МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 22 of 35 Previous  1 ... 12 ... 21, 22, 23 ... 28 ... 35  Next

Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Саб Апр 07 2012, 13:27

Ако е нешто вредно пред се’ припаѓа на државата, а тебе ти следува процент kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Саб Апр 07 2012, 15:13

smeenje guska bidi umen
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Спора пошта

Пишување by zbunet Пет Апр 13 2012, 23:58

Чекам во редица непрегледна
некои сумпорни испарувања магла творат
по некои карпи се одронуваат
по некого смачкуваат
само го прескокнуваат
реката од месо продолжува.
Се обидувам да се запрашам
мислите мрзливо ми се влечат
продолжувам како ми иде редот,
немам појма зошто сум тука,
некоја виша сила одлучува
секогаш било така.
Од небото скали се спуштаат
од јаже сплетени
по раме ме допираат
само кон мене покажуваат
со рака уморно одмавнувам
во редот продолжувам.
Повторно пред мене скалите се појавуваат
доцна е за уште една шанса
послушно редот го следам
тоа што некогаш го сакав
одамна беше
а спора е поштата кон небото,
сега сум некој друг
во секој случај веќе ме нема.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Саб Апр 14 2012, 00:54

misli zbunet
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Бесплатна забава

Пишување by zbunet Саб Апр 14 2012, 20:39

Животот е прекрасен
тралала
овде кртен, онде идиот
смеј се ко будала
надеж има
само фантазирај си
можеби и ќе успееш шизофреничар да станеш.
Ама што ти е,
дај нешто поведро
само за забава ни’ служиш
на нас очајни и од човештво избркани,
зар заборави?
Ти си само бесплатна забава,
ама многу си смешен кога не си црн,
не ме потсетувај дека главата и за друго ми служи
сем за шишање и фризури
оти глава ме боли кога мислам
како да сум пиел цела ноќ
со друштво безвезе собрано
и од сите дружења
ниеден заклучок немаше,
зар толку многу барам?
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Пон Апр 16 2012, 04:07

zbunet напиша:Животот е прекрасен
тралала
овде кртен, онде идиот
смеј се ко будала
надеж има
само фантазирај си
можеби и ќе успееш шизофреничар да станеш.
Ама што ти е,
дај нешто поведро
само за забава ни’ служиш
на нас очајни и од човештво избркани,
зар заборави?
Ти си само бесплатна забава,
ама многу си смешен кога не си црн,
не ме потсетувај дека главата и за друго ми служи
сем за шишање и фризури
оти глава ме боли кога мислам
како да сум пиел цела ноќ
со друштво безвезе собрано
и од сите дружења
ниеден заклучок немаше,
зар толку многу барам?

Објасни ми го зборот „кртен“ што значи?... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пон Апр 16 2012, 11:31

Papagal vo covecka koza kez

Inace strucno znaci nizok rast - Kretenizam - no vo ovoj slucaj go zemame kako simbolicen izraz vo smisol na nizok rast na svesta
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Пон Апр 16 2012, 14:16

kez guska backa
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Да вредиш, значи да не вредиш

Пишување by zbunet Вто Апр 17 2012, 00:42

Дојдов меѓу луѓе да бидам,
моќите мои на врвот од највисоката планина ги сокрив,
секогаш со облаци обвиена,
секогаш тмурна и одбивна,
ништо живо не живее таму.
Требаше само сведок да бидам,
незабележан и истуркан настрана,
никогаш нешто вредно признато како мое,
иако од мене доаѓа,
поделено како дожд во сушен период.
Но, достоен не се покажав
за тоа што дојдов заборавив,
помислив дека како и другите сум,
човечкото ми се залепи како болест,
ненаситен станав,
посакав да вредам,
а така безвреден се станува.
Чекам да се излечам,
од тоа човек да бидам,
чекам повторно на нозе да станам,
повремено врвот од планината го сонувам,
секогаш со облаци обвиен,
моите чекори сеуште мразот ги чува.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Апр 18 2012, 15:26

misli ... Ти пак нешто си се збунил Збунет!... Ај, пиши нешто поведро... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Апр 18 2012, 17:04

Оти? Шоу мен су јас? kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Можеби некогаш

Пишување by zbunet Вто Апр 24 2012, 00:02

Кога те гледам
ми се причинуваат многу работи,
а можеби навистина ми се причинува дека постоиш,
не сум дел од тековите,
се прашувам зошто баш јас,
а те прашав толку многу пати,
никогаш одговорот не ми беше јасен,
дали се најдов при рака или баш само јас?
Можеби и не е важно,
сите механизми разбрани да бидат,
ионака ништо не умеам да поправам,
а умеам да расипам додека сум љубопитен.
Детинесто трчкам околу тебе,
со кули од песок се фалам,
ме галиш,
се надеваш дека некогаш ќе пораснам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Потиснување

Пишување by zbunet Вто Апр 24 2012, 01:06

Се сеќавам,
како ми бледеа сеќавањата,
се сеќавам дека имав некакви сеќавања,
едноставно ги избришав,
така решив,
се послушав.
По некој крик се протнува,
ечи низ мислите,
на нешто ме потсетува,
некогаш нешто ми значеше,
некој жал ми биднува,
нешто не сум направил како треба,
можело и подобро.
Можам да се сетам,
но не сакам,
сите сеќавања до овде ме доведоа,
буден сум, побуден од мене нема,
но сепак сакам пак да заспијам,
ништо нема од тоа што требаше да биде,
а можеби и има,
сепак некогаш и на ова сега нема да сакам да се сеќавам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Значењето на зборот

Пишување by zbunet Вто Апр 24 2012, 02:12

А шо ми е гајле,
да ти бубнам устенце,
дај ми малку и по рака не ме тепај,
оти е под блузиче,
велиш у друго паметот не ми е,
не е така, не сум ја таков,
така случајно бидна,
јако мааш,
пак по рака ме плесна.
Велиш аздисувам,
шумно дишам ко да збеснувам,
се страшиш и нешто друго да не побарам,
ма опушти се, ја не сум таков,
ама ич ма да не се верувало,
кај светов отиде?
Сончев зрак насмевка ти осветлува,
ко да попушташ,
велиш коа ќе запнам досаден сум,
да се вреѓало само.
Ме повреди и сега ме боли,
ти покажувам каде,
почнуваш да ме лечиш,
ама немој и таму, нема смисла,
срамота е!
А ти се смешкаш,
ме прашуваш дали знам што значи тој збор.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Вто Апр 24 2012, 08:50

Неколку минути сонце бришат неколку часа дожд smesko
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Подарок

Пишување by zbunet Вто Апр 24 2012, 12:44

Мора да се трпи,
да се крпи,
целосно тешко е,
како стар нагризан тепих,
по него одиш,
облак од прашина се подига,
некогаш живот имаше тука.
Со прстот тргам прашина од слика,
насмевката сеуште стои,
бледа е,
но се враќа бојата во сеќавањата.
Се сеќавам дека бев дете,
кога за се’ имаше време
одговорите на тогашните прашања сега ги знам,
тогаш мислев дека се некои други,
кога небото поблиско ми беше.
Сега можеби сум посреќен,
но не личи на подарок,
сето сам го стекнав,
и за љубов морав да се борам,
некогаш морав суров и страшен да бидам,
се’ на коцка да ставам,
но каде ставив рака тоа мое стана.
Сепак во себе дете останав,
како кога врата ќе се отвори,
чекав некој подарок,
и на крушка се радував,
а сега,
морам за се’ да плаќам,
подароци да носам,
но бар во нивната радост и детето во мене сеуште живее.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Апр 25 2012, 16:34

zbunet напиша:А шо ми е гајле,
да ти бубнам устенце,
дај ми малку и по рака не ме тепај,
оти е под блузиче,
велиш у друго паметот не ми е,
не е така, не сум ја таков,
така случајно бидна,
јако мааш,
пак по рака ме плесна.
Велиш аздисувам,
шумно дишам ко да збеснувам,
се страшиш и нешто друго да не побарам,
ма опушти се, ја не сум таков,
ама ич ма да не се верувало,
кај светов отиде?
Сончев зрак насмевка ти осветлува,
ко да попушташ,
велиш коа ќе запнам досаден сум,
да се вреѓало само.
Ме повреди и сега ме боли,
ти покажувам каде,
почнуваш да ме лечиш,
ама немој и таму, нема смисла,
срамота е!
А ти се смешкаш,
ме прашуваш дали знам што значи тој збор.

„Ракета“ ли е зборот... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Апр 25 2012, 16:44

kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пет Апр 27 2012, 21:00

zbunet напиша:Мора да се трпи,
да се крпи,
целосно тешко е,
како стар нагризан тепих,
по него одиш,
облак од прашина се подига,
некогаш живот имаше тука.
Со прстот тргам прашина од слика,
насмевката сеуште стои,
бледа е,
но се враќа бојата во сеќавањата.
Се сеќавам дека бев дете,
кога за се’ имаше време
одговорите на тогашните прашања сега ги знам,
тогаш мислев дека се некои други,
кога небото поблиско ми беше.
Сега можеби сум посреќен,
но не личи на подарок,
сето сам го стекнав,
и за љубов морав да се борам,
некогаш морав суров и страшен да бидам,
се’ на коцка да ставам,
но каде ставив рака тоа мое стана.
Сепак во себе дете останав,
како кога врата ќе се отвори,
чекав некој подарок,
и на крушка се радував,
а сега,
морам за се’ да плаќам,
подароци да носам,
но бар во нивната радост и детето во мене сеуште живее.


Секое дете ,кога-тогаш добива подарок-изненадување smesko
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пет Апр 27 2012, 22:20

smesko
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Ќе те ...

Пишување by zbunet Саб Апр 28 2012, 15:58

Ќе те воздигнам,
од тебе ќе направам чиста светлина,
за очи и уши пријатна,
затоа што бојата има и звук соодветен,
знам што правам,
умеам тоа да го направам.
само нешто друго ме попречува,
само нешто сосем друго од кожа ме вади.
Овие бедни смртници,
толку глупави,
толку ограничени,
а имаат некоја колективна свест,
како бубачки,
како термити,
знаат што можам да направам,
ја знаат мојата моќ,
нема лесно да дозволат.
да го направам тоа што никој не можел.
Сите нивни идеали во кал ќе пропаднат,
затоа што љубов е сосем нешто друго од тоа за што знаат,
и способни да сфатат.
Ти постоиш,
за да те допрам и во нешто друго претворам,
со оној допир кој никој никого не допрел,
затоа што сум првиот кој тоа го може,
затоа што по мене уште многу други ќе дојдат кои тоа ќе го можат,
на небото облаци од светлина ќе се множат,
никогаш повеќе нема да има ноќ.
Знам што зборувам,
знам што умеам,
знам дека глупоста прво морам да ја совладам,
затоа што секое правило нивно,
постои за таквите како мене да ги спречи,
но нема уште долго,
затоа што нема уште зошто.


Последната промена е направена од zbunet на Чет Мај 03 2012, 20:21. Мислењето е променето 1 пати
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Нед Апр 29 2012, 03:03

Зошто оваа поезија нема наслов?... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Апр 29 2012, 18:26

Ниеден наслов не е достоен kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Мај 02 2012, 00:15

I tako to...
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Чет Мај 03 2012, 17:29

zbunet напиша:Ќе те воздигнам,
од тебе ќе направам чиста светлина,
за очи и уши пријатна,
затоа што бојата има и звук соодветен,
знам што правам,
умеам тоа да го направам.
само нешто друго ме попречува,
само нешто сосем друго од кожа ме вади.
Овие бедни смртници,
толку глупави,
толку ограничени,
а имаат некоја колективна свест,
како бубачки,
како термити,
знаат што можам да направам,
ја знаат мојата моќ,
нема лесно да дозволат.
да го направам тоа што никој не можел.
Сите нивни идеали во кал ќе пропаднат,
затоа што љубов е сосем нешто друго од тоа за што знаат,
и способни да сфатат.
Ти постоиш,
за да те допрам и во нешто друго претворам,
со оној допир кој никој никого не допрел,
затоа што сум првиот кој тоа го може,
затоа што по мене уште многу други ќе дојдат кои тоа ќе го можат,
на небото облаци од светлина ќе се множат,
никогаш повеќе нема да има ноќ.
Знам што зборувам,
знам што умеам,
знам дека глупоста прво морам да ја совладам,
затоа што секое правило нивно,
постои за таквите како мене да ги спречи,
но нема уште долго,
затоа што нема уште зошто.

Знаеш,богами...ептен vinozito
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 22 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 22 of 35 Previous  1 ... 12 ... 21, 22, 23 ... 28 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот