Пред и потоа
+5
Тото
fragola
Александра
trpe
zbunet
9 posters
МЕКИЦИ :: СКОКОТЛИВО :: БРАК
Страна 8 of 11
Страна 8 of 11 • 1, 2, 3 ... 7, 8, 9, 10, 11
Re: Пред и потоа
Но, има и случаеви каде поради здебелување на „до малиот прст“ се заглавил прстенот и си останал на истото место...
keti
Re: Пред и потоа
Епа, останете си на истата тежина Ај,жените имаат изговор, бременоста.Ама маж штом се ожени,веднаш се здебелува.
Последната промена е направена од hot nurse на Вто Ное 09 2010, 16:23. Мислењето е променето 1 пати
the nurse
Re: Пред и потоа
Многу е поважно да се остане во истиот брак, без оглед дали прстенот се заглавил или е поместен на малиот прст
alisa
Re: Пред и потоа
За општо добро на сите, да....Инаку последиците се катастрофални, најмногу за поколението... Овде не се земени во предвид чувствата на брачните партнери ...тие мора сами да се погрижат за себе и да си го сменат својот поглед на заедничкиот живот...Прашање е само кој ќе излезе победник во таа битка!...
keti
Re: Пред и потоа
Сликата погоре е дадена само како пример како треба да се постават прстите за да се провери легендата, но не ни е познато дали демонстраторот е женет, (мажена) или само „така“ носи прстен!
alisa
Re: Пред и потоа
Најважни се децата.Прстенот не е важен,но отсликува обично што носиш во срцето
the nurse
Re: Пред и потоа
keti напиша:За општо добро на сите, да....Инаку последиците се катастрофални, најмногу за поколението... Овде не се земени во предвид чувствата на брачните партнери ...тие мора сами да се погрижат за себе и да си го сменат својот поглед на заедничкиот живот...Прашање е само кој ќе излезе победник во таа битка!...
На која битка мислиш, на бракот? Нормално е дека прстенот не ги држи брачните другари заедно, во легендата се објаснува само симболиката, односно зошто е „обичај“ прстенот при венчавањето да се става баш на тој прст, а не дека тие ќе останат врзани вечно заедно (само затоа што го ставиле прстенот баш на тој прст)иако не сакаат!
alisa
Re: Пред и потоа
Овде само ја проширивме темата, и мислам дека е тоа добро...
А сега да го објаснам она што го напишав погоре: Доколку има несогласување во бракот, најмногу страдаат децата, но и брачните партнери. Несогласувањето настанува поради различните погледи на заеднички живот, што значи дека е потребно усогласување на ставовите, или во краен случај, за општо добро на сите, потребно е партнерите да се променат самите себе си и да си ја пронајдат убавината во заедничкото живеење...
А сега да го објаснам она што го напишав погоре: Доколку има несогласување во бракот, најмногу страдаат децата, но и брачните партнери. Несогласувањето настанува поради различните погледи на заеднички живот, што значи дека е потребно усогласување на ставовите, или во краен случај, за општо добро на сите, потребно е партнерите да се променат самите себе си и да си ја пронајдат убавината во заедничкото живеење...
keti
Re: Пред и потоа
alisa напиша:Кинеската легенда тоа го објаснува мошне едноставно и уверливо.
Палците ги претставуваат родителите.
Показалците се браќата и сестрите.
Средниот прст си ти.
Четвртиот прст е твојот пар (партнер).
Малите прсти се децата.
Сега склопете ги дланките и средните прсти поставете ги како што е прикажано на сликата
1. Обидете се да ги раздвоите палците (родителите), се раздвојуваат затоа што не треба да живеат со вас вечно. Повторно спојте ги.
2. Обидете се да ги раздвоите показалците (браќата, сестрите и пријателите), се отвораат затоа што сите имаат свои животни патишта и заминуваат.
3. Обидете се да ги раздвоите малите прсти (вашите деца) – се отвораат затоа што децата растат и си заминуваат. Повторно спојте ги.
4. Конечно, обидете се да ги раздвоите прстите наменети за вереничкиот прстен. Тоа е невозможно. Судбински сте поврзани и затоа венчалниот прстен се носи токму на овој прст.
БИ САКАЛА ДА ЗНАМ ЗОШТО САМО СРЕДНИТЕ ПРСТИ СЕ СВИТКАНИ ИЛИ ВОВЛЕЧЕНИ КОН ВНАТРЕШНОСТА НА ДЛАНКИТЕ...КОЕ Е НИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ???
keti
Re: Пред и потоа
trpe напиша:Чисто практично:Само на тој начин, до малите прсти не можат да се раздвојат
Јас мислам дека има поинаква симболика...Ако средниот прст сум „јас“, за да имам убав брачен живот треба да се ослободам од сопственото его, и да ги победам сопствените пороци кои можат да ме изманипулираат, а тоа е можно само со голема верба во себе или „молитва“ (таква положба симболички заземаат свитканите прсти и затоа само тогаш не можат да се раздвојат)...Е сега, големината на човекот се состои во тоа што, ако едниот брачен другар ја спознал таа вистина, тогаш треба да му помогне на другиот брачен другар да го стори истото, и така ќе живеат убав живиот и сите ќе бидат среќни, а најмногу децата...
Ова е исто како во приказните со „hаpy end“, но изгледа реалноста е сосема поинаква...
keti
Re: Пред и потоа
Збунет, ти така размислуваш зошто си „збунет“, а Трпе сигурно не го дели твоето размислување зошто мора да „трпи“...
keti
Re: Пред и потоа
Такви како пред сме секој ден на работа,а вечерва како потоа одиме на забава!
the nurse
Страна 8 of 11 • 1, 2, 3 ... 7, 8, 9, 10, 11
МЕКИЦИ :: СКОКОТЛИВО :: БРАК
Страна 8 of 11
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот