Поезија
+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 12 of 35
Страна 12 of 35 • 1 ... 7 ... 11, 12, 13 ... 23 ... 35
Руска пролет
Ќе ти кажам,
руска пролет си моја
гледаш како мразулци испаѓаат од мене,
бев замрзнат
заедно со тие кои замислуваваме дека сме живи,
бев замрзнат
се надевам дека простено може да ми биде,
немам минато веќе
таму те немаше,
тоа време не постои
остана замрзнато во некој Сибир.
Не знам зошто си со мене,
но знам дека некое дело големо сум сторил,
за награда ваква да те имам,
некој одозгора цени и суди
се надевам дека не ме преценил.
руска пролет си моја
гледаш како мразулци испаѓаат од мене,
бев замрзнат
заедно со тие кои замислуваваме дека сме живи,
бев замрзнат
се надевам дека простено може да ми биде,
немам минато веќе
таму те немаше,
тоа време не постои
остана замрзнато во некој Сибир.
Не знам зошто си со мене,
но знам дека некое дело големо сум сторил,
за награда ваква да те имам,
некој одозгора цени и суди
се надевам дека не ме преценил.
zbunet
Re: Поезија
Ова би требало да е Македонска пролет...
Изгледа во ова време е подобро да си збунет, зошто полесно ќе се соочиш со се' што се случува...
Изгледа во ова време е подобро да си збунет, зошто полесно ќе се соочиш со се' што се случува...
keti
Re: Поезија
Во право си кога велиш дека некој одозгора цени и суди, зошто тоа е навистина така...
keti
Re: Поезија
zbunet напиша:Пролет на руски како се вика?
Велам дека си подобра
од сите кои со мене
се обиделе добри да бидат.
Ете гледај,
како сонцето си поигрува со нашите тела,
жешка си,
се соблекувам.
Синото небо
е прошарано со облаци
кои го носат твојот лик,
се’ на тебе ме потсетува.
Нема подобро чувство
кога си до мене,
твојот допир ме потсетува дека сум жив
насекаде ме скокотка
непрекинато се смеам.
Ако некогаш
сум се прашувал
зошто постојам и кој сум јас,
веќе сум заборавил кога било тоа,
на решителност се навикнав,
едноставно те зграбувам и уживам.
Александра
И денес како и вчера
И денес е ден
како и оние кои беа,
за иднина не сакам да мислам,
ми текнува на западна бљутава демагогија,
дека сум крив што сум жив,
ако не сум намбер уан.
Кој не избега од тука
ќе си го папа ко беби папа,
а можеби и не,
богати улици светкаат од џипови и најнови серии,
најверојатно шпански
демек не знаат да живеат,
демек љубов немаат.
Некаде закон преставувам,
колку немоќен сум сфаќам,
кога на криминалци им се смешкам,
во мисли моите дланки како клешти вратот им го фаќаат,
плава боја на лицата убаво би им стоела.
Како и да е
и ова е ден како и многу други пред мене,
како и за многу други како мене,
ми се смачува и нив да да ги гледам,
кревам поглед,
ебаго,
чадор не земав.
како и оние кои беа,
за иднина не сакам да мислам,
ми текнува на западна бљутава демагогија,
дека сум крив што сум жив,
ако не сум намбер уан.
Кој не избега од тука
ќе си го папа ко беби папа,
а можеби и не,
богати улици светкаат од џипови и најнови серии,
најверојатно шпански
демек не знаат да живеат,
демек љубов немаат.
Некаде закон преставувам,
колку немоќен сум сфаќам,
кога на криминалци им се смешкам,
во мисли моите дланки како клешти вратот им го фаќаат,
плава боја на лицата убаво би им стоела.
Како и да е
и ова е ден како и многу други пред мене,
како и за многу други како мене,
ми се смачува и нив да да ги гледам,
кревам поглед,
ебаго,
чадор не земав.
zbunet
Повторно раѓање
Кога наопаку ти оди,
кога разочаруваш наоколу,
кога лицемери сеирот ти го гледаат,
кога во некоја далечна дупка сакаш да се сокриеш,
само по некој зрак светлина да допира
колку да те потсети дека сеуште си жив.
Кога животот не ти е јасен,
има правила,
но се’ помалку ги сфаќаш,
тогаш ти треба повторно раѓање.
Брзата река нека го однесе старото,
знам, жал ќе ти биде,
и секогаш ќе ти биде,
тогаш секој звук ќе замре и ќе се плашиш.
Волците се раѓаат глуви и уплашени,
додека се исправиш на нозете кои треперат,
по многу несигурни чекори почнуваш да трчаш,
до ридот на полна месечина,
застануваш и испушташ слаб глас,
не грижи се, месечината ќе те почека.
Тогаш твојот крик сила ќе добие,
ќе завиваш и шумата ќе се затресе,
екот далеку ќе стигне,
до утрото кое ќе те пречека,
и сонцето со зраци ќе те искапе.
Кон градот ќе погледнеш,
ќе заржиш,
јасно ќе ти стане дека луѓе никогаш немало,
од секогаш волци биле,
нивната исправеност нема веќе да те излаже.
Тогаш спокојно во глутница ќе влезеш,
пат ќе ти отворат
додека кон средиште се упатуваш,
знаејќи конечно каде ти е местото.
кога разочаруваш наоколу,
кога лицемери сеирот ти го гледаат,
кога во некоја далечна дупка сакаш да се сокриеш,
само по некој зрак светлина да допира
колку да те потсети дека сеуште си жив.
Кога животот не ти е јасен,
има правила,
но се’ помалку ги сфаќаш,
тогаш ти треба повторно раѓање.
Брзата река нека го однесе старото,
знам, жал ќе ти биде,
и секогаш ќе ти биде,
тогаш секој звук ќе замре и ќе се плашиш.
Волците се раѓаат глуви и уплашени,
додека се исправиш на нозете кои треперат,
по многу несигурни чекори почнуваш да трчаш,
до ридот на полна месечина,
застануваш и испушташ слаб глас,
не грижи се, месечината ќе те почека.
Тогаш твојот крик сила ќе добие,
ќе завиваш и шумата ќе се затресе,
екот далеку ќе стигне,
до утрото кое ќе те пречека,
и сонцето со зраци ќе те искапе.
Кон градот ќе погледнеш,
ќе заржиш,
јасно ќе ти стане дека луѓе никогаш немало,
од секогаш волци биле,
нивната исправеност нема веќе да те излаже.
Тогаш спокојно во глутница ќе влезеш,
пат ќе ти отворат
додека кон средиште се упатуваш,
знаејќи конечно каде ти е местото.
zbunet
Епа
Епа таков сум,
секогаш сум таков,
сериозноста долго не ме држи,
тоа нема врска со тебе,
ниту па ме прашува мене.
Епа кажувам шеги понекогаш,
гледам само мене да ми се смешни,
иако време секогаш не погаѓам,
за датуми и да не зборуваме,
знаеш дека секогаш ги промашувам,
24 години не се малку
безвремено да постоиш.
Епа не сум тактичен,
не умеам добро да играм,
затоа тактови стварам,
иако во празна сала
само ехо се одбива.
Епа дај гушни ме,
искриви фациче бар во насмевка присилна,
епа дај да го правиме
тоа што со нас има силна врска,
кое во Гордиев чвор не’ врза,
не грижи се,
не постои ништо на овој свет
кое може да не’ одврзе.
секогаш сум таков,
сериозноста долго не ме држи,
тоа нема врска со тебе,
ниту па ме прашува мене.
Епа кажувам шеги понекогаш,
гледам само мене да ми се смешни,
иако време секогаш не погаѓам,
за датуми и да не зборуваме,
знаеш дека секогаш ги промашувам,
24 години не се малку
безвремено да постоиш.
Епа не сум тактичен,
не умеам добро да играм,
затоа тактови стварам,
иако во празна сала
само ехо се одбива.
Епа дај гушни ме,
искриви фациче бар во насмевка присилна,
епа дај да го правиме
тоа што со нас има силна врска,
кое во Гордиев чвор не’ врза,
не грижи се,
не постои ништо на овој свет
кое може да не’ одврзе.
zbunet
Re: Поезија
Во виното не е љубовта
Во нектарот на животот
јас не знам да пливам
А ти...дури и нуркаш
со страв се облевам со опојната течност
посилна е желбата
да те најдам во пијаните бранови
Сега...пливам до тебе
но,не знам зошто
колку сме поблиску
те чувствувам се' подалеку
Во нектарот на животот
јас не знам да пливам
А ти...дури и нуркаш
со страв се облевам со опојната течност
посилна е желбата
да те најдам во пијаните бранови
Сега...пливам до тебе
но,не знам зошто
колку сме поблиску
те чувствувам се' подалеку
the nurse
Re: Поезија
hot nurse напиша:Во виното не е љубовта
Во нектарот на животот
јас не знам да пливам
А ти...дури и нуркаш
со страв се облевам со опојната течност
посилна е желбата
да те најдам во пијаните бранови
Сега...пливам до тебе
но,не знам зошто
колку сме поблиску
те чувствувам се' подалеку
Hot nurse и јас не сакам да нуркам, ама пак со задоволство сакам да летам...
keti
Re: Поезија
zbunet напиша:Јато здивени бакнежи ти праќам
помалку и грицкаат
прерамки буткаат
копчиња откопчуваат
внатре се устремуваат
не се сопираат,
такви се
бргу огладнуваат,
ама што да им правам
какви се, такви се,
мои се.
Жртва нивна си
само за тебе ми зборуваат,
се облизнувааат,
на твојот мирис ме потсетуваат,
знам,
претеруваат,
а не можам да ти помогнам
и со мене владеат.
Збунет, ми недостига твојата поезија...
keti
Делфинска игра
Како да објаснам
како да кажам
во ќорсокак додека седам
направив колку знаев
во слепа улица завршив
ништо не изменив.
Воља доволно силна немам
да задржам било кого
од мене генерал не бива.
Не сум тој
затоа што далеку е од мене,
го гледам и ќе му мафнам
во спротивна насока ќе се упатам
кон морето силно ќе замафтам
кон делфините да се играме.
Само понекогаш најмилите
кон брегот ќе ми покажат
дека сепак само сум човек
дека и на луѓето не треба да заборавам
и дека има зошто да им требам
иако често велат спротивно,
да не им замерувам,
често не знаат што зборуваат.
како да кажам
во ќорсокак додека седам
направив колку знаев
во слепа улица завршив
ништо не изменив.
Воља доволно силна немам
да задржам било кого
од мене генерал не бива.
Не сум тој
затоа што далеку е од мене,
го гледам и ќе му мафнам
во спротивна насока ќе се упатам
кон морето силно ќе замафтам
кон делфините да се играме.
Само понекогаш најмилите
кон брегот ќе ми покажат
дека сепак само сум човек
дека и на луѓето не треба да заборавам
и дека има зошто да им требам
иако често велат спротивно,
да не им замерувам,
често не знаат што зборуваат.
zbunet
Поинаков сон
Кога навистина ќе те најдам,
кога навистина ќе те држам во раце,
тоа кое е сега само е површно,
тогаш навистина ќе се споиме
кога навистина ќе се разголам,
тоа што беше досега само имитација е
на тоа кое ќе биде.
Знам дека ќе биде
затоа што немам друга цел
авиони и бомби да правам не ме интересираат,
да откријам што се’ има во нас двајца
за мене поголемо е.
Тогаш ќе го обелам образот
и ќе ми простиш
затоа што досега само обичен човек бев
заплеткан во пајажина од просечност.
Ти се чини дека само се зафркавам,
но во првите времиња смешно нема да ти биде,
затоа што многу поинаква ќе бидеш
каква во соништата се гледаше
ќе се плашиш од новото,
но и ќе се плашиш да не е само сон.
кога навистина ќе те држам во раце,
тоа кое е сега само е површно,
тогаш навистина ќе се споиме
кога навистина ќе се разголам,
тоа што беше досега само имитација е
на тоа кое ќе биде.
Знам дека ќе биде
затоа што немам друга цел
авиони и бомби да правам не ме интересираат,
да откријам што се’ има во нас двајца
за мене поголемо е.
Тогаш ќе го обелам образот
и ќе ми простиш
затоа што досега само обичен човек бев
заплеткан во пајажина од просечност.
Ти се чини дека само се зафркавам,
но во првите времиња смешно нема да ти биде,
затоа што многу поинаква ќе бидеш
каква во соништата се гледаше
ќе се плашиш од новото,
но и ќе се плашиш да не е само сон.
zbunet
Re: Поезија
Жалосно...А јас се уште мислам дека си на врвот...само кога би сакал ти тоа да го сватиш, се' би било лесно...и на мене и на тебе...и на сите околу нас...
keti
Re: Поезија
Na vrvot od sto? Ne mi treba nikakov vrv. Mojata zadaca e zavrsena i sega samo cekam
zbunet
Страна 12 of 35 • 1 ... 7 ... 11, 12, 13 ... 23 ... 35
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 12 of 35
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот