МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 14 of 35 Previous  1 ... 8 ... 13, 14, 15 ... 24 ... 35  Next

Go down

Поезија - Page 14 Empty Бела аура

Пишување by zbunet Пет Сеп 16 2011, 03:12

Не барам да ми простиш,
сакам само да разбереш,
иако знам дека ни тоа не е можно,
не е мој избор да бидам тоа што сум.
Знам дека има избор
ма каква борба да се води,
тогаш бев некој друг
понекогаш се појавува кога сум исплашен,
демек да ме заштити,
некогаш беше и така,
сега ме напаѓа колку посилен станувам,
волкот сега го сака мојот врат.
Не е важно,
никогаш и не бев важен,
како кога во доверба ќе раскажам некому тајна,
а по некое време дознавам дека ја заборавил,
и се смеам на себе
на оној наивниот кој сака да драматизира.
Знам дека имаш сила и мудрост
каква никогаш нема да ја имам,
таква си родена,
јас морав тешко да ја достигнувам
и таа која ја имам.
Се надевам сеуште за мене ќе бидеш тука
иако си над моите можности и сфаќања,
кога те гледам нешто бело свети околу тебе,
мислам дека е аура на ангел
не верувам дека грешам,
друга не би била за мене тука.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пет Сеп 16 2011, 20:29

Епа ...се врати,каде и да беше...избегана,инспирацијата.
palce vinozito
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пет Сеп 16 2011, 21:31

fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by Кидман Сре Сеп 21 2011, 14:42



  • Поезија - Page 14 Icon_multiquote_off_en
  • Поезија - Page 14 Icon_post_quote_en




Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Поезија - Page 14 Empty by zbunet on Вто 2 Фед - 0:06
+
----
-

Патишта безгрешни
тешко видливи
измешани со грешните
по нив чекорам јас
не успевам да ги погодам како ти
имаш сенс
јас ни нос немам
кај што смрди одам
и оти не ми смета
те нервира.
Секогаш си невина
секогаш со тебе ми е прв пат
бела или прозрачна
а јас со бетонски плочи
душа кои ми притискаат
остана ли нешто
бар како сол да се посоли
на твојата путер душа
во уста што ми се топи.
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by Кидман Сре Сеп 21 2011, 14:44

од сите песни, јас оваа најмногу ти ја сакам
и... овај... шо ми беше муабетот, аха да...----> Поезија - Page 14 396122
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Сеп 21 2011, 15:43

kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Нед Сеп 25 2011, 12:01

Ponedeljak je pred vratima
to niko od nas ne sme da pomene
ljubimo se satima
sve dok nas jutro ne opomene
Bože, koliko je volim

Spavaš na mome ramenu
umesto jastuka sam ti ga ponudio
ja se ne usudujem da dišem
da te slucajno ne bi probudio
Bože, koliko je volim

I dok se borim da ne izgorim
jer kao šumski požar plamtim
gledam te dugo, o, moja tugo,
svaku sitnicu želim da pamtim
Bože, koliko je volim...
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Сеп 25 2011, 23:22

Спомени ми навираат
од едно минато
а и иста таква иднина
за да ме нервираат.
Ноќта е долга
сенки се приближуваат
како чудовишни дрвја месождерки
со канџите кон мене покажуваат.
Во душа моја ќе загризат
нешто ќе откинат,
остатокот ќе го затрујат.
Во демон ќе ме претворат
од човештина ќе се збогувам
бар скот да ме оставеа да бидам
кога ми се чинеше дека сум човек.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пон Сеп 26 2011, 00:24

Поезија - Page 14 Sulamith+Wulfing+(83)
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Видливо време

Пишување by zbunet Вто Сеп 27 2011, 20:22

Додека сум во пустелија некоја
крај некое дрво
крај некој камен
седнат онака препотен и задишан
како што си знам
кога немам поим каде одам,
а ниту е важно
ниту некогаш ќе биде,
блеснуваш меѓу моите црни мисли
демончиња цвилејќи се разбегуваат
некои се топат цврчејќи
таква светлина не можат да поднесат,
дури и јас затрепкувам.
Некоја топлина од градиве ми се шири
насекаде допира
баш насекаде
се местам
може некој да наиде
ќе се забележи
ќе знае на што мислам.
Се присилувам да станам
се убедувам дека не можеш да ме сакаш
ваков запенет и возбуден
мирисам на воспалени машки хормони,
морам да продолжам,
но често се сопнувам,
гледам во часовникот.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Вто Сеп 27 2011, 21:14

Mmm...Поезија - Page 14 1-lovers-leslie-marcus
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Вто Сеп 27 2011, 21:17

fala guska
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by doc holliday Сре Сеп 28 2011, 20:01

doc holliday
doc holliday


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Чет Сеп 29 2011, 22:29

zbunet напиша:Додека сум во пустелија некоја
крај некое дрво
крај некој камен
седнат онака препотен и задишан
како што си знам
кога немам поим каде одам,
а ниту е важно
ниту некогаш ќе биде,
блеснуваш меѓу моите црни мисли
.........................

Поезија - Page 14 84321 Поезија - Page 14 125943
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Чет Сеп 29 2011, 22:33

guska guska
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Извадени шарки

Пишување by zbunet Саб Окт 01 2011, 19:42

Абе седи,
не ме знаеш,
абе само така изгледа,
обожуваш понекогаш да истрчуваш со заклучоци,
понекогаш тоа кое од шарки те вади
тоа за мене баш ништо не значи.
Само инспирација си барам,
не дека нешто ќе добијам
знам,
порција од шипки варени ме чека,
само да не се укапам како што си знам
и прстот во мене ќе го впериш
како да си знаела.
Нема никаква важност тоа кое го правам,
сето тоа кое нема врска со тебе,
а нешто ме тера да правам неважни работи,
личи на креативност,
а секогаш се покажа како глупост
јасно ми е, веќе голем сум,
колку светот глупав ќе беше
да те немаше тебе.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Саб Окт 01 2011, 22:44

zbunet напиша: ...........

Поезија - Page 14 Images?q=tbn:ANd9GcRNKFbXCNUg14nmkZFI9LYHaAtP1le3-2z0bP0v35zFsUP0CFA0 Поезија - Page 14 662332 Поезија - Page 14 104553Поезија - Page 14 125943
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Окт 02 2011, 11:53

guska fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Нед Окт 02 2011, 20:01

zbunet напиша:Абе седи,
не ме знаеш,
абе само така изгледа,
обожуваш понекогаш да истрчуваш со заклучоци,
понекогаш тоа кое од шарки те вади
тоа за мене баш ништо не значи.
Само инспирација си барам,
не дека нешто ќе добијам
знам,
порција од шипки варени ме чека,
само да не се укапам како што си знам
и прстот во мене ќе го впериш
како да си знаела.
Нема никаква важност тоа кое го правам,
сето тоа кое нема врска со тебе,
а нешто ме тера да правам неважни работи,
личи на креативност,
а секогаш се покажа како глупост
јасно ми е, веќе голем сум,
колку светот глупав ќе беше
да те немаше тебе.

Е тоа нештото што те тера да правиш неважни работи ...е многу ВАЖНО smesko guska
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Окт 02 2011, 23:38

guska guska
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Духовна затруеност

Пишување by zbunet Сре Окт 05 2011, 17:43

О не, не, не,
и мачорот тоа го научи,
не е битно што сум кажал
не е битно што си кажала
можам да правам што си сакам
можеш и ти.
И мислите се грев
ако мислиш нешто што не сакаш,
нема таков кој тоа го може.
Мислите мислат што им се мисли
можат да си прават што сакаат и кога сакаат,
а делата се слуги лигави и лицемерни
тоа кое треба да мислат дека сме ние
додека мислите во нас врескаат:
О не, не, не, тоа не сме ние!
Тоа затруеност е и тоа духовна!

zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Сре Окт 05 2011, 19:51

koj
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Ептен добро лош

Пишување by zbunet Пет Окт 07 2011, 11:05

Ако ти посакам добар ден
тоа значи со мене
само сум лицемерен
ич не би сакал да ти е добро без мене
до толку сум лош.
Да му влезе шпон во око
ако некој се загледа во тебе
да се сопне и нога да си свитка
да криви цел ден, може и два.
Па уште комплимент ако ти подели
ларингит и мигрена да добие
па уште ако те покани некаде
колата да му зариба
и пајак да му ја однесе.
Само со мене може добар денот да ти биде
според мене и заради мене
само со мене ќе се смееш
знам каде да те скокотнам
зар малку досега те проучував?
Мапа од твое тело и душа носам во џеб
секојдневно ја надополнувам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пет Окт 07 2011, 11:21

wow Epten... smesko guska
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пет Окт 07 2011, 11:23

kez fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 14 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 14 of 35 Previous  1 ... 8 ... 13, 14, 15 ... 24 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот