Поезија
+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 2 of 35
Страна 2 of 35 • 1, 2, 3 ... 18 ... 35
Re: Поезија
Живеењето во два света не е својствено на човекот, ниту пак е карактеристика на земскиот живот.
Животот е убав и затоа уживај во него...
Животот е убав и затоа уживај во него...
keti
Re: Поезија
Не оди си,
тука никому не му е гајле за тебе,
таму секако ќе успееш
можеби и среќа од срце ќе ти сакаат
тука само ќе ти завидуваат
ќе глумат,
а ќе те мразат,
зарем не е вака повозбудливо?
тука никому не му е гајле за тебе,
таму секако ќе успееш
можеби и среќа од срце ќе ти сакаат
тука само ќе ти завидуваат
ќе глумат,
а ќе те мразат,
зарем не е вака повозбудливо?
Кидман
Млитав и мек
Сега можам
само млитаво да те сакам
таму каде бев
ме исцицаа,
гушни ме,
дај ми да цицам од тебе
насмевка да ми се врати,
тврдо да те зграбам,
во неочекуван момент
додека мислиш дека дремам
додека очекуваш да клапнам на страна
како лигав и мек.
Приближи се поблиску
дај ми енергија
да цицнам уште малку
нешто во мене почнува да ржи
се чувствува.
само млитаво да те сакам
таму каде бев
ме исцицаа,
гушни ме,
дај ми да цицам од тебе
насмевка да ми се врати,
тврдо да те зграбам,
во неочекуван момент
додека мислиш дека дремам
додека очекуваш да клапнам на страна
како лигав и мек.
Приближи се поблиску
дај ми енергија
да цицнам уште малку
нешто во мене почнува да ржи
се чувствува.
zbunet
Бакнеж кој врие
Гледам дим
оган нема
тоа од ушиња пареа ти излегува,
дај да те гушнам
ушиња да ти бацам,
а ти се тргаш
да бегам ми викаш.
Ама ти си мојот образ,
зар ти личам на таков
кој сака шамари да си мава?
Ти си мојата душа,
зар ти личам на некој,
кој сака вампир без душа да биде?
Не ме разбирај погрешно
тогаш ни сам нема да можам да се разберам,
само гушни ме
тоа го барам цело време.
Ќе кенкаш малку
ама ќе ти се излигавам
да ми простиш мораш,
иако не знам за што.
не е важно,
крив сум,
само исправи се,
знам дека и погача сакам
се гледа дека сакам и да ме бакнеш
со спремни усни те чекам.
оган нема
тоа од ушиња пареа ти излегува,
дај да те гушнам
ушиња да ти бацам,
а ти се тргаш
да бегам ми викаш.
Ама ти си мојот образ,
зар ти личам на таков
кој сака шамари да си мава?
Ти си мојата душа,
зар ти личам на некој,
кој сака вампир без душа да биде?
Не ме разбирај погрешно
тогаш ни сам нема да можам да се разберам,
само гушни ме
тоа го барам цело време.
Ќе кенкаш малку
ама ќе ти се излигавам
да ми простиш мораш,
иако не знам за што.
не е важно,
крив сум,
само исправи се,
знам дека и погача сакам
се гледа дека сакам и да ме бакнеш
со спремни усни те чекам.
zbunet
Малиот Магеланов Облак
Би сакал секогаш да го можам
тоа кое ти треба,
мојата визија да не ми досаѓа,
да ми брбори за некои цели напредни,
ти чекаш,
а јас се мислам дали вреди понатака
се колебам,
а тешко ми е да се вратам од каде почнав
требаше поинаку да биде.
Можеби сево ова е само обичен сон
можеби ќе се разбудам како беше
да отфрлам секој друга цел
да те гушнам и погледнам
да признаам,
колку глупав бев.
Малиот Магеланов Облак само ме лажеше
мислев таму е мојот дом,
тој бил само слуга на Големиот.
тоа кое ти треба,
мојата визија да не ми досаѓа,
да ми брбори за некои цели напредни,
ти чекаш,
а јас се мислам дали вреди понатака
се колебам,
а тешко ми е да се вратам од каде почнав
требаше поинаку да биде.
Можеби сево ова е само обичен сон
можеби ќе се разбудам како беше
да отфрлам секој друга цел
да те гушнам и погледнам
да признаам,
колку глупав бев.
Малиот Магеланов Облак само ме лажеше
мислев таму е мојот дом,
тој бил само слуга на Големиот.
zbunet
Re: Поезија
zbunet напиша:....
а јас се мислам дали вреди понатака
се колебам,
а тешко ми е да се вратам од каде почнав
...
ех, Хамлете
а сепак ова е а не психоанализа и затоа еве ти од мене едно и
Александра
Шизик
Ти седиш
јас те гледам
врапче сум
гледам трошки во твоето крило.
Сакам да слетам
често прекрстуваш нозе
се плашам да не ме натиснеш.
Цел ден би те колвал
не би застанал
низ тебе би потскокнувал
на увце би ти запеал
од тебе би се трлал
среќен во твоето крило би заспал
дур пердуви ми чешкаш.
Отвори ми прозор
ќе ризикувам
што и’ да ми правиш
ќе издржам
шизик сум.
јас те гледам
врапче сум
гледам трошки во твоето крило.
Сакам да слетам
често прекрстуваш нозе
се плашам да не ме натиснеш.
Цел ден би те колвал
не би застанал
низ тебе би потскокнувал
на увце би ти запеал
од тебе би се трлал
среќен во твоето крило би заспал
дур пердуви ми чешкаш.
Отвори ми прозор
ќе ризикувам
што и’ да ми правиш
ќе издржам
шизик сум.
zbunet
Чукање
Отвори ги очите
или затвори ги
секако ќе ме видиш.
Побарај некоја слика друга
ниедна нема така да те привлече,
мислите секогаш ќе ти лутаат немирно
што и да правиш,
додека ме има
мир нема да имаш.
Премногу работи заедно направивме
премногу работи се врежаа,
со мене премногу работи имаш
со мене полна си.
И ако ти е,
нека ти е,
мислиш поарно ми е?
Се збудалев по тебе,
може и повеќе
низ мојот крвоток се возиш,
го зовриваш,
од срцето мое тапан правиш,
кога ли последен пат
мирно чукаше?
Да се сетам невозможно е,
насетувам само,
ако те снема,
најмирно ќе застане
како никогаш да не чукало.
или затвори ги
секако ќе ме видиш.
Побарај некоја слика друга
ниедна нема така да те привлече,
мислите секогаш ќе ти лутаат немирно
што и да правиш,
додека ме има
мир нема да имаш.
Премногу работи заедно направивме
премногу работи се врежаа,
со мене премногу работи имаш
со мене полна си.
И ако ти е,
нека ти е,
мислиш поарно ми е?
Се збудалев по тебе,
може и повеќе
низ мојот крвоток се возиш,
го зовриваш,
од срцето мое тапан правиш,
кога ли последен пат
мирно чукаше?
Да се сетам невозможно е,
насетувам само,
ако те снема,
најмирно ќе застане
како никогаш да не чукало.
zbunet
Твој свет
Знам,
дека ми се чини дека знам,
молкот ми кажува дека ништо не знам.
Знаеш,
но некогаш е толку малку,
сакаш дело на видело,
треба моќ
на бел ден да ме видиш
од сенка излезен
кон престол ветен
на раце да те однесам.
Имам моќ на обичен смртник,
подмолен да бидам не сакам
не по секоја цена,
тебе те сакам
ме восхитува твојата цена,
од се’ да се откажам
само твој да бидам.
Не ми е тешко да се откажам
ионака никој не купува,
ионака ништо од тебе нема поважно,
само сакав да се правам важен пред тебе,
од сите страни да те зграпчам,
само твој свет да бидам,
стариот да го заборавиш
ионака умира,
останатите,
ионака не сфаќаат.
дека ми се чини дека знам,
молкот ми кажува дека ништо не знам.
Знаеш,
но некогаш е толку малку,
сакаш дело на видело,
треба моќ
на бел ден да ме видиш
од сенка излезен
кон престол ветен
на раце да те однесам.
Имам моќ на обичен смртник,
подмолен да бидам не сакам
не по секоја цена,
тебе те сакам
ме восхитува твојата цена,
од се’ да се откажам
само твој да бидам.
Не ми е тешко да се откажам
ионака никој не купува,
ионака ништо од тебе нема поважно,
само сакав да се правам важен пред тебе,
од сите страни да те зграпчам,
само твој свет да бидам,
стариот да го заборавиш
ионака умира,
останатите,
ионака не сфаќаат.
zbunet
Страна 2 of 35 • 1, 2, 3 ... 18 ... 35
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 2 of 35
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот