МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 19 of 35 Previous  1 ... 11 ... 18, 19, 20 ... 27 ... 35  Next

Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Нед Дек 18 2011, 12:40

zbunet напиша:Додека очекуваш
додека ме гледаш
или ја вртиш главата на друга страна,
знам дека ништо не постои,
но знам дека постоиш
затоа што јас те замислив,
како ли инаку ќе испаднеше така совршена?
Додека те гледам
или на тебе помислувам
исти чувства низ мене струјат,
па кажи ми ти сега каде е разликата?
Нема цврсти вредности за кои би можеле да се држиме
само еха од колебливи состојби,
кој би кажал дека заедно би требало да бидеме?
Ако кажеа дека сме добар пар,
дали ќе бевме?
Или нешто ќе ни’ недостасуваше
нешто,
наречено слободна воља.
Те допирам
па потоа се сеќавам,
исто крвта ми зоврива,
во ниеден детал не ми се менува љубовта кон тебе,
кажи ми,
зошто разликата не ја согледувам?

se klanja
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Дек 18 2011, 14:52

guska
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Нед Дек 18 2011, 22:11

Кидман напиша:mnogu ubava, mnogu Поезија - Page 19 151405

p.s. i avatarot mnogu ubav Поезија - Page 19 151405

se slozuvam 100% + 2 komentara na komentar

za prviot red: kada voljem - voljem
za vtoriot red: kad ne voljem - koljem
Поезија - Page 19 Cinema_h_77
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Нема везе

Пишување by zbunet Пон Дек 19 2011, 11:53

Додека маглата ги пригушува моите чекори
одам само право
не е важно, нема везе,
сите патишта ионака не водат никаде
ионака се’ со нас почнува и завршува
оделе или стоеле
биле раздвоени или споени
најчесто се сведува на немање везе.
Додека ги слушаме птиците
кои не заминаа на југ
останаа со нас да делат слична судбина,
но тие бар пеат уште на првата шанса,
а нам,
нам ни’ треба мноогу повеќе
бар за недовршен рефрен.
Знам дека се сеќаваш на сите оние ѕвезди
кои не ти ги симнав
знам дека се надеваш или делуваш помирено
само затоа што моите радости и таги ме изедначуваат со боговите,
затоа што знам да те внесам бар малку таму каде сум најчесто јас,
но понекогаш не веруваш дека е тоа поважно
понекогаш бараш да бидам какви се и другите
бар тие подобрите,
а не можам ниту некогаш ќе сакам,
не дека на некое важно место ќе стигнам ваков каков сум,
не дека нешто повеќе ќе пружам
затоа што сум сепак обичен
а сепак толку различен.


Последната промена е направена од zbunet на Пон Дек 19 2011, 12:38. Мислењето е променето 1 пати
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пон Дек 19 2011, 12:02

Nema veze... gal guska
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пон Дек 19 2011, 12:23

И така то nema pravda
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Прв чекор

Пишување by zbunet Чет Дек 22 2011, 21:34

Не е тоа,
нема потреба да биде,
тоа е,
како сакаме да биде,
ние сме тука,
а кој да знае навистина каде сме?
Важно е до каде сме
иако можеби само се сонуваме,
иако можеби и не постоиме,
тука сме,
да си помогнеме да го пронајдеме патот
и оној спокој кој ни’ треба
кој одсекогаш ни’ бил целта заради која постоиме,
ако ништо друго,
бар знаеме дека првиот чекор е љубовта.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Сепак

Пишување by zbunet Нед Дек 25 2011, 00:36

Колку мисли и да ти подарам
колку и да успеам да ти ги насликам
сепак
не успевам ништо да докажам
сепак
требаше нешто повеќе од земјиното да заграбам
наместо од облаците и по некоја ѕвезда
сем тебе во нив ништо не остана
ништо не разбрав
дури и тебе
како чудо те гледам
не знам како те заслужив
сепак и тебе
како милост те чувствувам,
сепак,
можеби нешто и постои
некаде горе
кое дури и мене ме забележува.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by Кидман Нед Дек 25 2011, 01:16

сепак
не успевам ништо да докажам

- sigurno e nekoja nerazbrana Поезија - Page 19 538444
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Дек 25 2011, 01:49

kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Нед Дек 25 2011, 10:57

Сепак...многу убаво vinozito
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Дек 25 2011, 11:46

fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Саб Дек 31 2011, 17:33

ПРВ ЧЕКОР
Не е тоа,
нема потреба да биде,
тоа е,
како сакаме да биде,
ние сме тука,
а кој да знае навистина каде сме?
Важно е до каде сме
иако можеби само се сонуваме,
иако можеби и не постоиме,
тука сме,
да си помогнеме да го пронајдеме патот
и оној спокој кој ни’ треба
кој одсекогаш ни’ бил целта заради која постоиме,
ако ништо друго,
бар знаеме дека првиот чекор е љубовта.

СЕПАК
Колку мисли и да ти подарам
колку и да успеам да ти ги насликам
сепак
не успевам ништо да докажам
сепак
требаше нешто повеќе од земјиното да заграбам
наместо од облаците и по некоја ѕвезда
сем тебе во нив ништо не остана
ништо не разбрав
дури и тебе
како чудо те гледам
не знам како те заслужив
сепак и тебе
како милост те чувствувам,
сепак,
можеби нешто и постои
некаде горе
кое дури и мене ме забележува.

*********************
А ипак, ... мени је најдражи почетак Поезија - Page 19 151405
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Саб Дек 31 2011, 18:55

guska fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Сега

Пишување by zbunet Саб Дек 31 2011, 19:30

Минува уште една година
помили ми се тие кои поминаа
иако не знаевме дека добро ќе биде,
кога се плашевме
тоа само ситница било,
кога се радувавме,
само тогаш знаевме дека ќе биде како е сега.
Што значи сега?
Значи дека многу постигнавме
не очекувавме дека волку големи ќе станеме
и поим немавме дека толку добри љубовници ќе бидеме
поим немавме дека љубов значи чувства,
дека техника и квантитет не се воопшто важни,
дека сами по себе си доаѓаат
користејќи ги како средство,
а не како цел.
Спокојот е тој кој наградува
кога ќе погледнеме назад
кога сега се’ е разбирливо
и простено на самите нас.
Сега сме високо
малку ненавикнати
но сепак воздухот е почист,
а мислите појасни,
колку е добро кога се знае што се сака.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Магла

Пишување by zbunet Чет Јан 05 2012, 16:49

Некако...
Некако нема слика,
а ни тон,
ако е светот таков каков мислам дека е,
тогаш е неспоив,
тогаш само лебдам во вселената
минувајќи низ галаксии и квазари,
маглини и нови животи.
Некако ми се чини
сите правци исти се,
ако постојат вистински вредности
тогаш зошто се толку далеку,
тогаш зошто да не можам да ги досегнам,
тогаш исто како да не постојат.
На некоја комета,
седам замислено на некој камен,
со лицето потпрено на дланката,
зад мене опашката усвитена огномет прави
облаци од пареа полека ме кријат
магла,
секаде е иста.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Нед Јан 08 2012, 13:29

Некако...како? smesko
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Јан 08 2012, 15:42

Kako i da e smesko
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Поглед

Пишување by zbunet Нед Јан 08 2012, 15:55

Дека си ми секогаш потребна
повеќе е од јасно,
без тебе се гушам
додека во маглата стојам
ми се причинуваат твои чекори,
а само поминува некој непознат парфем
со некој кикот
недостоен да го споредувам со твојот.
Се пробивам
па застанувам,
дали да те чекам или барам,
а што ако се разминеме?
Гледам преополовен геврек
како него се чувствувам
гулаби го колваат
како со мене да се хранат.
Гледам,
а ништо не гледам,
дојди и отвори ми ги очите
или никогаш повеќе нема да прогледам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Вто Јан 10 2012, 16:06

palce Поезија - Page 19 Connie11
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Учење

Пишување by zbunet Нед Јан 15 2012, 18:53

Да те кренам високо
и веќе да не те спуштам
така ми е некако целта
да те размазам
ништо да не сакаш без мене да направиш
да те хранам со љубов
незаситна да те направам
макар целиот ме изгризала
макар на сите четри да сакам да избегам,
а ти да ме враќаш
на оценување повторно
додека не научам со тебе како треба.
Да се читаме како книги
во нови изданија непрекинато
некоја точка секогаш останува пропуштена,
а времето е кратко
а на некои лекции треба да се навраќаме
и затоа не чекај
за работа треба да се фатиме
на кревет попријатно се учи.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by Кидман Нед Јан 15 2012, 21:14

ajde bre... Поезија - Page 19 919578
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Јан 15 2012, 22:02

kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by Кидман Нед Јан 15 2012, 23:17

vrti - suci, pak vo posledniot stih si ja pokaza vistinskata namera
mangupiste edno
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Јан 15 2012, 23:59

Пффф, ја не сум таков iznenad
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 19 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 19 of 35 Previous  1 ... 11 ... 18, 19, 20 ... 27 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот