МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 30 of 35 Previous  1 ... 16 ... 29, 30, 31 ... 35  Next

Go down

Поезија - Page 30 Empty Ем ја, ем силен и убав

Пишување by zbunet Пон Дек 31 2012, 19:02

Поведи ме на местото
за кое секогаш сонуваше
не врти се дали сум зад тебе
затоа што сум пред тебе
одамна го знам
исти се нашите сонови.
Не мораш ни да ме чекаш
секој дел од мене е во твоето срце
никогаш не бев излегол
само понекогаш го преуредувам
онака малку и по машки
замок со бедеми, стрелци и крокодили
да не случајно некој се приближи
дрскост е кога некој ми чепка по мојата гордост,
ма има ако треба и со глава да плати.
Длабоко сум во тебе
друго сонце ме грее сега
тоа е твоето срце
види ме каква боичка сум фатил
кога сум бил вака силен и убав?
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Пон Дек 31 2012, 19:28

misli
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Сре Јан 09 2013, 19:40

Додека...

Додека бришам прашина го слушам Џоле
и ме нервира
и нејќам да го исклучам
додека се чешлам и мислам
колку ме разбушави
додека мислем што ќе јадеме
веќе изедовме
додека одбирам бои за сликите кои
никому не ги покажувам

додека...мислам на тебе
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Јан 09 2013, 22:29

palce bravo
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Важноста на погледот

Пишување by zbunet Пет Јан 11 2013, 22:38

Малку е,
секогаш е малку,
нешто во мене на сет глас вика
тебе те бара,
морам понекогаш да трпам и глумам,
но секогаш не се трпи
кога звук од виолина ми се причинува
не знам да свирам
но знам да слушам
твоето срце насекаде го препознавам.
Не е важно што ми се причинува
зар за многумина не ни’ се причинува дека луѓе се?
Во мене живееш поживо од секој на кого досега наидов
макар неброено повторувал во мислите иста сцена со тебе
никогаш не здосадува
секогаш возбудува
да не беше ти,
крвта одамна ќе ми се оладеше
змијолик поглед ќе имав
како многумина наоколу,
наместо овој сегашен
оган кој непрекинато се разгорува.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Сепак ќе ти светам

Пишување by zbunet Пон Јан 14 2013, 20:29

Може ќе видиш,
а можеби и не,
ѕвезда на небото ноќно и ведро,
таа е твојата ѕвезда
тоа ќе бидам јас.
Ми дозволи да ја заменам,
ме гледаше сожаливо
бар на некој начин да те гледам.
Можеби ќе почувствуваш
а можеби и не
како непрекинато треперам
како око кое солзи
како прегратка силна
која до утрото ново нема да те испушти
како на раце да те носи до гнездото љубовно
кое чека цврсто и без сомнеж.
Ќе светам и нема да престанам
само за тебе ноќното небо да го осветлувам,
а кога ќе се гледаме пред светот сив
иако светлината ќе ја прикривам во земјата
сепак ќе светам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Вто Јан 15 2013, 00:34

Операција тријумф! ... Но, чиј тријумф беше тоа?
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Вто Јан 15 2013, 18:06

zbunet напиша:Може ќе видиш,
а можеби и не,
ѕвезда на небото ноќно и ведро,
таа е твојата ѕвезда
тоа ќе бидам јас.
Ми дозволи да ја заменам,
ме гледаше сожаливо
бар на некој начин да те гледам.
Можеби ќе почувствуваш
а можеби и не
како непрекинато треперам
како око кое солзи
како прегратка силна
која до утрото ново нема да те испушти
како на раце да те носи до гнездото љубовно
кое чека цврсто и без сомнеж.
Ќе светам и нема да престанам
само за тебе ноќното небо да го осветлувам,
а кога ќе се гледаме пред светот сив
иако светлината ќе ја прикривам во земјата
сепак ќе светам.

palce vinozito
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Кој може за тебе да рече дека лоша си

Пишување by zbunet Вто Јан 15 2013, 21:14

Никогаш не си лоша
никогаш не си нападна
кој вели дека си лоша
гомна да јаде.
Секогаш си мила
секогаш добра
ако нешто те боли
јас сум твоето лекче
ако треба и три пати на ден ќе ме примиш.
Некогаш сум смотан
и не ми сече многу
ама тука си, не се секирам,
знам дека секогаш ме оправаш.
Тропам свашта
не се замарам што за мене ќе помислиш,
биди безобразна
знаеш дека тоа го сакам,
толку си мила
толку си добра
која за тебе ќе рече дека лоша си
гомна да јаде.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Јан 16 2013, 00:30

НЕ' СО ТИЕ КУРШУМИ ЗБУНЕТ, СИТЕ ЌЕ ГИ ЗБУНИШ И НЕ ЌЕ ТЕ РАЗБЕРАТ, ОТИ СО НИВНИ ЗБОРОВИ ПУКАШ! ... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Јан 16 2013, 09:10

kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Чет Јан 17 2013, 00:46

trepka
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Патот кон идеалноста

Пишување by zbunet Саб Јан 19 2013, 22:39

Што е наше си доаѓа
колку подолго чекаме
поголема е вредноста
додека во очи те гледам
и ти велам дека те сакам
толку ми е појасно.
Никогаш не беше лесно
во очи додека те гледам
такво нешто како тебе лесно не се добива
ми кажува дека ни јас не сум лесен
посебното е само за посебните
а лесните нека се кајат
никогаш нема да знаат зошто
и да им се каже
никогаш нема да разберат
како се гребе под површината,
спор процес за нив е тоа.
Кога ќе те бакнам
бакнато е,
кога ќе ме погледнеш
изменето е
само за тебе постојам
на останато заборавам,
сфаќам колку за ништо сум бил загрижен
имам причина да бидам безгрижен.
Секоја победа која сум ја имал
е беда во споредба со тебе
нема зошто повеќе да се сомневам во себе
ти си ми доказ
ти си ми патот кон мојата идеалност.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Нед Јан 20 2013, 15:24

ПО ЧИЈ ПАТ ОДИШ ТИ! ... ИСУС НЕ Е ТУКА!
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Јан 20 2013, 23:04

Bogoroica e tuka kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Може вака?

Пишување by zbunet Чет Јан 24 2013, 19:59

Остави да те гушнам
кога ти е тешко
по косата да те милувам
да ти шепкам дека те сакам,
со бакнежи да те замолкувам кога паника те фаќа.
Не е важно ништо друго
тоа ионака не постои, гледаш?
Само сме ти и јас.
Околу е само пустина
во зрнце прашинка сака да те претвори
не, од тебе планина ќе направам,
знаеш, малку и по мое ќе ја дотерам
за сите други стрмна и непристапна
само за мене ко тепсија рамна
коавтор сум на креацијата која си ти,
погледни се во огледало,
гледаш како блескаш?
Само требало да сме двајца.
Те земам во раце
не ме прашувај дали си тешка,
кога сум без тебе е тешко,
а вака? До сабајле можам
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Пет Јан 25 2013, 06:13

kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Чиста добивка

Пишување by zbunet Сре Јан 30 2013, 11:42

Се обидувам понекогаш
помалку на тебе да мислам
баш тогаш уште повеќе мислам,
се обидувам да се сетам
како беше пред тебе
на ништо не се сеќавам,
ѕверот во мене
на секое друго место
е само заспан мрзливец.
Секој дел е споен со твојот
од услови на гравитација
преоѓа во бестежинска состојба
нема повеќе зошто да се грижиме
сите докази пружени се
се’ што се случува
за нас чиста добивка е,
а губитокот само уште повеќе не’ зближува.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Јан 30 2013, 18:27

A koj gubi vo taa igra? misli
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Чет Јан 31 2013, 15:58

Кој не се радува на туѓата среќа smesko
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Пон Фед 04 2013, 00:52

***
Што ќе ни се избори
кога нема политичари
за земја да ни чуваат,
ниту име имаме
зошто тоа ничије е'
а најмалу е' сега
на нашата Македонија!

Ниту своја земја имаме
таа ничија е'
и сега странци сме
без име и без земја...
Но, ниту тоа го знаеме
ниту за тоа размислуваме
зошто ни мислите наши
не се веќе наши
туку некој посакал
туѓи да ни бидат!


keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Раширени крилја

Пишување by zbunet Вто Фед 05 2013, 16:48

Не е зона на самракот
иако сонце никогаш не ја грее,
топла е,
иако е под брегот каде е често сенка
но од таму добро се гледа Венера
божицата на љубовта и убавината.
Кога ќе навлезеш длабоко
се појавува и Афродита,
значи две се,
на раме слетуваат за да ти запеат
се шират како птица со крилјата
те носат во висините се’ повисоко.
Сакаш така вечно да биде
но кон сонцето наближуваш
бурите од светлина те заслепуваат
знаеш дека си Икар и каква судбина ти следува,
но сепак насмевка останува
знаеш дека следниот пат како Феникс ќе воскреснеш.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Фед 06 2013, 00:12

Ах, тоа сонце што им прави на луѓето! ... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Фед 06 2013, 01:05

kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Замена за Санчо

Пишување by zbunet Чет Фед 07 2013, 12:39

Кога ти се чини
дека на сите си им докурчен и не можеш никого да препознаеш
кога ти се чини
дека си како чинија после ручек
кога мозокот ти кочи
како магаре пред мост,
кога те мрзи да погледнеш кон небото
затоа што Господ гледа на друга страна.
Се обидуваш да се насмееш
се појавува нешто кисело
како усмрдена кисела зелка,
да е бар депресија
тоа е како да си паднал во септичка јама,
како да си на обвинителна клупа
затоа што си тој кој е тој
во времиња кога им треба некој друг,
а тие си замислуваат дека се таман какви треба да бидат.
Не се, ама повеќе се и се чини во право се,
а ти си сам против сите
ко шлакнатиот Дон Кихот
и затоа често чуваат кучиња
како замена за Санчо.
Не дека ќе ти помогне
но може ќе ти олесни
ако помислиш колку глупости низ историјата
има направено безумната маса
затоа што не сакаа да слушаат таков како тебе.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 30 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 30 of 35 Previous  1 ... 16 ... 29, 30, 31 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот