МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 10 of 35 Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 22 ... 35  Next

Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пон Мај 23 2011, 00:47

kez guska
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Пон Мај 23 2011, 00:52

Немој да се смееш, знаеш ти добро како беше...а знаеш и до каде сме стигнале, само сакаш да се увериш дали и јас го знам тоа... trepka
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пон Мај 23 2011, 01:06

zverce
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Вистински заборав

Пишување by zbunet Пон Мај 23 2011, 23:01

Едноставно бакни ме
едноставно гушни ме,
ми се цвили како кутре,
не мораш, бар чешни ме,
ме јадат некои бубачки,
ќе ти возвратам
иако знам дека не сакаш да ти ја лижам раката.
Сакам да бидам кутре,
ми чури мозокот безвезе само,
ништо не постигам,
те молам сопри ме,
умот како правосмукалка ми станал,
не можам да го исклучам
ти го имаш копчето.
Ми треба мир додека гледам во твоите очи,
сакам да заборавам,
само ти да постоиш,
како што е и секогаш,
но бар еднаш да биде навистина така.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пон Мај 23 2011, 23:14

Поезија - Page 10 Girl-and-dog-standing-on-precipice-thumb5284295
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Можеби е вистинското

Пишување by zbunet Вто Мај 24 2011, 01:21

Пијан сум,
од нешто што ми личи на среќа,
не е важно, така ќе го наречам,
ретко доаѓа,
како самовила ме допира,
можеби замислувам само,
не е важно,
важно така изгледа.
Така и јас те допирам,
можеби и не чувствуваш,
не е важно,
ми се чини како исправно,
толку природно
како секогаш тоа да го правам,
како од мене тоа да се очекува.
Можеби љубов е тоа што го правам,
можеби е нешто друго,
можеби и не чувствуваш,
ми се чини дека светиш,
ми се чини дека јас тоа го правам,
ми се чини исправно,
затоа што јас тоа го давам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Вто Мај 24 2011, 13:24

Ѕирнав малку во иднината и ја видов мојата среќа, она што отсекогаш сум го посакувала...и видов уште нешто...како што велиш ти доволно за да знам дека постојам или поточно дека постоиме на оваа наша земјена топка... guska backa
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Вто Мај 24 2011, 13:30

smesko trepka
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Вто Мај 24 2011, 18:48

smesko trepka
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Вто Мај 24 2011, 23:31

Можеби е вистинското

Ѕирнав во иднината
ја видов својата среќа
нешто сосема ново
чудно и збунувачки...
Се видов себе си
блескав од радост
како невеста пред олтар
а до мене лик, замаглен
не ми се открива, ме збунува,
го чувствувам како познат
моја сродна душа е'
и срце ми затреперува
и од љубов гори...

И се редеа настани
познати и веќе видени
а сега носат задоволство и среќа
и подобра иднина
за мене, за тебе и за сите нас...
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Мај 25 2011, 09:39

guska bravo
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Пат

Пишување by zbunet Вто Мај 31 2011, 10:42

Патот пред мене
во далечина се простира,
чекорам,
повремено на опоменувачки знаци наидувам,
како продолжувам,
повремено и на некој скелет наидувам.
Некој како мене кој дотука издржал,
чувствувам замор веќе,
сигурно и тој го чувствувал,
да беше сеуште жив
најверојатно ќе ми речеше да се вратам.
Овој пат е бесконечен,
знам дека е во право,
овој пат за луѓе не е правен,
а останатите нема да се вратат.
Само тишина нарушена од моите чекори,
ни птица нема да запее,
ни планина во далечина да се види,
само право е,
само исто е,
само облачиња од прашина се подигаат.
Се сеќавам,
целиот мој живот низ мисли ми поминува,
кому згрешив,
кој ми згреши,
а можеше и подобро,
секако ќе бев незадоволен,
секако патот ќе ме викаше
и во сонови ќе ме прогонуваше.
Нема ветерче никаде,
само моите чекори се слушаат,
можеби сеуште спијам,
можеби сеуште мојот пат го сонувам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Досадна напнатост

Пишување by zbunet Чет Јун 02 2011, 00:36

И денес беше онаков ден
како и другите,
низ боцки и трње,
кога многу треба да се пазиш,
а секогаш не успеваш
затоа што напнатоста здосадува,
секој чекор
секој миг,
дали некому ќе згрешиш
или себе ќе си наштетиш.
Се надеваш будалесто и детинесто
на некоја награда за твојот труд,
кога бар нешто е погодено,
но мама и тато одамна ги нема,
некоја наеженост низ глава поминува,
ти се чини некој од нив те погалува,
значи си задремал со отворени очи,
протресуваш со глава,
воздивнуваш,
време е да продолжиш.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Чет Јун 02 2011, 08:43

Време е да се продолжи понатаму... kez guska guska backa
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Стани си поарно

Пишување by zbunet Пон Јун 06 2011, 22:06

О’ девојко гола,
на праг која си ми легнала,
стани си порано,
стани си поарно,
дур не настинеш,
дур не се извалкаш
оти на чистачката овој месец не сум и’ платил.
Ајде стани си,
залудно не се надевај,
залудно не ме чекај,
оти друга си љубам јас,
а таа не си ти.
Забриши солзи
не ми се туткај,
да се поколебам нема јас,
се стемнува,
и во ходник нема светло
оти струја ни’ исклучија,
индијанци живеат тука и не плаќаат,
и затоа пази по скали кога одиш,
да ти помогне нема кој,
оти заминувам јас.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пон Јун 06 2011, 23:19

Strasno... smeenje ...smesno paga smea
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Пон Јун 06 2011, 23:21

smeenje guska backa
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Вто Јун 07 2011, 00:00

kez guska backa
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Вто Јун 07 2011, 17:11

zbunet напиша:О’ девојко гола,
на праг која си ми легнала,
стани си порано,
стани си поарно,
дур не настинеш,
дур не се извалкаш
оти на чистачката овој месец не сум и’ платил.
Ајде стани си,
залудно не се надевај,
залудно не ме чекај,
оти друга си љубам јас,
а таа не си ти.
Забриши солзи
не ми се туткај,
да се поколебам нема јас,
се стемнува,
и во ходник нема светло
оти струја ни’ исклучија,
индијанци живеат тука и не плаќаат,
и затоа пази по скали кога одиш,
да ти помогне нема кој,
оти заминувам јас.

Поезија - Page 10 311244 Поезија - Page 10 966742
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Сигурен сум

Пишување by zbunet Саб Јун 11 2011, 14:57

Велам дека си подобра
од сите кои со мене
се обиделе добри да бидат.

Ете гледај,
како сонцето си поигрува со нашите тела,
жешка си,
се соблекувам.

Синото небо
е прошарано со облаци
кои го носат твојот лик,
се’ на тебе ме потсетува.

Нема подобро чувство
кога си до мене,
твојот допир ме потсетува дека сум жив
насекаде ме скокотка
непрекинато се смеам.

Ако некогаш
сум се прашувал
зошто постојам и кој сум јас,
веќе сум заборавил кога било тоа,
на решителност се навикнав,
едноставно те зграбувам и уживам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Саб Јун 11 2011, 20:25

Конечно дошла инспирација за пишување...Ах, Весна, Весна што му правиш на човекот... kez guska backa
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Саб Јун 11 2011, 20:37

guska backa
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Саб Јун 11 2011, 23:25

guska backa
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Вто Јун 14 2011, 08:12

Каде е оној Збунетиот, пак почна да забушава со пишување поезија...а толку многу му е убава поезијата... trepka guska backa trepka
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Вто Јун 14 2011, 16:30

zbunet напиша:........................

Синото небо
е прошарано со облаци
кои го носат твојот лик,
се’ на тебе ме потсетува.

.....................

Поезија - Page 10 Full_moon_tonight_by_The_Dark_Silhouette
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 10 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 10 of 35 Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 22 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот