Поезија
+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 24 of 35
Страна 24 of 35 • 1 ... 13 ... 23, 24, 25 ... 29 ... 35
Фати ме, ако можеш!
Фати ме ако можеш,
зошто сега сум ѕвезда
што свети на небото
и тешко се дофатува.
Илјада скали сега
водат до мене
и тешко се качуваат
и ти треба сега
сета моја љубов
за да стигнеш до мене.
Но, имај верба
и имај ти надеж
зошто јас сум тука
и сум со тебе
како и секогаш што бев.
зошто сега сум ѕвезда
што свети на небото
и тешко се дофатува.
Илјада скали сега
водат до мене
и тешко се качуваат
и ти треба сега
сета моја љубов
за да стигнеш до мене.
Но, имај верба
и имај ти надеж
зошто јас сум тука
и сум со тебе
како и секогаш што бев.
Последната промена е направена од keti на Пон Јун 11 2012, 18:43. Мислењето е променето 1 пати
keti
Доловен фрагмент
Да наздравиме,
со уште една чаша сон,
каде ќе летаме со розев слон,
го губи правецот додека со сурлата си го чеша г’зот,
ама и да паднеме,
секогаш долу пердуви не’ чекаат.
На сето што не’ загрижуваше само се смееме,
обрни внимание со раката што правам,
не со таа која ја чувствуваш и која секаде те пипка,
туку со таа која ти покажувам кон небото.
Прстен од облаци се покажува,
силно сонце светнува,
но во него можеме да гледаме,
облак долгнавест во кругот влегува,
наместо да зборувам,
една слика многу повеќе зборови кажува.
Те тера да се кикотиш,
те погледнувам и веќе си гола,
велиш бар до пола, ама тоа не го мислиш,
зад нас огромен кревет од многу перници се појавува,
со доверба во тебе легнувам...
Ете малку да ти доловам некоја слика од моите сонови,
ете да знаеш од прилика што во мојата подсвест има,
велиш дека знаеш каков сум,
велиш не си изненадена,
а знам дека би била,
кога повеќе би ти покажал.

zbunet
Re: Поезија
Фати ме ако можеш,
зошто сега сум ѕвезда
што свети на небото
и тешко се дофатува.
Илјада скали сега
водат до мене
и тешко се качуваат
и ти треба сега
сета моја љубов
за да стигнеш до мене.
Но, имај верба
и имај ти надеж
зошто јас сум тука
и сум со тебе
како и секогаш што бев.
зошто сега сум ѕвезда
што свети на небото
и тешко се дофатува.
Илјада скали сега
водат до мене
и тешко се качуваат
и ти треба сега
сета моја љубов
за да стигнеш до мене.
Но, имај верба
и имај ти надеж
зошто јас сум тука
и сум со тебе
како и секогаш што бев.
keti
Re: Поезија
О Македонијо, сите мудри ти заминаа додека ти мислиш само на пари... ... Време е веќе да се разбудиш ...
И ова е поезија за тие што сакат да се разбудат од ситуацијата што ги снашла во земјата...
И ова е поезија за тие што сакат да се разбудат од ситуацијата што ги снашла во земјата...
keti
Re: Поезија
Цртам поетски, пишувам поезија уметнички и сега уште да пробам сето тоа да го искомбинирам и политички и ќе нема како мене ...
keti
Re: Поезија
Не се откажувам
Би ти пишала нешто
но, не знам што
и не знам зошто,
кога сето тоа некому
ти би му го дал
за него да го воздигне
а мене тој некој
пак ќе ме падне.
И зошто би ти пишала
кога ти не си со мене
и твоето срце сега
на друга и го даде,
а може и не е тоа така
но мојот поглед
сега така гледа.
Но, јас сепак
не се откажувам од тебе
се' до кога ќе спознаеш
што е тоа љубов,
а кога ќе спознаеш
и не ќе има зошто
да се откажам од тебе.
Би ти пишала нешто
но, не знам што
и не знам зошто,
кога сето тоа некому
ти би му го дал
за него да го воздигне
а мене тој некој
пак ќе ме падне.
И зошто би ти пишала
кога ти не си со мене
и твоето срце сега
на друга и го даде,
а може и не е тоа така
но мојот поглед
сега така гледа.
Но, јас сепак
не се откажувам од тебе
се' до кога ќе спознаеш
што е тоа љубов,
а кога ќе спознаеш
и не ќе има зошто
да се откажам од тебе.
keti
Јас, ти и остатокот од светот
Ми чкрипи,
но, ионака никогаш не било поинаку,
навикнат сум,
доброто често ме заобиколува,
само ме изненади,
ми те даде тебе.
Чистина и белина ми ги осветлува мислите,
кога се појавуваш меѓу нив,
колку е добро за разлика од валканиците на кои сум изложен,
подмолности на секој чекор.
Ми годи затоа што не ти е сеедно,
а остатокот од светот чиј сум заробеник,
ни око не би му трепнало и првата провалија да ме голтне,
мислам дека ќе ждригне,
понекогаш газиран сум, нели?
Не го сакам остатокот од светот,
не верувам дека ми те даде затоа што премногу е скржав,
му се лизна и јас те грабнав,
мислам дека таа е вистината вистинска.
Те сака светот назад, го знам тоа,
но нема да му дозволам,
ќе го казнам да те нема затоа што не заслужува да те има,
ќе те залепам за мене со љубов каква не си видела,
ова е борба помеѓу мене и светот,
време е да го поразам.

Додека лига ми капе од муцка
Не знам зошто
за бутина ми иде да те гризнам,
не знам зошто
маица ми иде да ти искинам,
а ти ништо не праиш
и со ништо не ме предизвикуваш,
велиш дека тоа мене само ми се причинува
оти сум блесав,
оти сум несериозен,
кога нешто сериозно се збори,
а ти нога прекрстуваш
и нагоре за миг се’ се гледа
и лига од муцка ми капнува.
Дека градите ги дуеш,
додека посилно дишеш,
тоа дека така ти се дише,
а не дека правиш така
за да помислам тоа што го мислам,
а се познава по лигата од муцка што ми капнува.
Лесно си облечена,
ми се чини дека заради тоа за да има помалку отпор,
ми велиш дека не сум точен,
дишам длабоко и кон тебе одам со раце во канџи претворени,
се чудиш демек,
ама и се смешкаш,
велиш дека знаеш што сакам,
по лигата која ми капе од муцка.

Дали е доволно?
Прашина и ѕвезди,
те гледам,
а требаше поинаку да биде.
Требаше да бидам оној кој мислеше дека сум
и мене ми се допадна,
сакав да бидам тој.
Велиш доволно ти е,
велам дека не е,
има во мене многу повеќе,
ама не сака да излезе,
ѓавол да го земе.
Само ме прогонува во мислите и соништата,
ми покажува кој сум навистина,
пружам рака,
како светтлина ми капе низ прсти,
фали уште нешто
и затоа само чекам,
а зар имам друг избор?
Ме милуваш,
во очи те гледам,
повторуваш дека доволно ти е.
“Не, не е!“
Ми се припиваш,
како во провалија пропаѓа тој другиот јас,
ми ја промашува пружената рака одозгора,
како балон ме носиш во висините,
веќе сум меѓу облаците,
во небесно суштество ме претвараш,
изгледа одговорот на погрешно место до сега го барав.

Последната промена е направена од zbunet на Нед Aвг 12 2012, 19:14. Мислењето е променето 1 пати
zbunet
Re: Поезија
Од каде знаеше дека „Доволно е“!...Има и за „Таа е целта!“ (демек светлината) и за „Тоа време“ и за „Да не беше така“...
Но, сепак доволно е само кога „Доволно е“...
Но, сепак доволно е само кога „Доволно е“...
keti
Re: Поезија
Напишав една поезија со наслов "Доволно е" и само што сакав да ја објавам нешто се случи и се избриша... Изгледа доволно било само толку ... без да се објави ...
keti
Осамен пат
Некогаш не очекувам да ме разбереш
благодарен сум кога не ме прашуваш,
ме нервирааат тешења кои ги кажуваат бабите,
повеќе провоцираат од колку што смируваат.
Тогаш бегам подалеку од глупави луѓе,
а не секој чекор ги има,
ги интересира што правам и каде одам,
мумлам нешто неразбирливо и брзо заминувам,
го оставам со пола отворена уста спремна за уште прашања,
на кои потоа би следувале празноглави совети.
Отидов до најблиската црква,
не сум некој верник,
само вода да се напијам
и таму имаше некој групичка
зевнале како да е чудно некој да дојде таму
и таму имаше некој познат,
за малку ќе ме прашаше што правам и каде одам,
бргу исчезнав.
Кога имам мака не ја делам,
таа е само моја,
себичен сум до крај кога е така,
ме преполнува како чаша,
одново повторно се газирам,
реже, дури и пече, познатиот свет исчезнува,
остануваме само болката и јас,
се соединуваме,
ниедна љубов тоа не може да го изведе.
Можеби не е добро,
а кој може да каже што е добро?
Всушност може,
да треска глупости папагалски,
никој не знае,
всушност се обидувам да дознаам,
знам дека нема,
а што друго ми преостанува?
Тоа е осамен пат.

Не постои осамен пат... Се' некој ќе се најде на патот, или да ти прави друштво или да те тргне од него...
Многу ми се допаѓа твојата поезија Збунет... Само ти знаеш така добро да го опишеш она што е можеби толку едноставно да се каже, но сепак сложено да се опише во поезија...
Многу ми се допаѓа твојата поезија Збунет... Само ти знаеш така добро да го опишеш она што е можеби толку едноставно да се каже, но сепак сложено да се опише во поезија...
keti
Споен здив
Не ме оставај ни за миг,
затоа што и јас сум само миг кој брзо поминува,
не ме оставај за кога ќе има време,
времето си има други планови,
и редот ќе ми помине уште пред и да почне.
Редица на случувања чекаат
и незадоволно крекаат
чекајќи да настане вакум,
твојот и мојот здив кога се заедно
ги разбркуваат сите нив,
за да останеме само ние.
Тогаш нема место за ништо друго,
тогаш овој пореметен и загушлив свет пати,
затоа што не може да не’ вовлече во своите перипетии,
затоа што знае дека сме слаби само кога сме сами.

Длабочина
Помеѓу твојот врат и косата
таму сакам да заронам со лицето,
таму сакам со усните да шетам,
додека цврсто те држам,
кога и најсилни ветришта не’ заобоколуваат
затоа што каде има љубов, таму нема закони, макар и природни биле.
А потоа да ти го завртам лицето кон моето
и повторно да заронам во него,
да те пијам до последна капка,
подобро е од било кој нектар,
те жалам оти не можеш да се пробаш.
А потоа погледот ми се спушта надоле,
полека ми ја туркаш главата,
повторно заронувам,
шмукам бомбомче, две биле.
А потоа заронуваш во мене.
ме повлекуваш кон себе,
тонам и не знам што е каде е,
што начекам бакнувам,
ме ослободуваш и стигнувам до дното.
таму сакам да заронам со лицето,
таму сакам со усните да шетам,
додека цврсто те држам,
кога и најсилни ветришта не’ заобоколуваат
затоа што каде има љубов, таму нема закони, макар и природни биле.
А потоа да ти го завртам лицето кон моето
и повторно да заронам во него,
да те пијам до последна капка,
подобро е од било кој нектар,
те жалам оти не можеш да се пробаш.
А потоа погледот ми се спушта надоле,
полека ми ја туркаш главата,
повторно заронувам,
шмукам бомбомче, две биле.
А потоа заронуваш во мене.
ме повлекуваш кон себе,
тонам и не знам што е каде е,
што начекам бакнувам,
ме ослободуваш и стигнувам до дното.
zbunet
Страна 24 of 35 • 1 ... 13 ... 23, 24, 25 ... 29 ... 35
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 24 of 35
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот