Поезија
+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 8 of 35
Страна 8 of 35 • 1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 21 ... 35
Кога мора, а не мора
Погледни кон врвот на планината,
се зезам ма
да ми се наместиш,
изговор да те бакнам,
да напикам муцката во твојот врат,
да ржам додека те подргризнувам,
да се кикотиш,
но застанувам.
Сонцето заоѓа,
сакам да го запаметам овој миг,
сериозен сум
ме прашуваш зошто,
кришум кон врвот од планината погледнувам,
го пратиш мојот поглед
ме стискаш за рака до побледеност,
ми шепотиш дека не морам,
добро е и вака.
Знам,
никогаш нема да биде подобро од овој миг,
се прашувам дали вреди да тргнувам,
во мене нешто не ме прашува,
себе си во трето лице се гледам како тргнувам,
верувај ми не сакам да одам,
но само играчка на судбината сум.
се зезам ма
да ми се наместиш,
изговор да те бакнам,
да напикам муцката во твојот врат,
да ржам додека те подргризнувам,
да се кикотиш,
но застанувам.
Сонцето заоѓа,
сакам да го запаметам овој миг,
сериозен сум
ме прашуваш зошто,
кришум кон врвот од планината погледнувам,
го пратиш мојот поглед
ме стискаш за рака до побледеност,
ми шепотиш дека не морам,
добро е и вака.
Знам,
никогаш нема да биде подобро од овој миг,
се прашувам дали вреди да тргнувам,
во мене нешто не ме прашува,
себе си во трето лице се гледам како тргнувам,
верувај ми не сакам да одам,
но само играчка на судбината сум.
zbunet
Ја фраерот
Види сеа,
јас сум мал
а сакам да се правам голем,
у ствари не беше така,
голем сум
ама мало срце имам,
трепери ко колибри,
све си е тоа фино,
ама ја не сум фин секогаш
грешам тактови,
а да ти испеам на увце по нешто сакам
гракам и гргорам.
А ти само се смееш,
баш ти е гајле кој сум и колку знам,
само да те закачам сакаш,
да не зевам наоколу
по вакви и онакви,
знам све това недомаќинки,
штом во мене зевнале
очајни се,
сите бродови им испловиле
со се морнари,
останале на пристаниште сами.
Од кај ма толку смотан ме праиш
ја фраер сум ти текнува?
Велиш од прва таква вредност не се гледа
јас сум убав длабоко во мене,
а на нив не им се виѓава до таму.
Само ти можеш да видиш
до самата моја срж,
епа шом е така
не ме пуштај,
ти ме држ.
јас сум мал
а сакам да се правам голем,
у ствари не беше така,
голем сум
ама мало срце имам,
трепери ко колибри,
све си е тоа фино,
ама ја не сум фин секогаш
грешам тактови,
а да ти испеам на увце по нешто сакам
гракам и гргорам.
А ти само се смееш,
баш ти е гајле кој сум и колку знам,
само да те закачам сакаш,
да не зевам наоколу
по вакви и онакви,
знам све това недомаќинки,
штом во мене зевнале
очајни се,
сите бродови им испловиле
со се морнари,
останале на пристаниште сами.
Од кај ма толку смотан ме праиш
ја фраер сум ти текнува?
Велиш од прва таква вредност не се гледа
јас сум убав длабоко во мене,
а на нив не им се виѓава до таму.
Само ти можеш да видиш
до самата моја срж,
епа шом е така
не ме пуштај,
ти ме држ.
zbunet
Плачионакво
Благодарам,
за тоа што беше
иако не беше,
беше добро
иако не беше,
јас бев тој
иако не бев.
Досадно набројувам,
гледам празно,
нема никогаш повеќе да биде
тоа што не беше,
не знам зошто би ми било жал.
Не знам да губам
затоа што не умеам да се навикнам,
мислев,
животот е бинго
едвај ме чекал да се родам.
Но не беше така,
никогаш не разбрав како е,
не жалам за ништо
џабе би ми било.
Tуку ај да се смееме
и да се надеваме
иако знаеме,
дека ништо од тоа нема да биде
и ако биде на нос ќе ни’ излезе.
за тоа што беше
иако не беше,
беше добро
иако не беше,
јас бев тој
иако не бев.
Досадно набројувам,
гледам празно,
нема никогаш повеќе да биде
тоа што не беше,
не знам зошто би ми било жал.
Не знам да губам
затоа што не умеам да се навикнам,
мислев,
животот е бинго
едвај ме чекал да се родам.
Но не беше така,
никогаш не разбрав како е,
не жалам за ништо
џабе би ми било.
Tуку ај да се смееме
и да се надеваме
иако знаеме,
дека ништо од тоа нема да биде
и ако биде на нос ќе ни’ излезе.
zbunet
Моето време
Мислев,
кој знае што сум мислел,
повторно не би го направил,
мислам,
дека тогаш и мораше нешто да се направи.
Мислев дека има време
додека дојде моето,
не се вртев,
немаше потреба од внимателност.
Ме стигна,
ме залепи,
како мастика под нечија невнимателна петица.
Веќе не сум за џвакање,
валкан и исплукан се надевам
не сакам да видам дека сум згмечен.
кој знае што сум мислел,
повторно не би го направил,
мислам,
дека тогаш и мораше нешто да се направи.
Мислев дека има време
додека дојде моето,
не се вртев,
немаше потреба од внимателност.
Ме стигна,
ме залепи,
како мастика под нечија невнимателна петица.
Веќе не сум за џвакање,
валкан и исплукан се надевам
не сакам да видам дека сум згмечен.
zbunet
Re: Поезија
Ајде другарче разведри се. Твоето време пак ќе биде кога ќе бидеш одозгора. Оваа поза очигледно не ти одговара или таа што е нејзино време треба да скине некое килце
Тото
Re: Поезија
zbunet напиша:Мислев,
кој знае што сум мислел,
повторно не би го направил,
мислам,
дека тогаш и мораше нешто да се направи.
Мислев дека има време
додека дојде моето,
не се вртев,
немаше потреба од внимателност.
Ме стигна,
ме залепи,
како мастика под нечија невнимателна петица.
Веќе не сум за џвакање,
валкан и исплукан се надевам
не сакам да видам дека сум згмечен.
Сакале, нејќеле времето сите ќе не згмечи
the nurse
Доказ
На планината Олимп се искачив,
па наш е нели?
Немаше никој,
викав и мафтав
само ехо од ѕидини ми одговорија,
себе се препознав,
значи бајка било
за огништа пред спиење,
на деца кои во лага подоцна ќе се уверат.
Колку повеќе спознаваме
боговите се’ повиско се селат,
дал ќе ги избркаме
како и се’ што има крај?
Сепак “јас“ не сум “ние“
ми треба нешто повеќе од “вас“
всушност
и не ми треба ништо од “вас“,
зар не докажав?
Секогаш спроти струјата одам,
со лагата не одам,
не ми е таму местото,
да се вклопам не можам,
зар не докажав?
Ви сметам,
ми сметатате,
ме ингорирате,
со презир ви возвраќам,
се’ што имам на животните дарувам
и на некои луѓе,
малкумина се,
но ангели се.
па наш е нели?
Немаше никој,
викав и мафтав
само ехо од ѕидини ми одговорија,
себе се препознав,
значи бајка било
за огништа пред спиење,
на деца кои во лага подоцна ќе се уверат.
Колку повеќе спознаваме
боговите се’ повиско се селат,
дал ќе ги избркаме
како и се’ што има крај?
Сепак “јас“ не сум “ние“
ми треба нешто повеќе од “вас“
всушност
и не ми треба ништо од “вас“,
зар не докажав?
Секогаш спроти струјата одам,
со лагата не одам,
не ми е таму местото,
да се вклопам не можам,
зар не докажав?
Ви сметам,
ми сметатате,
ме ингорирате,
со презир ви возвраќам,
се’ што имам на животните дарувам
и на некои луѓе,
малкумина се,
но ангели се.
zbunet
Пожолтен лик
Не ја држи вратата
промаја ме бие,
ако ме гледаш обвинувачки
нема заради тоа да ме боли вратот или главата,
не чувствувам вина
залудно се трудиш,
не сум твоја играчка.
Даваш затоа што имаш,
не ми го вади на нос,
подобро сам ќе си земам.
Јас сум некој друг,
никогаш нема да бидам каков ти требам,
не сум лик од пожолтени љубовни романчиња,
немам сини очи, ниту по некој бел прамен,
имам кафени и косата ми е прерано побелена
а и проредена,
а да, и пожолтени заби од цигари,
знам, сето тоа се средува
но јас поинаков нема да бидам,
а забарката ме праша
дали сум јавна личност,
се насмеав гласно
и таа со мене.
Не ме терај пак да се смеам,
ќе ти се чини дека ти се подсмевам,
јас сум никој и ништо,
и ова кој сум,
многу е.
промаја ме бие,
ако ме гледаш обвинувачки
нема заради тоа да ме боли вратот или главата,
не чувствувам вина
залудно се трудиш,
не сум твоја играчка.
Даваш затоа што имаш,
не ми го вади на нос,
подобро сам ќе си земам.
Јас сум некој друг,
никогаш нема да бидам каков ти требам,
не сум лик од пожолтени љубовни романчиња,
немам сини очи, ниту по некој бел прамен,
имам кафени и косата ми е прерано побелена
а и проредена,
а да, и пожолтени заби од цигари,
знам, сето тоа се средува
но јас поинаков нема да бидам,
а забарката ме праша
дали сум јавна личност,
се насмеав гласно
и таа со мене.
Не ме терај пак да се смеам,
ќе ти се чини дека ти се подсмевам,
јас сум никој и ништо,
и ова кој сум,
многу е.
zbunet
Бесшумен крик
Гледај ѕвезди,
гледај галаксии,
ја гледаш онаа?
Од таму сум,
Мал Магеланов Облак тука го нарекуваат.
Во претходниот живот де,
зар не гледаш дека како вонземец се однесувам?
Личев како нашите октоподи
со природна способност за лебдење,
замисли каков ни’ беше сексот
со толку многу пипци,
е затоа сум незадоволен.
Се сеќавам како ме гледаше
низ прозорецот од замокот каков го имавме,
бесшумно до мене дојде нејзиниот крик
тука телепатија го нарекуваат.
Во војна поаѓав
ветував дека ќе се вратам,
се гледавме додека вратата од вселенскиот брод не се затвори,
ветувањето не го исполнив,
во експлозија,
во прашина се претворив.
Бар да можам да и’ кажам колку ми е жал.
Да, сеуште е жива,
ја чувствувам.
Не плачам, мушичка ми влезе во око.
гледај галаксии,
ја гледаш онаа?
Од таму сум,
Мал Магеланов Облак тука го нарекуваат.
Во претходниот живот де,
зар не гледаш дека како вонземец се однесувам?
Личев како нашите октоподи
со природна способност за лебдење,
замисли каков ни’ беше сексот
со толку многу пипци,
е затоа сум незадоволен.
Се сеќавам како ме гледаше
низ прозорецот од замокот каков го имавме,
бесшумно до мене дојде нејзиниот крик
тука телепатија го нарекуваат.
Во војна поаѓав
ветував дека ќе се вратам,
се гледавме додека вратата од вселенскиот брод не се затвори,
ветувањето не го исполнив,
во експлозија,
во прашина се претворив.
Бар да можам да и’ кажам колку ми е жал.
Да, сеуште е жива,
ја чувствувам.
Не плачам, мушичка ми влезе во око.
zbunet
Re: Поезија
Твојата поезија Збунет само ме потсети на содржината на горниот филм, па затоа и прашав од кој филм е приказната...
keti
Страна 8 of 35 • 1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 21 ... 35
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 8 of 35
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот