderanim mestima zajedno ćemo plakati.

Zašivaću te vetrom. Posle ću, znam, pobrkati
moju kožu s tvojom. Ne znam da li me
shvataš: to nije prožimanje.
To je umivanje tobom.

Ljubav je čišćenje nekim. Ljubav je nečiji
miris, sav izatkan po nama.
Tetoviranje maštom.

Evo, silazi sumrak, i svet postaje hladniji.
Ti si moj način toplog. Obući ću te na sebe
da se, ovako pokipeo, ne prehladim od
studeni svog straha i samoće.

Mika Antic
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 33 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 33 of 35 Previous  1 ... 18 ... 32, 33, 34, 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот