МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 23 of 35 Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 29 ... 35  Next

Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Чет Мај 03 2012, 19:38

fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Додека се пронаоѓам во зракот

Пишување by zbunet Чет Мај 03 2012, 20:12

Те гушкам во мракот додека се згуснува,
по косата те бакнувам додека ти шепотам,
некој упорен месечев зрак низ ролетна пробива,
окото твое ми го открива,
во него се препознавам,
зошто ли не може овој момент вечно да трае?
Како по навика се обидувам часот да откријам колку е,
часовникот од рака ми го исфрлаш,
се слуша како се распарчува,
знаеш ли колку те сакам заради ова што го направи?
Затоа купувам ефтини часовници.
И како да не те бакнувам како излуден,
како да не се смеам од душата која ми воскреснува од пепелот?
Дали си свесна дека друга причина немам за да живаем?
Се поднамрштуваш,
велиш дека можеби подобро би живеел,
во некое Токио или Париз
кои повремено ги споменувам.
Но, тие места воопшто не се романтични,
добро, но парижанки не се домаќинки,
значи ако ме исфрлиш како часовникот таму ќе се распарчам,
а ефтин да станам не сакам,
во тоа смисол не гледам.
Ме штипеш, ме бакнуваш, по малку подржнуваш,
ме легнуваш,
сакам уште нешто да кажам,
не ми дозволуваш,
можеби за прв пат, баш овој момент вечно ќе трае.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Саб Мај 05 2012, 00:34

Не разбирам ама баш ништо сега... Како да е измешана поезијата... Може не е за мене наменета... zbunet ... Но, некои зборови, па и некоја реченица ми се многу познати... smeenje
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Додека се гонам

Пишување by zbunet Сре Мај 09 2012, 13:43

Некој утрово ми рече:
“Здраво легендо“
Како да бев некој,
а јас не знам кој.
Сум бил на многу места,
на многу не знам дека сум бил,
дека сум рекол ова или она,
дека сум направил вака или така,
во мојата меморија многу податоци недостасуваат.
Кога е некоја глупост за која се сеќавам,
кажуваат дека им се случила со некој друг,
а будалата стои пред нив,
но мојот терет некој друг го превзел.
Некои бараат двојна личност во мене,
незадоволни од тоа што го гледаат,
за нив не сум никогаш тој кој се преставувам,
личам како многу работи да не кажувам.
Мојот ум предизвикува туѓи фантазии,
додека се шегува,
додека сака да не мисли на тоа што боли,
оди каде никој не бил,
поинакви слики прави,
неочекувани.
А тоа е само игра,
а тоа е само некој крстозбор,
да помине време,
кажувам,
а никој не сфаќа дека животот ми е само досаден
и тоа ме тера
и тоа ме гони,
а уште границите не се покажале.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Чет Мај 10 2012, 01:09

Животот е убав, уживај во него... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Плескање

Пишување by zbunet Чет Мај 10 2012, 23:02

Морам,
да го држам под контрола,
многу раскрсници, надвозници, подвозници, подвезици,
се’ наеднаш се меша,
како да сум среде океан,
каде и да се свртам водата со небото се спојува.
Твојата бутина ме мами,
забите ме чешаат,
буквално си слатка,
како тегла која баба ја чуваше скришно за посебни ситуации,
тогаш навистина за мене беше тоа нешто посебно.
Немирна прерамка ти паѓа,
очи кривам, ме заболува слепоочница дури,
се надевам на розево кругче дека ќе видам,
ми текна дека ми кажуваа дека рано сум се одбил,
сум се чувал за тебе уште тогаш,
знаев дека ќе дојде моето време со тебе,
само една вечност требаше да почекам.
Сега нурнувам во тебе затоа што си мојот океан,
со небото кој се спојуваш,
мислам дека си и двете,
ја совладувам струјата која наизглед се противи,
мојата упорност која се граничи со досадност,
додека не се препуштиш на моите раце,
ми легнуваш како на брашно,
пливам низ водата,
како иде времето,
се’ побрзо плескам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Непоздрав

Пишување by zbunet Пет Мај 11 2012, 20:16

Едно по едно,
никогаш не стануваат две,
време ми иде
прошишува крај мене,
прашина во очи,
така само можат да ми засолзат очите,
мислев засушиле.
Како да се сеќавам како изгледаше пред да се родам,
времето сегашно ме потсетува,
ноќта целосно ќе ми се открие,
ќе ми се предаде.
Моите чекори заедно со ноќта
музика само за мене ќе творат,
вратата полека ќе ја затворам
мојот свет ќе стане само мој.
Ќе бидам добар,
нема со никого да делам ни парче од мене,
човечка кожа од мене ќе соблечам
со волците ќе танцувам,
понекој завива,
ме повикува,
се спремам,
не се ни поздравувам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Саб Мај 12 2012, 22:46

Ај малку поведро...ова не личи на тебе... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Препот во трепет

Пишување by zbunet Пет Мај 25 2012, 13:10

Ме нервира кога седам или стојам до тебе,
кога има уште некој,
заради кого морам да се воздржувам,
заради кого треба да глумам дека не ми е до тебе,
а баш тогаш неодоливо слатко ме гледаш,
а во мене дреме тигар кому лиги течат,
ржи пригушено во тревата,
не прегласно за да не го забележи чопорот,
но ни претивко за да не си ги слушне своите желби.
Знам дека знаеш,
ми се чини копче ти се откопчува,
ми се чини како во глава ми се завртува,
а кога нема почнува да ми се лоши,
твоите усни ме мамат како нектар
додека кажуваш нешто што воопшто не ме интересира,
но заради други кажуваш,
знаеш дека некои други мисли ми се вртат во глава.
Рацете во канџи ми се претвараат,
кинам некое хартивче,
усните си ги гризам,
морам да се воздржам,
а тешко ми иде,
се препотувам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Пет Мај 25 2012, 22:29

Ех, збунет, збунет ... Сега некој ќе се препотува, а некој ќе си се прави "на Тошo" ... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пет Мај 25 2012, 23:36

Nekoja, nekoj e maski rod smesko
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Саб Мај 26 2012, 02:50

Некој ќе се препотува, а некоја ќе се прави „на Тошо“
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Саб Мај 26 2012, 03:14

Тошоица kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Саб Мај 26 2012, 14:03

zbunet напиша:Ме нервира кога седам или стојам до тебе,
кога има уште некој,
заради кого морам да се воздржувам,
заради кого треба да глумам дека не ми е до тебе,
а баш тогаш неодоливо слатко ме гледаш,
а во мене дреме тигар кому лиги течат,
ржи пригушено во тревата,
не прегласно за да не го забележи чопорот,
но ни претивко за да не си ги слушне своите желби.
Знам дека знаеш,
ми се чини копче ти се откопчува,
ми се чини како во глава ми се завртува,
а кога нема почнува да ми се лоши,
твоите усни ме мамат како нектар
додека кажуваш нешто што воопшто не ме интересира,
но заради други кажуваш,
знаеш дека некои други мисли ми се вртат во глава.
Рацете во канџи ми се претвараат,
кинам некое хартивче,
усните си ги гризам,
морам да се воздржам,
а тешко ми иде,
се препотувам.

Убаво,после тебе...потоп smesko
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Саб Мај 26 2012, 22:32

sirena
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Немаше, ама сега има

Пишување by zbunet Чет Мај 31 2012, 12:27

Доаѓаат потопли времиња, велат,
не ги забележувам,
секогаш ми е топло.
Доаѓаат лоши времиња, велат,
ништо не ме допира,
додека те имам тебе,
а мислев само муабети се празни
за љубов, ова, она и дрн, дрн.
Се смееш и ми простуваш,
од каде да знаев дека постои таква како тебе?
А немаше, за мене ништо немаше,
и сега ми велиш да не гледам по други,
зар по такви кои ме наведоа да мислам дека животот е срање?
Едно е сонце, а ноќе си месечина,
еден е живот додека не го мешам со туѓи,
овој е единствен и само наш
каде можам да бидам збунето дете и мудрец истовремено,
правам работи кои никогаш не ги можев,
силата се гледа дека од тебе ја црпам,
а својата вредност сеуште не ја согледуваш
од тебе пршти енергија,
само требаше вистинскиот приклучок.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Чет Мај 31 2012, 19:30

Поезија - Page 23 319744_4095010939252_477225602_n
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Чет Мај 31 2012, 22:15

kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Со тебе е лесно

Пишување by zbunet Сре Јун 06 2012, 20:48

Лесно е човек да те сака,
лесно е да не може да те спореди со друга,
да е сигурен дека си единствена,
затоа што воздухот околу тебе е почист,
затоа што светот тогаш изгледа милозлив,
ентитет кој наградува.
Само малку чудно ми доаѓа,
ликот твој кој е под мене,
во мислите е пред мене,
а оној кој е пред мене,
го легнувам под мене,
се збунувам, ама сепак се снаоѓам,
патот со насмевка и допир ми го покажуваш.
Кога сум со тебе,
часовите ми се минути,
ме прекинуваш,
велиш дека во животот и нешто друго треба да се прави,
за да можеме да повториме и провериме,
нешто да не сме испуштиле,
а никогаш не испушташ
ма колку и да лизгаво било.
Лесно би било и времето да го прати нашиот ритам,
на нашите чукања,
и нашите срца
да го покажат вистинскиот премин до крајните граници,
но и тоа застанува немоќно,
додека продираме кон изворот на вечноста,
кој непрекинато прска.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Сре Јун 06 2012, 21:34

palce Неподносливо лесно... vinozito
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Чет Јун 07 2012, 00:37

fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Чет Јун 07 2012, 10:14

kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Чет Јун 07 2012, 10:19

zbunet напиша:Тошоица kez

Тоа така народот си го рекол... А зошто се вели „на Тошо“, Бог си знае... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Чет Јун 07 2012, 14:18

zbunet
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Саб Јун 09 2012, 04:04

keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 23 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 23 of 35 Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 29 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот