Поезија
+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 11 of 35
Страна 11 of 35 • 1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 23 ... 35
Re: Поезија
Гледам и тебе ти недостига поезијата на Збунетиот, dalas...Многу ти е убава фотографијата...
keti
Re: Поезија
keti напиша:Гледам и тебе ти недостига поезијата на Збунетиот, dalas...Многу ти е убава фотографијата...
тоа беше само читателска реакција на неговата творечка акција
инаку, не го сил(ув)ам да пишува ако нема што да каже. кутриот, не` разгали со редовните дози поезија. сигурно е исцрпен по обемниот опус и му треба одмор и свежа инспирација.
Александра
Најдобрите
Ве гледам,
ве следам,
никогаш не ме разочаравте,
и да беше некогаш нешто нејасно
до мене беше.
Ви се доверувам како на тацна
лесно ме разбирате,
мислев грешник сум голем,
невидлив стисок за рака
насмевка ми буди,
заради вас се чувствувам голем.
Ги чувствувам крилата на грбот,
сеуште ми е нејасно да помислам
зошто задача дадена ми беше
ангелско друштво да соберам.
Не е важна бројка,
важна е суштина,
сепак тука има многумина,
во вас се собрани,
најдобрите.
ве следам,
никогаш не ме разочаравте,
и да беше некогаш нешто нејасно
до мене беше.
Ви се доверувам како на тацна
лесно ме разбирате,
мислев грешник сум голем,
невидлив стисок за рака
насмевка ми буди,
заради вас се чувствувам голем.
Ги чувствувам крилата на грбот,
сеуште ми е нејасно да помислам
зошто задача дадена ми беше
ангелско друштво да соберам.
Не е важна бројка,
важна е суштина,
сепак тука има многумина,
во вас се собрани,
најдобрите.
zbunet
Нејасна сенка
Побарај ме повторно
во сенките,
почекај ме,
и во сонот ќе ти дојдам.
Припаѓам на сонливиот свет,
се’ додека првите капки
не ти го освежат лицето
и првиот парфем
не го потисне мојот мирис.
Почнуваш да се чувствуваш
како роб на навиките,
од моето име
и последната буква исчезнува,
во денот кој претстои
за мене нема место.
Како денот заоѓа
мојот здив на твоето раме го чувствуваш,
кон твојот врат се приближува,
веќе не си сама
насмевка ти се придружува
и не ти е веќе важно,
дали ти се причинувам.
во сенките,
почекај ме,
и во сонот ќе ти дојдам.
Припаѓам на сонливиот свет,
се’ додека првите капки
не ти го освежат лицето
и првиот парфем
не го потисне мојот мирис.
Почнуваш да се чувствуваш
како роб на навиките,
од моето име
и последната буква исчезнува,
во денот кој претстои
за мене нема место.
Како денот заоѓа
мојот здив на твоето раме го чувствуваш,
кон твојот врат се приближува,
веќе не си сама
насмевка ти се придружува
и не ти е веќе важно,
дали ти се причинувам.
zbunet
Нешто рутинско
Рутина,
па некој ќе те налути,
па некој ќе те насмее,
па ќе претераш,
па ќе се обвинуваш.
Се пазиш
од болести, сиромаштија, алчни и расипани луѓе,
внимаваш на своите,
се надеваш
дека некогаш ќе дојде и твоето време,
дека залудно не постоиш,
а не само како запчаниче во големата вселена.
Се сомневаш,
дека во монотонијата ќе пробие зрак светлина
и ќе ги растера досадните и темни облаци
од кои ти се спие
додека се разминуваш со такви како тебе,
сиви или намрштени или насила насмеани.
Животот е бутканица
шетаме со лактови изгулени,
брзаме кон нешто кое не’ чека
преплашени дека нема да бидеме достојни да го доживееме.
Имало или немало,
требало или не,
ти си тој кој би требало и нешто повеќе да биде
дали ќе биде или не,
само ти ќе знаеш,
а можеби ни ти.
па некој ќе те налути,
па некој ќе те насмее,
па ќе претераш,
па ќе се обвинуваш.
Се пазиш
од болести, сиромаштија, алчни и расипани луѓе,
внимаваш на своите,
се надеваш
дека некогаш ќе дојде и твоето време,
дека залудно не постоиш,
а не само како запчаниче во големата вселена.
Се сомневаш,
дека во монотонијата ќе пробие зрак светлина
и ќе ги растера досадните и темни облаци
од кои ти се спие
додека се разминуваш со такви како тебе,
сиви или намрштени или насила насмеани.
Животот е бутканица
шетаме со лактови изгулени,
брзаме кон нешто кое не’ чека
преплашени дека нема да бидеме достојни да го доживееме.
Имало или немало,
требало или не,
ти си тој кој би требало и нешто повеќе да биде
дали ќе биде или не,
само ти ќе знаеш,
а можеби ни ти.
zbunet
Жесток план
Се’ што планиравме да биде,
ништо од тоа не бидна,
бидна како требаше,
затоа и останавме заедно.
На тие што им успеа,
по некој згрчен и згрбавен ќе претрча
или никаде ги нема,
како уште ние да останавме.
Сеуште за рака се држиме,
повремено чудно не’ гледаат
како само ние тоа да го правиме.
Отворени садови сме,
еден со друг се полниме
за наша љубов и здравје наздравуваме
со преплетени раце,
а богами и тела
во очи додека се гледаме,
од далеку се гледа
дека нашето жестоко е.
ништо од тоа не бидна,
бидна како требаше,
затоа и останавме заедно.
На тие што им успеа,
по некој згрчен и згрбавен ќе претрча
или никаде ги нема,
како уште ние да останавме.
Сеуште за рака се држиме,
повремено чудно не’ гледаат
како само ние тоа да го правиме.
Отворени садови сме,
еден со друг се полниме
за наша љубов и здравје наздравуваме
со преплетени раце,
а богами и тела
во очи додека се гледаме,
од далеку се гледа
дека нашето жестоко е.
zbunet
Re: Поезија
zbunet напиша:Се’ што планиравме да биде,
ништо од тоа не бидна,
бидна како требаше,
затоа и останавме заедно.
На тие што им успеа,
по некој згрчен и згрбавен ќе претрча
или никаде ги нема,
како уште ние да останавме.
Сеуште за рака се држиме,
повремено чудно не’ гледаат
како само ние тоа да го правиме.
Отворени садови сме,
еден со друг се полниме
за наша љубов и здравје наздравуваме
со преплетени раце,
а богами и тела
во очи додека се гледаме,
од далеку се гледа
дека нашето жестоко е.
keti
Re: Поезија
ОСТАНАВМЕ ЗАЕДНО И ЈА ТРГНАВМЕ СТАРАТА ВЛАСТ И ГО ДОНЕСОВМЕ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ И РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА НА ВЛАСТ... ...ГЛЕДАШ КОЛКУ СМЕ БИЛЕ МОЌНИ...
keti
Re: Поезија
Ама з'ш така бре Збунет...Бранко ќе ни ја брани државата, а Sugar Bejbi ќе ни ја прави шеќерна и слатка...
keti
Re: Поезија
Изворот на љубовта
Нека бидам она
што треба да бидам
Изворот на Љубовта
само да сум до Тебе
и Ти до мене...
Ме љубиш
те љубам
ме полниш со сила
те полнам со радост...
Дозволи ми да се спојам со тебе
Семоќна Светлино
моја фантазијо еротска
и бранот од светлина
нека ги исполни нашите тела...
Во овој чудесен миг
јас чувствувам страст
ги чувствувам твоите усни
го чувствувам твоето тело
го чувствувам твојот допир
и длабоко навлегуваш во мене...
Те опиваат љубовните сокови
и те водат низ рајската градина
до изворот на мојата љубов
и во овој чудесен миг
магијата протекува низ тебе
и допира до мене...
Нека бидам она
што треба да бидам
Изворот на Љубовта
само да сум до Тебе
и Ти до мене...
Нека бидам она
што треба да бидам
Изворот на Љубовта
само да сум до Тебе
и Ти до мене...
Ме љубиш
те љубам
ме полниш со сила
те полнам со радост...
Дозволи ми да се спојам со тебе
Семоќна Светлино
моја фантазијо еротска
и бранот од светлина
нека ги исполни нашите тела...
Во овој чудесен миг
јас чувствувам страст
ги чувствувам твоите усни
го чувствувам твоето тело
го чувствувам твојот допир
и длабоко навлегуваш во мене...
Те опиваат љубовните сокови
и те водат низ рајската градина
до изворот на мојата љубов
и во овој чудесен миг
магијата протекува низ тебе
и допира до мене...
Нека бидам она
што треба да бидам
Изворот на Љубовта
само да сум до Тебе
и Ти до мене...
keti
Re: Поезија
Благослов
Ти ме слушаш, знам
и мојата болка ја знаеш
и само тебе ти кажувам,
тешко ми е и ми требаш
оган во срце ми гори
за мојот народ...
Го следев твојот збор
Бог ми е сведок
и мислата твоја на сон ја видов
блесок на два лика славни
на јаве познати,
маж и жена со дете
народот го водат
и се' се стори светлина
радост и среќа
за мене, за тебе и за сите нас...
И насмеани лица околу нас
а јас во бел фустан
со тебе пред олтар стојам
и се појави детски лик
и уште една детска насмевка
и воскресна љубовна среќа,
солзата стана песна
и животот стана вечен,
доволно за да знаеме
дека сепак постоиме...
Ти ме слушаш, знам
и мојата болка ја знаеш
и само тебе ти кажувам,
тешко ми е и ми требаш
оган во срце ми гори
за мојот народ...
Го следев твојот збор
Бог ми е сведок
и мислата твоја на сон ја видов
блесок на два лика славни
на јаве познати,
маж и жена со дете
народот го водат
и се' се стори светлина
радост и среќа
за мене, за тебе и за сите нас...
И насмеани лица околу нас
а јас во бел фустан
со тебе пред олтар стојам
и се појави детски лик
и уште една детска насмевка
и воскресна љубовна среќа,
солзата стана песна
и животот стана вечен,
доволно за да знаеме
дека сепак постоиме...
keti
Страна 11 of 35 • 1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 23 ... 35
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 11 of 35
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот