МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 20 of 35 Previous  1 ... 11 ... 19, 20, 21 ... 27 ... 35  Next

Go down

Поезија - Page 20 Empty Непроменети

Пишување by zbunet Пон Јан 16 2012, 23:45

Не се доближувам
далечен сум,
а сепак ми е добро кога те гледам,
ги затворам очите и сакам да те слушам.
Не е важно што ќе речам,
ветувања,
не ги исполнувам често,
како кога силно ќе светне сонце
и набргу облак ќе наиде.
Сепак не сум само за денес,
не е ни важно дали ќе ме има и утре,
не е важно какво сеќавање ќе остане
ако го немаме и тогаш тоа кое го имаме сега,
а ова сега бргу ќе замине
ако и покрај се’ не успееме да останеме
вакви какви сме сега,
непроменети.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Вто Јан 17 2012, 10:03

Nepromenlivo... backa
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Вто Јан 17 2012, 23:17

fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Вообичаено

Пишување by zbunet Пон Јан 23 2012, 11:59

Со првата студена вода на лицето
вообичаена мисла ми поминува:
„ Не е можно дека е волку глупав животот“.
Бришејќи се, се обидувам да се сетам на сонот,
можеби има некоја скриена порака,
вообичаено се сетувам само на некои ќошови од некои места
и лица за кои не сум сигурен дека биле тие,
повторно ми останува да се снаоѓам само со тоа кое го гледам
ионака невидливото е само е потпора на видливото.
Додека го варам кафето,
помислувам на сите оние луѓе кои веќе ги нема
кои се маткале низ време кое сега го нарекуваме историја,
од прв до последен сите лузери,
некоја надеж во мене ја пратам со подсмев
дека ќе бидам првиот,
сркнувам од кафето,
се смешкам на стариот виц
дека секогаш ќе бидам вториот.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Јан 25 2012, 04:44

Како да ти одговорам на оваа поезија-проза кога кај мене пак се е невообичаено...и можеби е подобро и поинтересно така...А што и ти не си направиш да ти биде невообичаено поинтересно... И ај наздравје нека ти е кафето... backa guska
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Јан 25 2012, 16:33

vrv
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Фед 01 2012, 20:27

Понекогаш,
а можеби и е почесто,
можеби бргу заборавам,
можеби е само хронична состојба.
Кога сум сам
во стадиум на осаменост најдалечна
кога не верувам никому,
а можеби често тоа го правам,
тешко е во себе да се гледа
а уште потешко да се биде еден од многуте,
зар светот не требаше да се врти околу мене?
Уште како мал посакував да е така,
никогаш не беше,
само тоа што како грабливец успевав да го грабнам.
И тебе те грабнав
никогаш ништо не ми дојде само од себе,
молчам,
затоа што нема да ми поверуваш,
молчам,
затоа што само јас си знам како е.
Мислиш дека нашево љубов е
мислиш дека како нашево нема,
се надевам дека не те повлеков со мене
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Бакнати колена

Пишување by zbunet Вто Фед 07 2012, 09:52

Кога на тебе помислувам,
а моите раце се празни,
тогаш ми изгледаат толку многу големи
како промаја низ нив да бие,
дури ми се чини како ветерот да свирка
дури ми се чини како трња и боцки да никнуваат.
Твоите очи и усни како пеперутки леткаат низ моите мисли,
да ги задржам се обидувам,
но тие се немирни
а јас спор и бргу се изморувам,
успевам само колената да ти ги бакнам
додека тешка завеса се спушта,
додека воздивнувам
и низ прозорецот гледам.
Знам дека морам да чекам
но, тешко е кога не ми се чека,
од тебе секогаш ми е малку,
а знам дека има уште многу.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Вто Фед 07 2012, 20:57

Чекањето е понекогаш,слатко измачување kez
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Секогаш и сега

Пишување by zbunet Пет Фед 10 2012, 22:26

Прегрни ме
само тоа ќе остане
животот не’ спои
тој и ќе не’ одвои
кратко е времето
посебно за убавите нешта.
Да се даде се’ од себе
додека е пружена шанса
во овој краток живот
без грижи и сомнежи
тоа што ќе остане недадено
во талог ќе се претвори
ќе остане да тежи
со мислата дека и подобро можеше
додека можеше.
Отвори ги очите и кажи ми дека ме сакаш
кажи ми дека секогаш ќе бидеш за мене тука
иако секогаш е само сега
иако само сега живееме.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Пон Фед 13 2012, 02:52

kolku ubavo, toj do tebe da te razbudi od sladok son za da ti go kaze ova :)
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пон Фед 13 2012, 12:21

kez fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Баш заради мене

Пишување by zbunet Саб Фед 18 2012, 19:07

Понекогаш се чувствувам
како сам на плажа да стојам,
во морската далечина гледам
таму каде се спојува со небото,
од каде мислам дека дојде,
баш заради мене
и не за никој друг
знаејќи ја баш мојата вредност,
а не мојата мрзливост.
Претходно само во соновите те среќавав
како топче светлина кое секаде ме следеше,
додека заменував години за минути
меѓу светови во кои без разбирање гледав,
меѓу суштества кои крај мене пролетуваа,
не ми се обраќаа
како нешто малечко ме гледаа,
а ти сепак никогаш не ме напушти.
Сега зад мене чувствувам топлина и сјајна светлина,
топчето порасна,
ги слушам твоите боси нозе како шушкаат по песокот
меѓу илјадници би ги препознал,
мојата дремка заврши
срцето како будилник ме буди,
се вртам кон тебе додека се’ повеќе растам
заедно со насмевката која сега секогаш ме следи.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Нед Фед 19 2012, 15:53

Баш... wow
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пон Фед 20 2012, 00:07

fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Големи сме веќе

Пишување by zbunet Пет Мар 02 2012, 19:42

Нема да те оставам
и да сакаш тоа нема да се случи
и да ти е сеедно
по други нема да гледам.
Голем сум веќе
и веќе знам што сакам,
а нема друга како тебе,
не сум ни јас од вчера
впрочем сега повеќе знам и што зборувам.
Не ме терај плоча на куќа да ставам,
ама знам да те сакам
сега кога те најдов,
а ти се заеба и ми се подаде,
пуштање веќе нема,
од пајак бетер сум со това мрежите.
Знам дека ќе се будиш в рани зори
и на мене ќе мислиш,
малце и маѓија праам,
ама само малце,
колку у шахта да не пропаднеш
или не дај боже у бандера да се акнеш.
И комплименти кога ти делат,
се лигават глупо,
демек си ваква,
демек си онаква,
тебе смешни и малецки секогаш ќе ти бидат,
затоа што ме сметаш за џин џиновски
кому пупакот е над облаците,
а ти пружаш рака
нешто меко пипаш
и се секогаш две,
а погоре има и нешто тврдо и едно.
Се насмевнуваш
знаеш дека сум јас,
дека друг таков нема
дека голема си и ти,
и веќе знаеш што сакаш.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Нед Мар 04 2012, 13:25

Поезија - Page 20 66078 Поезија - Page 20 944621
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Мар 04 2012, 23:54

fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Твоите пет минути

Пишување by zbunet Чет Мар 08 2012, 00:03


Пустелија или бледи фаци
се лигават,
со очи од волк
вратот ти го меркаат,
дали ќе пасува.
Ќе зафатиш некое ќоше од светот
а таму всушност провалија имало,
нормално,
никој нема да ти го купи.
Се обидуваш да ја прифатиш својата среќа
носејќи мачка во вреќа,
мрда нешто внатре,
се надеваш подгрбавен од попуштање
дека твоите пет минути доаѓаат.
Подобро,
не брзај да ја отвориш вреќата,
подолго ќе се радуваш затоа што се надеваш,
а која друга среќа виде сем надежта?
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Саб Мар 10 2012, 01:34

i toa ke mine Поезија - Page 20 151405
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Саб Мар 10 2012, 17:11

guska
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Нед Мар 11 2012, 00:16

Поезија - Page 20 125943
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Никогаш не знаеме

Пишување by zbunet Нед Мар 11 2012, 20:12

Кога бик ќе се заплетка во ограда,
каење и немоќ во пресрет му доаѓаат,
кога штурецот погрешно ќе го разбере зимското сонце,
последната песна на снегот ќе ја испее,
и така ќе остане,
како споменик од некое време,
кога дозволено му беше
да владее со некое ќоше од светот,
мислејќи дека е тоа светот.
Многу војски поминаа,
ништо не освоија,
заради некој кој мислеше дека е бог кој вечно ќе живее,
многу жени оставени беа,
на милост и немилост,
зар водачот поголема љубов може да пружи
од таа жена која може да пружи?
Некогаш бевме иднина која станува минато,
никој нема да знае како ни’ беше,
како и сега кога не знаеме кој постоеше,
а кој не,
помеѓу бајки, приказни, понекоја паричка или ќупче,
но докази за љубов никогаш не пронајдоа.
Можеби сме првите,
а можеби последните,
кои веруваат во нешто што се распаѓа,
или почнува да постои.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Нед Мар 11 2012, 22:16

Во која категорија влегува оваа поезија...во оптимистичка или песимистичка...поезија kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Мар 11 2012, 23:02

Poezijata e sloboden nacin na izrazuvanje oslobodena od sekakvi pravila ili kategorii. Natprevar vo poezija za mene e anatema - nevidena glupost smesko
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 20 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 20 of 35 Previous  1 ... 11 ... 19, 20, 21 ... 27 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот