Поезија
+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 15 of 35
Страна 15 of 35 • 1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 25 ... 35
Re: Поезија
Човече да можам јас вака - нема ни една женска што ќе и го фрлам пикот да остане читава.
Тото
Re: Поезија
е па ако не можеш - има кој може.
плати, па збунет ќе смисли нешто наместо тебе ... нешто ептен добро за момчето со „лоши намери“
плати, па збунет ќе смисли нешто наместо тебе ... нешто ептен добро за момчето со „лоши намери“
Александра
Нервоза
И десет пати да ти кажам
ти ќе тераш по свое
ме нервира
но сепак ми се допаѓа на некој перверзен начин
кога пареа од уши ми излегува
црвени до усвитување.
Некако машки се чувствувам
кога како лав ќе рикнам
кога ќе ме погледнеш со очиња трепкави,
ќе ми спомнеш дека сум алфа
и дека баш тоа те нервира,
а мене пак ми се допаѓа
затоа што те нервира.
Кога ќе спомнам дека кај друга ќе одам
канџите ти излегуваат
почнуваш да ржиш
ми иде да се смеам
затоа што појма немаш
каква смотаница сум јас.
ти ќе тераш по свое
ме нервира
но сепак ми се допаѓа на некој перверзен начин
кога пареа од уши ми излегува
црвени до усвитување.
Некако машки се чувствувам
кога како лав ќе рикнам
кога ќе ме погледнеш со очиња трепкави,
ќе ми спомнеш дека сум алфа
и дека баш тоа те нервира,
а мене пак ми се допаѓа
затоа што те нервира.
Кога ќе спомнам дека кај друга ќе одам
канџите ти излегуваат
почнуваш да ржиш
ми иде да се смеам
затоа што појма немаш
каква смотаница сум јас.
zbunet
Re: Поезија
zbunet напиша:И десет пати да ти кажам
ти ќе тераш по свое
ме нервира
но сепак ми се допаѓа на некој перверзен начин
кога пареа од уши ми излегува
црвени до усвитување.
Некако машки се чувствувам
кога како лав ќе рикнам
кога ќе ме погледнеш со очиња трепкави,
ќе ми спомнеш дека сум алфа
и дека баш тоа те нервира,
а мене пак ми се допаѓа
затоа што те нервира.
Кога ќе спомнам дека кај друга ќе одам
канџите ти излегуваат
почнуваш да ржиш
ми иде да се смеам
затоа што појма немаш
каква смотаница сум јас.
што да кажам освен дека ............. и покрај редовните сцени
ти си, сепак, и дефинитивно, среќно вљубен а и таа
Александра
Снежни сеќавања
Есента некако ме тера да тагувам
не знам зошто
јас сум зимско дете
во зима роден
меѓу некој снег до колена
некако Сибир ми е поблизок
од сончеви Калифорнии.
Стапките си ги гледам зад мене
гледам во минатото
се обидувам да се присетам
каков бев тогаш
и колку сега помалку знам.
Бев попаметен и надежен
не е важно дали навистина бев таков
тогаш мислев така
тоа е најважно.
Ветерот по грб ме потчукнува
ми вели да станам и продолжам,
а сите други патишта ми се исти
не сакам да завршам на ниеден од нив,
би сакал да имам сила
бар да доползам до тебе.
не знам зошто
јас сум зимско дете
во зима роден
меѓу некој снег до колена
некако Сибир ми е поблизок
од сончеви Калифорнии.
Стапките си ги гледам зад мене
гледам во минатото
се обидувам да се присетам
каков бев тогаш
и колку сега помалку знам.
Бев попаметен и надежен
не е важно дали навистина бев таков
тогаш мислев така
тоа е најважно.
Ветерот по грб ме потчукнува
ми вели да станам и продолжам,
а сите други патишта ми се исти
не сакам да завршам на ниеден од нив,
би сакал да имам сила
бар да доползам до тебе.
zbunet
Избор во кој се верува
Ќе ти ја покажам ѕвездата
од која потекнувам
не е важно дали е навистина таа
важно е во тоа што веруваме
веруваме дека постоиме,
а како ќе го знаевме тоа
ако бевме еден без друг?
Ќе те кренам во висини
одоздола ќе ти мафтам
додека наоколу леташ,
важно е да веруваме дека е така.
Се учиме дека се’ е можно
затоа што се’ повеќе веруваме еден во друг
се’ повеќе не можеме еден без друг,
да беше добар светот каков го кажуваат
сеуште во него ќе останевме
и ако љубов навистина не постои
ние ќе ја измислиме и во неа ќе веруваме.
од која потекнувам
не е важно дали е навистина таа
важно е во тоа што веруваме
веруваме дека постоиме,
а како ќе го знаевме тоа
ако бевме еден без друг?
Ќе те кренам во висини
одоздола ќе ти мафтам
додека наоколу леташ,
важно е да веруваме дека е така.
Се учиме дека се’ е можно
затоа што се’ повеќе веруваме еден во друг
се’ повеќе не можеме еден без друг,
да беше добар светот каков го кажуваат
сеуште во него ќе останевме
и ако љубов навистина не постои
ние ќе ја измислиме и во неа ќе веруваме.
zbunet
Re: Поезија
можеби сме само привид и ништо од ова вистински не постои
можеби сме само мисла која наизменично минува од една димензија во друга, од она што дење го нарекуваме реалност, а ноќе сонување
го премолчуваме исчезнувањето кое неминовно не' очекува, додека секојдневно се замараме со баналности од типот кариера, убав изглед, љубомора и настрана прднување
во бестрага...
убава ти е песната, камо да не ја прочитав
ме задума
а шо убаво си миев пенџериња од сабајле
можеби сме само мисла која наизменично минува од една димензија во друга, од она што дење го нарекуваме реалност, а ноќе сонување
го премолчуваме исчезнувањето кое неминовно не' очекува, додека секојдневно се замараме со баналности од типот кариера, убав изглед, љубомора и настрана прднување
во бестрага...
убава ти е песната, камо да не ја прочитав
ме задума
а шо убаво си миев пенџериња од сабајле
Кидман
Ова - она
Го имаш ова - она кое ти е потребно
не’ имаш мене - тебе кога е возможно
си има некој ред негов
не е како ни’ дојде кога ќе посакаме.
Можеби можеш да поднесеш,
но мене тешко ми иде
да не те грабнам во сред некоја сериозна работа.
Колку да попушти притисокот
од гладта која се ствара
затоа што нема ситуација
во која не ме предизвикуваш.
Можеби сум нетокму,
а може и не,
длабоко во себе
намера ти е секогаш да ме провоцираш,
а јас сум всушност невиниот.
не’ имаш мене - тебе кога е возможно
си има некој ред негов
не е како ни’ дојде кога ќе посакаме.
Можеби можеш да поднесеш,
но мене тешко ми иде
да не те грабнам во сред некоја сериозна работа.
Колку да попушти притисокот
од гладта која се ствара
затоа што нема ситуација
во која не ме предизвикуваш.
Можеби сум нетокму,
а може и не,
длабоко во себе
намера ти е секогаш да ме провоцираш,
а јас сум всушност невиниот.
zbunet
Исполнета цел
Секогаш си ми цел сама по себе
секогаш сакам да те задоволам
слатка си кога те фаќа параноја
кога зад мојата насмевка
некоја подмолност ти се причинува.
Знам,
сакаш само да те гушнам
и да ти кажувам дека се’ е во ред,
да ми велиш дека сум лажго неубедливо,
се гледа дека ти се простува
за нешто што не сум виновен
како и секогаш што не сум,
така и правам
затоа што секогаш ми е целта да те задоволам.
Не е важно што си ми лута,
ќе се смириш како и секогаш
целта си ми ти
и секогаш успевам да те исполнам.
секогаш сакам да те задоволам
слатка си кога те фаќа параноја
кога зад мојата насмевка
некоја подмолност ти се причинува.
Знам,
сакаш само да те гушнам
и да ти кажувам дека се’ е во ред,
да ми велиш дека сум лажго неубедливо,
се гледа дека ти се простува
за нешто што не сум виновен
како и секогаш што не сум,
така и правам
затоа што секогаш ми е целта да те задоволам.
Не е важно што си ми лута,
ќе се смириш како и секогаш
целта си ми ти
и секогаш успевам да те исполнам.
zbunet
Буден сон
Кон ѕвездите погледни
тие се моите очи,
кон тебе гледаат,
ти намигнуваат.
Ветерот ти ја мрси косата
тоа јас те галам,
некоја ноќна птица пее
само така умеам да пеам
до тивко шепотење
кое те успива на меката постела.
Кога сум на друго место
мислите во рој околу тебе се вртат
во сонот те повлекуваат
каде те чекам буден
во правиот елемент
каде те правам посебна
каде не можеш лесно да се препознаеш
мислиш сон е,
велам јаве е.
тие се моите очи,
кон тебе гледаат,
ти намигнуваат.
Ветерот ти ја мрси косата
тоа јас те галам,
некоја ноќна птица пее
само така умеам да пеам
до тивко шепотење
кое те успива на меката постела.
Кога сум на друго место
мислите во рој околу тебе се вртат
во сонот те повлекуваат
каде те чекам буден
во правиот елемент
каде те правам посебна
каде не можеш лесно да се препознаеш
мислиш сон е,
велам јаве е.
zbunet
Re: Поезија
,,Срећом, јастуци ништа не говоре. Чувају милион тајни у мекој белини перја.
Они су као лађе, велике беле лађе, што плове у немогуће, у безмерја.
Увече те одведу.
У зору те доведу.
И зна се, све је у реду..,,
the nurse
Кога времето би течело наназад
Како да ти кажам
кога знам дека знаеш
моментот го губиме
додека ја планираме иднината
затскриена со тешка завеса од магла
иако знаеме дека таа ќе дојде за момент,
но бар тогаш ќе знаеме
како требаше да постапиме сега.
Според мене
времето би требало наназад да тече
сметам дека вака како е,
не е исправно,
ќе знаев повеќе да ти пружам
ќе знаев повеќе да те сакам,
а вака само боли и не престанува
колку да не заборавам дека сум жив.
Кралството кое ти го ветив
остана меѓу облаците
затоа што змејот не го победив
и никогаш не дознав кој сум јас,
за тебе знам,
ти си од небото.
кога знам дека знаеш
моментот го губиме
додека ја планираме иднината
затскриена со тешка завеса од магла
иако знаеме дека таа ќе дојде за момент,
но бар тогаш ќе знаеме
како требаше да постапиме сега.
Според мене
времето би требало наназад да тече
сметам дека вака како е,
не е исправно,
ќе знаев повеќе да ти пружам
ќе знаев повеќе да те сакам,
а вака само боли и не престанува
колку да не заборавам дека сум жив.
Кралството кое ти го ветив
остана меѓу облаците
затоа што змејот не го победив
и никогаш не дознав кој сум јас,
за тебе знам,
ти си од небото.
zbunet
Страна 15 of 35 • 1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 25 ... 35
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 15 of 35
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот