Поезија
+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 13 of 35
Страна 13 of 35 • 1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 24 ... 35
Важноста на неважното
Не е важно ништо,
никогаш нема ни да биде,
што би требало да биде,
ми се чини дека разбирам,
ми се чини дека рамно е се’,
а толку ми се чинеше
дека има нагоре и надоле.
Не знаев,
но немам намера да се обвинувам
за нешто што е створено пред мене
или воопшто не постоело,
работите се такви какви се
ако воопшто се некакви.
Јас сум тука,
иако важно не е
дали мислам или што мислам,
уште помалку.
Се движам низводно како ме тера реката
некои гласови од крајбрежјето слушам
најверојатно ми се причинуваат,
чувствувам некакво олеснување
се сеќавам дека слобода го нарекуваа,
не е ни важно,
сонцето и за мене тука е,
уште во него верувам.
никогаш нема ни да биде,
што би требало да биде,
ми се чини дека разбирам,
ми се чини дека рамно е се’,
а толку ми се чинеше
дека има нагоре и надоле.
Не знаев,
но немам намера да се обвинувам
за нешто што е створено пред мене
или воопшто не постоело,
работите се такви какви се
ако воопшто се некакви.
Јас сум тука,
иако важно не е
дали мислам или што мислам,
уште помалку.
Се движам низводно како ме тера реката
некои гласови од крајбрежјето слушам
најверојатно ми се причинуваат,
чувствувам некакво олеснување
се сеќавам дека слобода го нарекуваа,
не е ни важно,
сонцето и за мене тука е,
уште во него верувам.
zbunet
Re: Поезија
Важноста на важното
...Го пронајдов клучот
на рамнотежата во природата
тоа е бројот 3
Јас, Ти и Тој...
И сега имаме цел
и сега се' е важно
и сега се' е можно...
Тоа е
важноста на важното...
...Го пронајдов клучот
на рамнотежата во природата
тоа е бројот 3
Јас, Ти и Тој...
И сега имаме цел
и сега се' е важно
и сега се' е можно...
Тоа е
важноста на важното...
keti
Re: Поезија
Би сакал
онака како често посакуваш
без да кажам
да знаеш што ми треба
правите зборови да ги употребиш
оние кои навистина ми се потребни.
Не знаеш што во мене се случува
има такви денови
кога мислам дека до крајот сум дошол
кога патот натака е обраснат во густа џунгла
би го пробил да немаше монолитен ѕид
од некоја древна вонземска цивилизација
кој за мене нема да се отвори
затоа што сум ист како другите од мојот сој
сеуште како животно ме гледаат.
Гушни ме,
ти кажувам,
само така ќе ми помине,
насмевката ќе се врати
да се вратам каков бев
таму го оставив делот кој ми фали.
онака како често посакуваш
без да кажам
да знаеш што ми треба
правите зборови да ги употребиш
оние кои навистина ми се потребни.
Не знаеш што во мене се случува
има такви денови
кога мислам дека до крајот сум дошол
кога патот натака е обраснат во густа џунгла
би го пробил да немаше монолитен ѕид
од некоја древна вонземска цивилизација
кој за мене нема да се отвори
затоа што сум ист како другите од мојот сој
сеуште како животно ме гледаат.
Гушни ме,
ти кажувам,
само така ќе ми помине,
насмевката ќе се врати
да се вратам каков бев
таму го оставив делот кој ми фали.
zbunet
Re: Поезија
zbunet напиша:Би сакал
онака како често посакуваш
без да кажам
да знаеш што ми треба
правите зборови да ги употребиш
оние кои навистина ми се потребни.
Не знаеш што во мене се случува
има такви денови
кога мислам дека до крајот сум дошол
кога патот натака е обраснат во густа џунгла
би го пробил да немаше монолитен ѕид
од некоја древна вонземска цивилизација
кој за мене нема да се отвори
затоа што сум ист како другите од мојот сој
сеуште како животно ме гледаат.
Гушни ме,
ти кажувам,
само така ќе ми помине,
насмевката ќе се врати
да се вратам каков бев
таму го оставив делот кој ми фали.
the nurse
Re: Поезија
Мост
Секој ден правам мост кон тебе
секоја ноќ е срушен
Уморна и лута
барав некој да го чува
Змејот е зафатен
џуџињата се разбегаа
оној од лампата што божем исполнува желби
само спие
Ми рекоа...треба...
нешто живо да заѕидаш
но,не можам
дури ни бубачка
и пиленцето што се заплетка го ослободив
златната рипка сама се понуди
ја одбив
Решив сама да чувам стража
Сум заспала...те сонував
Но...најдов некои траги
стапалки во песокот
кои за чудо
совршено одговараа на моите
Секој ден правам мост кон тебе
секоја ноќ е срушен
Уморна и лута
барав некој да го чува
Змејот е зафатен
џуџињата се разбегаа
оној од лампата што божем исполнува желби
само спие
Ми рекоа...треба...
нешто живо да заѕидаш
но,не можам
дури ни бубачка
и пиленцето што се заплетка го ослободив
златната рипка сама се понуди
ја одбив
Решив сама да чувам стража
Сум заспала...те сонував
Но...најдов некои траги
стапалки во песокот
кои за чудо
совршено одговараа на моите
the nurse
Re: Поезија
hot nurse напиша:Мост
Секој ден правам мост кон тебе
секоја ноќ е срушен
Уморна и лута
барав некој да го чува
Змејот е зафатен
џуџињата се разбегаа
оној од лампата што божем исполнува желби
само спие
Ми рекоа...треба...
нешто живо да заѕидаш
но,не можам
дури ни бубачка
и пиленцето што се заплетка го ослободив
златната рипка сама се понуди
ја одбив
Решив сама да чувам стража
Сум заспала...те сонував
Но...најдов некои траги
стапалки во песокот
кои за чудо
совршено одговараа на моите
epten po moj vkus
Александра
Re: Поезија
Некако е толку,
преставата завршува,
кој разбра, разбра
кој не, уште подобро,
знаеме
и на тие кои не знаат им завидуваме.
Во пустина цвеќиња не се садат,
таму само кактуси има,
малку им е доволно,
за некого неподносливо.
Да се биде,
не е тоа што кажуваат,
само ќе се зезнеш во реката кога ќе влезеш
спроти струјата ќе пливаш,
ќе се измориш,
ќе се опуштиш
и секако ќе те повлече
како еден од многуте.
преставата завршува,
кој разбра, разбра
кој не, уште подобро,
знаеме
и на тие кои не знаат им завидуваме.
Во пустина цвеќиња не се садат,
таму само кактуси има,
малку им е доволно,
за некого неподносливо.
Да се биде,
не е тоа што кажуваат,
само ќе се зезнеш во реката кога ќе влезеш
спроти струјата ќе пливаш,
ќе се измориш,
ќе се опуштиш
и секако ќе те повлече
како еден од многуте.
zbunet
Надеж
Би сакал
да беше поедноставно
би сакал
да не зјапам изгубено во тебе
со испуштена света вазна
во неа пепелта од наште надежи
расеана околу нас
која ветерот веднаш ја дофати да си поигрува
се кикоти додека ја разгледува
вели понаивни од нас нема.
Би сакал
на бел облак да те однесам
до моето место со куќичка скромна
и едноставна
како и нашите надежи
кои само фантазија останаа
со шарени еднорози и носорози
во шума од чоколадни дрва
каде лесно ќе беше да се сакаме
без “ама, зошто и како?“.
И така то.
да беше поедноставно
би сакал
да не зјапам изгубено во тебе
со испуштена света вазна
во неа пепелта од наште надежи
расеана околу нас
која ветерот веднаш ја дофати да си поигрува
се кикоти додека ја разгледува
вели понаивни од нас нема.
Би сакал
на бел облак да те однесам
до моето место со куќичка скромна
и едноставна
како и нашите надежи
кои само фантазија останаа
со шарени еднорози и носорози
во шума од чоколадни дрва
каде лесно ќе беше да се сакаме
без “ама, зошто и како?“.
И така то.
zbunet
Две страни
Да беше поинаку
и јас ќе бев некој друг,
да имав желба
можеби ќе се совпаднев со твоите желби,
вака,
одлучив да бидам оној кој сум.
не дека си се восхитувам,
навиката е дефинитивна.
Секој восхит наменет ти е тебе,
таква прагматична совршеност,
таква прецизност
на која никогаш нема да и’ бидам достоен,
мојата природа е воздушеста,
нестабилна и зависна од ветриштата,
некогаш црн, некогаш бел
со облаците сум многу поблизок.
Полесно ми е да сум околу тебе
кога не знаеш,
тогаш ништо не се очекува од мене,
но кога твоите очи ќе ме осветлат
како сонца ги доживувам
тоа се две страни
на погрешната се појавувам,
не дека е погрешна,
туку времето не е за неа,
знам,
наопачки делувам,
лесно се збунувам.
и јас ќе бев некој друг,
да имав желба
можеби ќе се совпаднев со твоите желби,
вака,
одлучив да бидам оној кој сум.
не дека си се восхитувам,
навиката е дефинитивна.
Секој восхит наменет ти е тебе,
таква прагматична совршеност,
таква прецизност
на која никогаш нема да и’ бидам достоен,
мојата природа е воздушеста,
нестабилна и зависна од ветриштата,
некогаш црн, некогаш бел
со облаците сум многу поблизок.
Полесно ми е да сум околу тебе
кога не знаеш,
тогаш ништо не се очекува од мене,
но кога твоите очи ќе ме осветлат
како сонца ги доживувам
тоа се две страни
на погрешната се појавувам,
не дека е погрешна,
туку времето не е за неа,
знам,
наопачки делувам,
лесно се збунувам.
zbunet
Стабилен ветер
Само сум изморен
само не сум сигурен
дали сум оној кој ти треба.
Имам и јас свои стравови
кои ме лутат
кои ме убедуваат
дека ништо нема да се измени
и да си заминат.
На ниедно прашање немам одговор
бар не јасен
затоа што не сакам да бидам во право
затоа што премногу сум реален од внатре
а со фантазијата толку добро ракувам
како да ми е во џеп
во кој со неа скришно си играм.
Глумам стабилен
од внатре се нишам
ми требаш
најверојатно без тебе одамна ќе паднев.
само не сум сигурен
дали сум оној кој ти треба.
Имам и јас свои стравови
кои ме лутат
кои ме убедуваат
дека ништо нема да се измени
и да си заминат.
На ниедно прашање немам одговор
бар не јасен
затоа што не сакам да бидам во право
затоа што премногу сум реален од внатре
а со фантазијата толку добро ракувам
како да ми е во џеп
во кој со неа скришно си играм.
Глумам стабилен
од внатре се нишам
ми требаш
најверојатно без тебе одамна ќе паднев.
zbunet
Ѕвезден смисол
Се обидувам да створам смисол
се обидувам да ти докажам
не затоа што бараш
дури и не бараш ништо да ти докажам.
Што правевме вчера
сем што се галевме и со паметот лебдевме,
кон ѕвездите до самото утро гледавме.
Каков облик и да побараше
таков меѓу ѕвездите ти наоѓав
која ќе допрев посилно засветуваше,
посака повторно воодушевено
и повторно доби.
Велеше дека не сум од тука
велеше дека не сум за тука
само за тебе сум,
точно е, нема друг смисол.
Сега е сурово утро
сета нежност од ноќта исчезна
домот мој не можам да го видам
сонцето е посилно,
но ѕвездите се вгнездија во твоите очи
често те погледнувам
има смисол
дома сум.
се обидувам да ти докажам
не затоа што бараш
дури и не бараш ништо да ти докажам.
Што правевме вчера
сем што се галевме и со паметот лебдевме,
кон ѕвездите до самото утро гледавме.
Каков облик и да побараше
таков меѓу ѕвездите ти наоѓав
која ќе допрев посилно засветуваше,
посака повторно воодушевено
и повторно доби.
Велеше дека не сум од тука
велеше дека не сум за тука
само за тебе сум,
точно е, нема друг смисол.
Сега е сурово утро
сета нежност од ноќта исчезна
домот мој не можам да го видам
сонцето е посилно,
но ѕвездите се вгнездија во твоите очи
често те погледнувам
има смисол
дома сум.
zbunet
Страна 13 of 35 • 1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 24 ... 35
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 13 of 35
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот