МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 9 of 35 Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 22 ... 35  Next

Go down

Поезија - Page 9 Empty Што би кажале за нас?

Пишување by zbunet Пет Мај 13 2011, 23:58

Еј ти,
невидлива девојко,
ќе им кажеш ли за нас?
Се вртиш зачудено
гледаш каде замислуваш дека стојам,
ме прашуваш за нас
и дали постои нешто такво.
Ми велиш дека сум јас тој кој не постои,
ми велиш дека сум само плод на твојата фантазија,
уверена си,
дека таков како мене не постои.
Наведнувам глава,
кон реката која жуборка,
својот лик го барам,
го гледам, но само јас,
доаѓаш, ме нема,
те барам, те нема.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Саб Мај 14 2011, 00:17

збунет, збунет, а зошто имаш тоолкави раце? Поезија - Page 9 Images?q=tbn:ANd9GcQdlnXjvOE5r5LIXfdp_7bYk9WB4l3tT57OA9TXdKYG6F_JTy9txA
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Саб Мај 14 2011, 00:35

kez jazik
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Саб Мај 14 2011, 00:56

Поезија - Page 9 Fairies-angel-wings-collage
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Помеѓу мене и ние

Пишување by zbunet Нед Мај 15 2011, 12:58

Како е
нека е,
зборувавме за љубов, нели?
Ако ја има, ја има,
ако ја нема со рибин поглед ќе шетаме,
таа ги памети последните 3 секунди само.
Ќе се бориме
против оние кои не би ги забележале,
љубов да имавме.
Сега што имаме?
Сеќавања кратки
и наговестувања во иднината,
често се залажуваме,
ништо ново.
Стојам на врвот испотен и задишан,
замислувам дека сум толку голем,
а некој глас ми вели да не се занесувам додека не сум настинал.
Гледаш на страна,
нешто си ми лута,
а ја си замислував дека во несвест ќе паѓаш од секој мој збор,
кога така мислеше,
во право си,
ме размази,
без тебе не умеам да живеам,
дај ми насмевка за пак да се правам фраер,
малечок сум, тоа ми треба.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Нед Мај 15 2011, 13:12

the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Izmedju mene i nas

Пишување by zbunet Нед Мај 15 2011, 13:40

Kako je
neka je,
pričali smo o ljubavi, jel da?
Ako je ima, ima je,
ako je nema onda ćemo šetati ribinim pogledom,
oni pamte samo zadnje tri sekunde.
Borićemo se
protiv onih koje ne bi primetlil,
da smo ljubav imali.
Šta imamo sada?
Sećanja kratkih
i nagoveštaj budući,
često se lažemo,
ništa novo.
Stojim na vrhu sav zadihao i znojav,
zamišljam da sam toliko veliki,
neki glas mi kaže da se ne zanosim dok nisam nazebao.
Gledaš u stranu,
nešto si mi ljuta,
a ja zamišljao da ćes u nesvest da padaš od svake moje reći,
kada si tako mislila,
u pravu si,
razmazila si me,
bez tebe ne umem da živim,
daj mi osmeh tvoj da se opet pravim frajer,
mali sam, to mi treba.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Нед Мај 15 2011, 17:29

Е сега Збунет недостасува само уште англискиот превод на твојата поезија, за да те разбере цел свет... kez guska backa
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Нед Мај 15 2011, 17:33

И уште ли ќе те чекам горе на врвот...да знаеш дека се вратив по тебе, зошто не сакам да те оставам сам...ова само колку да си знаеш... kez backa
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Враќање од ќорсокак

Пишување by zbunet Пон Мај 16 2011, 11:34

Половина зборови и реченици
ми ги нема,
преку ноќта збришани биднаа,
сега ќе морам едноставно да те сакам.
Да те грабнам,
да се кикотам додека на раце те носам,
неповрзани реченици
но со јасен смисол да ги извикувам,
нема повеќе да паметувам
само едноставно ќе бидам среќен.
Не се плашам дека празноглав ќе бидам,
твојот дух ќе го исполни мојот ум,
гладно те чека
млитавост негова да се вкрути.
Едноставно се откажувам од мојот ум
кој само илузии ми даваше,
доаѓаш кон мене,
време е за нешто стварно.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Стрпливо чекање

Пишување by zbunet Вто Мај 17 2011, 12:38

Кога си добра и фина,
а со мене не мораш да се преправаш,
значи нешто сакаш.
Ако беше нешто што се мора
ќе си кажеше,
немаше да се смееш со очи светнати,
до мене да седиш,
расположено да џагориш.
Значи ме чекаш да сфатам,
а мене полека ми текнува,
во себе се смешкам,
ова е мојата шанса да одоговлекувам.
Ќе те чепнам и ќе се преместам,
а ти пак по мене,
нешто сакаш, а не кажуваш,
стрпливо чекаш.
Додека можам,
наудрен се правам
како со мокра чорапа,
но таа се суши
и јас бањат од купатило излегувам,
случајно пешкирот ми паѓа...
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Вто Мај 17 2011, 14:47

Стрпливо чекаме продолжение... hehe
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Вто Мај 17 2011, 15:21

...и заѕвонија гости на вратаа kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Вто Мај 17 2011, 15:40

zbunet напиша:...и заѕвонија гости на вратаа kez

Туууф... kez

Па,не отворај!
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Вто Мај 17 2011, 15:48

де-дее, да била ситуацијата до таму дојдена, пешкирот ќе останел на закачалката Поезија - Page 9 301497
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Вто Мај 17 2011, 17:57

Aj utre kez Samo...vo detali ili simboli? kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Складни во мракот

Пишување by zbunet Сре Мај 18 2011, 19:58

Јас бањат,
а пешкирот паднат,
не се наведнувам по него,
те гледам,
ни ти немаш намера да го земеш,
само ме гледаш,
сред реченица застаната,
како слика замрзната.
Насмевки и немирен сјај во очите сега доминираат,
часовникот престанува да чука,
времето застанува.
Се слуша шумно дишење,
полека забрзува од обете страни,
некој на врата ѕвони,
никој од нас не реагира на тој звук,
сијалица некој од нас изгасна,
потонавме во мрак.
Уште еднаш заѕвони,
а можеби и повеќе пати беше,
ама добро испадна
затоа што не отворивме.
Беше бесно,
беше диво,
беше влажно,
беше темно,
а сепак се разбиравме
и лесно се снаоѓавме,
скоро ништо не искршивме.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Сре Мај 18 2011, 20:04

Ммм...скоро ништо ognomet
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Спој

Пишување by zbunet Чет Мај 19 2011, 15:32

Допир на голи тела,
приближени молкум стојат,
воздишка од обете страни
како да допреле нешто жешко.
Јазици софистицирани,
искажуваат многу повеќе од било кога,
не пропуштаат ниден дел.
Опис влажен
оди се’ подолу,
нежни дланки мрсат коса,
месечината осветлува мускулни грчеви,
нежно тело се препушта на силни раце,
ја водат кон тронот на љубовта.
Шушкања на постела мека
знаат како треба
секогаш се спремни,
замисленото се исполнува.

Извик го пресретнува саканиот домаќин,
гладен да го нахрани,
жеден да го напои,
за него вратите ширум се отворени,
мило му е и повторно се навраќа
го обожува секој дел,
оваа куќа негова е,
се гордее како е изградена
од сите страни ја проверува,
а таа се пали
секаде се осветлува.
Цела ноќ ја обновува,
до совршенство ја доведува
мазна и напната како пушка ја остварува,
со неа целосно се спојува
помеѓу нив веќе нема разлика.
Напнато исчекување наидува
време е за делото кое крајот го краси,
се изливаат во едно
огномет се распрскува,
грчеви и стисок за насмевка ги спремаат
се гледаат и сите ѕвезди им се видоа.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Чет Мај 19 2011, 17:34

Поезија - Page 9 Images?q=tbn:ANd9GcQnuUTgJ7lzkm4aL6B-Ps0oDbSZBltsEXMTXiiiae2fxz95yONXXg&t=1
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Фокус

Пишување by zbunet Пет Мај 20 2011, 00:16

Како и да е,
конечно сум свој,
нема гушење,
нема давење,
слободно се дише.
Можеби не сум веќе тој,
но повеќе се сакам ваков,
инспирација помалку или повеќе,
ионака никогаш не беше важно,
заради воздишка како плата
заради нечиј ќеф,
не беше никогаш вредно.
Кога ми е мене добро,
кога успеав до таму да стигнам,
враќање веќе нема.
Жал ми е само
затоа што порано не знаев,
заплашуван бев
дека ќе бидам овој кој сум сега,
во склоп на некое црно сценарио,
дека многу лош ќе станам,
од ѓаволот поѓаволест.
од црното поцрн.
А сега,
кога болка нема,
кога можеби површен сум сега,
продолжувам каде застанав,
да го барам магичниот збор,
од кој потекнуваат сите зборови,
тргнувам да го разберам светот,
ќорсокаци ги препознавам лесно сега
не ги забележувам веќе,
мојот фокус е поместен за многу подалеку.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пет Мај 20 2011, 00:20

bravo guska
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Позитивно ништо

Пишување by zbunet Нед Мај 22 2011, 20:38

А сепак
не е како се кажува,
а сепак,
некој сака да се залажува,
а мене ме иритира
како заб да ми пломбира.
Позитивни енергии,
позитивни мисли,
ќе се реши се’,
аха,
а зар има ли поголема желба
од затвореник за слобода
или од болен за здравје?
Лажи се себе,
немој и мене,
јас тој пат го поминав,
само се прашувам,
каде ли сега?
Не нудам беда и очај,
едноставно не нудам ништо,
затоа што тоа го има само,
а другото ние го ствараме.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Чудото не е секогаш чудо

Пишување by zbunet Нед Мај 22 2011, 21:36

Го видов астралот,
не ме праша,
сам си дојде.
Ѕид од облаци,
имаше и врата,
само ѕирнав плажа со огромни печурки,
се затвори и ме отфрли,
во сонот опцув.
Беше и гласот,
ме учеше да летам
и сега ја паметам таа лекција,
тоа не се заборава,
да, баш како возење велосипед.
Ми покажа како изгледа блиската иднина
и уште по нешто ситно
колку да знам дека постојат,
колку да знам дека овој начин не е единствено постоење.
Сега знам и тоа боли
затоа што мислам дека нема никогаш да се повтори,
се’ додека сум овој кој сум сега,
а кога ќе бидам некој друг
како од ларва во пеперутка
тогаш ќе биде сосем природно
и нема да биде чудо.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Пон Мај 23 2011, 00:45

Го видовме астралот, заедно летавме и дојдовме до плажата, лежевме на песокот и го слушавме шумолењето на морските брановите кои не асоцираа на позната музика, а благо ветре ни ги галеше косите...Беше прекрасно како во рај и уживавме во убавината на пејсажот...Потоа сами си долетавме назад...
Тоа беше само лекција, не учеја како треба сами да го најдеме патот и да долетаме повторно на истото место...
Ние сме сега на добар пат и треба да се гордееме со она што сме го постигнале...
Уживај си...се ќе си биде во ред... guska backa
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 9 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 9 of 35 Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 22 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот