Поезија
+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 6 of 35
Страна 6 of 35 • 1 ... 5, 6, 7 ... 20 ... 35
Има - нема
Кога нема друг начин
го завземаш преостанатиот
додека сфатиш дека немало друг начин,
не е тоа губење пат
тоа е единствениот.
Се движиш, не размислуваш
си мислиш можеше и подобро
иако не можеше поинаку,
ти си тој и никој друг
и некој друг посакува да биде ти.
Никој не знае како треба
додека по патот како пијаница се занесува
сака да биде оној кој мисли дека е,
но и сака да го има тоа кое го има некој друг
и ќе го има, но кога нема да му треба
затоа што и тогаш не му требало.
Можеме ако сакаме,
а го немаме
невидена глупост
кој сака да нема?
Тоа е што е,
нема друго
нема ни да има,
а ти занесувај се по патот
ако мислиш дека има.
го завземаш преостанатиот
додека сфатиш дека немало друг начин,
не е тоа губење пат
тоа е единствениот.
Се движиш, не размислуваш
си мислиш можеше и подобро
иако не можеше поинаку,
ти си тој и никој друг
и некој друг посакува да биде ти.
Никој не знае како треба
додека по патот како пијаница се занесува
сака да биде оној кој мисли дека е,
но и сака да го има тоа кое го има некој друг
и ќе го има, но кога нема да му треба
затоа што и тогаш не му требало.
Можеме ако сакаме,
а го немаме
невидена глупост
кој сака да нема?
Тоа е што е,
нема друго
нема ни да има,
а ти занесувај се по патот
ако мислиш дека има.
zbunet
Re: Поезија
zbunet напиша:Кога нема друг начин
го завземаш преостанатиот
додека сфатиш дека немало друг начин,
не е тоа губење пат
тоа е единствениот.
Се движиш, не размислуваш
си мислиш можеше и подобро
иако не можеше поинаку,
ти си тој и никој друг
и некој друг посакува да биде ти.
Никој не знае како треба
додека по патот како пијаница се занесува
сака да биде оној кој мисли дека е,
но и сака да го има тоа кое го има некој друг
и ќе го има, но кога нема да му треба
затоа што и тогаш не му требало.
Можеме ако сакаме,
а го немаме
невидена глупост
кој сака да нема?
Тоа е што е,
нема друго
нема ни да има,
а ти занесувај се по патот
ако мислиш дека има.
колку тажно
Александра
Re: Поезија
А бре Збунет, зошто не збунуваш со ваква поезија...Имало-па немало trepka:
Ајде пишувај малку поведра поезија...
Ајде пишувај малку поведра поезија...
keti
Месечина во магла
Во полусенка седам
цигара по цигара горам,
те гледам
го гледам животот како гори во тебе,
ти не се движиш, играш балет,
само на тебе моите очи не се изморуваат.
Ме знаеш кога во ќош и полусенка седам,
каков сум
кога волкот во мене ми досаѓа
кога ми вели повеќе работи наеднаш да направам
кога сум блокиран
растргнат од повеќе идеи
од кои ниедна не припаѓа на овој свет.
Тогаш само во тебе гледам
за да не истрчам кон мрачните шуми
кон месечина да завивам,
а потоа кон маглата да заминам
од каде потекнувам
каде ми рекоа
дека во овој свет нема ништо да најдам
се излажаа
те гледам
за тебе не знаеа.
цигара по цигара горам,
те гледам
го гледам животот како гори во тебе,
ти не се движиш, играш балет,
само на тебе моите очи не се изморуваат.
Ме знаеш кога во ќош и полусенка седам,
каков сум
кога волкот во мене ми досаѓа
кога ми вели повеќе работи наеднаш да направам
кога сум блокиран
растргнат од повеќе идеи
од кои ниедна не припаѓа на овој свет.
Тогаш само во тебе гледам
за да не истрчам кон мрачните шуми
кон месечина да завивам,
а потоа кон маглата да заминам
од каде потекнувам
каде ми рекоа
дека во овој свет нема ништо да најдам
се излажаа
те гледам
за тебе не знаеа.
zbunet
Re: Поезија
zbunet напиша:Во полусенка седам
...
те гледам
...
... ми рекоа
дека во овој свет нема ништо да најдам
се излажаа
...
за тебе не знаеа.
Александра
Сега знаеме
Сега знаеш дека сум волк
исправен на две нозе,
сега знаеш колку
од светот сум одалечен,
сега знаеш колку вредиш
штом од шума за тебе се спуштив
кога прво мислев дека само обично јагне си.
Се сеќавам колку тогаш се изненадив
само молкум клекнав пред тебе
ржењето го стивнав,
главата ја допре до мојата
ме погледна
почнав да цвилам.
Го напушти стадото
замина со мене.
го отфрли јагнешкото крзно
реши со мене волчица да бидеш,
на месечината те преставив
со зраците не’ погали,
низ шумата
нашето завивање сеуште ечи.
исправен на две нозе,
сега знаеш колку
од светот сум одалечен,
сега знаеш колку вредиш
штом од шума за тебе се спуштив
кога прво мислев дека само обично јагне си.
Се сеќавам колку тогаш се изненадив
само молкум клекнав пред тебе
ржењето го стивнав,
главата ја допре до мојата
ме погледна
почнав да цвилам.
Го напушти стадото
замина со мене.
го отфрли јагнешкото крзно
реши со мене волчица да бидеш,
на месечината те преставив
со зраците не’ погали,
низ шумата
нашето завивање сеуште ечи.
zbunet
Снежен човек
Кога сум крај замрзнатото подземно езеро,
склупчан под мразулци,
го шепотам твоето име
кое беспомошно се губи низ ходниците.
Повремено станувам
и го гледам твојот профил
под дебелиот слој од езерскиот мраз,
безуспешно удирам по него да го разбијам.
Знам дека немам доволно светлина и топлина
да го заживеам ова место,
гледам кон напукнатиот мраз
кој набргу ќе го прекрие нов слој,
посакувам
да се свртиш кон мене.
Пливаш низ потоплите долни слоеви,
не можеш да ме видиш
ниту знаеш каде сум,
ниту колку ми требаш.
Кога би знаела
мразот ќе се стопеше
водата ќе зовриеше,
ќе блеснеше заслепувачка светлина
ова место во вулкан ќе се претвореше.
Тивко е,
го гледам твојот профил под мразот,
можеби и знаеш каде сум
можеби јас сум навистина снежен човек.
склупчан под мразулци,
го шепотам твоето име
кое беспомошно се губи низ ходниците.
Повремено станувам
и го гледам твојот профил
под дебелиот слој од езерскиот мраз,
безуспешно удирам по него да го разбијам.
Знам дека немам доволно светлина и топлина
да го заживеам ова место,
гледам кон напукнатиот мраз
кој набргу ќе го прекрие нов слој,
посакувам
да се свртиш кон мене.
Пливаш низ потоплите долни слоеви,
не можеш да ме видиш
ниту знаеш каде сум,
ниту колку ми требаш.
Кога би знаела
мразот ќе се стопеше
водата ќе зовриеше,
ќе блеснеше заслепувачка светлина
ова место во вулкан ќе се претвореше.
Тивко е,
го гледам твојот профил под мразот,
можеби и знаеш каде сум
можеби јас сум навистина снежен човек.
zbunet
Наивно ветување
Се кажува многу,
се верува малку,
се зема многу,
се дава малку.
Никој наивен не е,
само се препушта на илузијата на надежта
како да гледа филм,
иако крајот го знае,
но бледеат боите во сеќавањата
и затоа се навраќа
иако знае дека новата технологија
нема да го подобри впечатокот,
знае
дека само реклама е.
Не можам да ти ветам,
не можеш да ми ветиш,
дека нема да се навратиме
на наши неразрешени детски дилеми
во возрасна верзија,
последиците се исти,
и тогаш и сега
исто ги доживуваме,
иако никому не му гајле
за тоа што не го добивме,
затоа што секој си има
свое промашено детство.
се верува малку,
се зема многу,
се дава малку.
Никој наивен не е,
само се препушта на илузијата на надежта
како да гледа филм,
иако крајот го знае,
но бледеат боите во сеќавањата
и затоа се навраќа
иако знае дека новата технологија
нема да го подобри впечатокот,
знае
дека само реклама е.
Не можам да ти ветам,
не можеш да ми ветиш,
дека нема да се навратиме
на наши неразрешени детски дилеми
во возрасна верзија,
последиците се исти,
и тогаш и сега
исто ги доживуваме,
иако никому не му гајле
за тоа што не го добивме,
затоа што секој си има
свое промашено детство.
zbunet
Модра иднина
Знам дека си лоша
бесна, будалеста,
ама не можам да престанам да те сакам.
Знам дека би сакала
во машина за мелење месо да ме ставиш,
ама од кај нозете
за да слушаш како се дерам
и потоа на в’ците да ме даеш
во шум’та тамо кај најтемно е,
врани очи да ми колваат.
Оти не сум умен,
оти те нервирам,
викаш дека сум провоцирачки гад,
викаш, не велиш,
оти наглув се праам,
и те третирам како трофеј
на ѕид закачена
и пак одам кон шум’та тамо
и други ѕверки да ловам
колку подиви толку поарно
оти ми мрда г’зот
да седам мадро не умеам,
за мене викаш само модро добро ми стои.
бесна, будалеста,
ама не можам да престанам да те сакам.
Знам дека би сакала
во машина за мелење месо да ме ставиш,
ама од кај нозете
за да слушаш како се дерам
и потоа на в’ците да ме даеш
во шум’та тамо кај најтемно е,
врани очи да ми колваат.
Оти не сум умен,
оти те нервирам,
викаш дека сум провоцирачки гад,
викаш, не велиш,
оти наглув се праам,
и те третирам како трофеј
на ѕид закачена
и пак одам кон шум’та тамо
и други ѕверки да ловам
колку подиви толку поарно
оти ми мрда г’зот
да седам мадро не умеам,
за мене викаш само модро добро ми стои.
zbunet
Страна 6 of 35 • 1 ... 5, 6, 7 ... 20 ... 35
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 6 of 35
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот