МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 3 of 35 Previous  1, 2, 3, 4 ... 19 ... 35  Next

Go down

Поезија - Page 3 Empty Натепан болен човек

Пишување by zbunet Вто Мар 01 2011, 00:13

Сега
настинат сум
телото ме боли
во глава ми се врти
ми се чини
време за збогување е дојдено
памти ме по добро
ако имаше такво,
и не ме тепај,
полесно ми е глупости кога зборам
така се лечам
делува
проверено е.
Кога зборувам глупости
вирусот го бркам
да зажали што кај мене дошол
и затоа ретко кај мене иде
а ти си колатерална штета
кога експлозија од глупости ќе активирам.
Не ти е смешно
иако со очи на пола копје
сепак можам да видам
ќе легнам
глава ми тежи
најверојатно нема никогаш повеќе да станам,
не ме тепај
телото ме боли
болен човек не се тепа.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Мал ни’ е

Пишување by zbunet Вто Мар 01 2011, 11:07

Чекаме
исти да бидеме
различни сме
такви и ќе останеме
никој не се откажува од своето
ако се откаже
навидум е само.
Оној дел кој ни’ е ист
на почеток само задоволува
а потоа оргазмите изостануваат
ретки стануваат
значи мал ни’ е.
Обвинувања
затоа што сме такви родени
требаше да не’ нацрта
некој кој знае што ни’ треба
кој требаше да знае кој со кого ќе биде.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Тесна патека

Пишување by zbunet Вто Мар 01 2011, 12:27

Само гушни ме
тоа ми треба
се надевам и тебе
насмевни се
надвор е облачно
сонце ми треба
ладно ми е на душава
просто кажувам
не комплицирам.
Не можеш ни да замислиш
колку сум нежен и кршлив
тесна е патеката,
а околу провалии
во нив нечии заби чекаат
само за месо се гладни,
таму нема бакнежи.
Изморен сум од рамнотежи
дај да паднам во твоја прегратка
од тебе повеќе да не станам
светот е толку страшен
а ти си толку мила.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Сре Мар 02 2011, 00:34

Поезија - Page 3 Images?q=tbn:ANd9GcTwaT-CXLv25-UJxVWrUGovgyEUQfSay5HU6gZF6WOLqlVYeD4b5Q
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Сре Мар 02 2011, 12:33

Знаеш ли како е
да си овде кај што сум
сред болка и смрт

Не,не знаеш
не ни можеш...
можеш само да замислиш
А јас често го гледам
оној без лице,но со коса во рака
вредно си работи
по некој несфатлив распоред

Како мајка што ги фрла
скршените играчки
и на која не треба да и се лутиме
оти ...доаѓаат нови
и нема веќе место за старите

Сите го гледаат
но,се прават луди
подобро е така
полесно...

Само се лажеме
дека ќе му избегаме
оној ден кога ќе влезе
без да заѕвони.
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Мар 02 2011, 13:41

palce bravo
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Правецот на кометата

Пишување by zbunet Сре Мар 02 2011, 21:44

Некои морски бранови
зад нив полна месечина,
стојам сам.
Крајот го нема
водата се спојува со вселената
ѕвездите се капат
небото е чисто,
денеска сум тука
утре не,
а ова ќе остане.
Треба да се вратам кај тебе
сакав нешто да ти донесам,
бар ѕвездени капки,
бар малку месечева светлина,
а тука полно ја има.
Комета се распрсна
во правецот каде треба да тргнам,
помислив желба
нашето да остане,
зошто и кометата беше,
но веќе ја нема.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Птица

Пишување by zbunet Чет Мар 03 2011, 18:28

Да заминам
нешто ми вели
да исчезнам
без да се збогувам,
дадов се’ што имав
малку беше
немам веќе.
Да се претворам во нешто друго
повторно да почнам
тоа е правиот одговор,
не бев за човек
за птица одсекогаш бев
веќе лебдам
од земја се одвојувам.
Може само ми се чини
сакам да е вистина
сакам да сум птица
повеќе ќе бидам,
да се биде човек
премногу е досадно веќе.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пет Мар 04 2011, 00:05

Поезија - Page 3 Images?q=tbn:ANd9GcTBtSPyVg9Rx35aGveCziHdoqNrchN3LV93BuT4eL5bvfBOQyc-Zw
Жар-птица?
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пет Мар 04 2011, 00:36

smesko
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Единствена женственост

Пишување by zbunet Пет Мар 04 2011, 01:19

Додека спиеш
со усните минувам низ твоето лице и тело
гласно издишувам
ги растерувам сомнежите
како ѓаволчиња се разбегуваат
се топат меѓу сенките
остануваш осветлена од месечината
несомнено си единствена.
Насмевка се пружа кон мене
не сакам да ја расипам глетката
го доближувам прстот меѓу твоите усни
за сега сакам само да те гледам.
Ги затворам очите
појасно те гледам
го слушам твоето мирно дишење
го слушам тактот на твоето срце
слушам нежна музика.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Лесен трк

Пишување by zbunet Нед Мар 06 2011, 02:04

Искра светлина
над тебе лебди
секаде те прати
лесно те наоѓам
ниедна темнина не ми е закана
откако знам што сакам.
Лесно ми е сега
лесен како пердув
на врвот боја од душата моја
на срцето твое
моето име го испишувам.
Сигурен сум сега
ништо не може да ми те одземе
мирот ме носи
се’ друго е смешка и пародија
шупливи гранки паѓаат пред мене
лесно ги прескокнувам,
кон искрата светлина се упатувам
ветерот фучи околу моите уши
никогаш не сум можел да трчам вака брзо.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by Кидман Нед Мар 06 2011, 09:59

guska
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Еднаш во милион години

Пишување by zbunet Нед Мар 06 2011, 14:05

Едноставно пак ми се спие
едноставно одсекогаш сакав,
кривини и вијугави патишта ме заморуваат
нема амортизација
тврдо возење исцрпува,
а веќе трае бескрајно долго.
Едноставно гледам во една точка
ветерот нека си дува
тоа си е негова работа
не ме загрижува.
Од многу работи сум поразличен
со многу немам што да си кажам
не дека сум подобар
само сум поинаков.
Знам дека во секој камен
се крие дијамант
секој некаде вреди,
но не секаде.
Не можам да жалам
вселената е предалеку,
а и ти понекогаш
си галаксија со твои ѕвезди
јас со мои,
не можеме да се жалиме
затоа што еднаш во милион години се доближуваме,
но иако е кратко
сепак вреди повеќе.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Нед Мар 06 2011, 14:37

Поезија - Page 3 Images?q=tbn:ANd9GcS0gXm6Vm8omqSq6yd_3go91RFvgapO0jlAFTRaW1WMmFAKzHbZ
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Нед Мар 06 2011, 16:45

Поезија - Page 3 311244 Поезија - Page 3 125943
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Провокација

Пишување by zbunet Вто Мар 08 2011, 19:25

Можам да здивнам
добив многу од тебе,
па не треба и да претерувам
да беше некој друг,
каква си
немаше ништо да добиеше,
но каков сум,
мораше да ми се дадеш
и повеќе од колку знаеше.
Те научив на љубов
иако ни јас не знаев,
ме провоцираше да ти се посветам
повеќе од колку сум мислел дека можам,
не ни знаеше дека до толку ме провоцираш
само беше таква каква си.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Вто Мар 08 2011, 20:58

Поезија - Page 3 Images?q=tbn:ANd9GcQKJ6a5G7-uR-GxxXQvIoH4xo-fq1OYdpWh2b2U6qwR3QwXcs12
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Вто Мар 08 2011, 21:47

Поезија - Page 3 Images?q=tbn:ANd9GcQO4gBv3WaCrVqRQMacFltrjO_rjM-9DUGmBTbaYQ7qwWCF3GSy
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Мар 09 2011, 10:05

Поезија - Page 3 E7f0bd56caed4cc2efb3c4d44b3bacf0
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty LIBERTATI VIAM FACERE - Отварање на патот кон слободата

Пишување by zbunet Пет Мар 11 2011, 18:10

Ars poetica,
libertati viam facere
sapienti sat,
lapsus calami
audaces fortuna iuvat.
In dies
dies diem docet,
in spe
inter nos
nosce te ipsum,
ipso facto
eo ipso,
se ipsum vincere pulcherrima res est
quod rarum carum.


Поезија,
отварање на патот кон слободата
за паметниот е доволно,
грешки во пишување
на храбрите среќата им помага.
Од ден во ден
денот денот го поучува,
во надеж
меѓу нас
запознај се самиот себе си,
со самиот чин
со самото тоа,
најубавата работа е да се победиш самиот себе
се‘ што е ретко е драго.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by Кидман Пет Мар 11 2011, 20:13

чек чек чек... шо е ова двојазичности,
Рамковен договор?
Поезија - Page 3 497844
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пет Мар 11 2011, 22:56

kez Sum se oprobuval na drugo jazicno podracje
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Саб Мар 12 2011, 14:55

кога човек го бива, го бива на секое (јазично) подрачје Поезија - Page 3 762431
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Саб Мар 12 2011, 16:04

Го бива...да, ова веќе не се трпи... kez guska
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 3 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 35 Previous  1, 2, 3, 4 ... 19 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот