МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 25 of 35 Previous  1 ... 14 ... 24, 25, 26 ... 30 ... 35  Next

Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by Тото Нед Aвг 19 2012, 00:22

keti напиша:Каква длабочина, небото гледај го горе!... kez

C`mon! Heaven can wait kez
Тото
Тото


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Нед Aвг 19 2012, 15:46

jazik
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Непоколебливост

Пишување by zbunet Пон Aвг 20 2012, 18:37

Додека влегувам,
со намера повеќе да не излезам,
имам сила и мудрост и го докажувам тоа,
можам секако и одолевам на искушенијата,
уверен дека морам да те победам.
Навлегувам уште повеќе,
се’ е камен тврдо,
мекото станува уште помеко,
се подава и предава додека се’ повеќе се отвара,
додека бранови го потресуваат светот кој како низ сон се гледа
со очи полуотворени,
се отвараат ширум само кога ќе одекне крик,
се редат заедно со грчеви
додека околу светкаат ѕвездички и молњи.
Сепак се надеваш дека ќе победиш,
сепак со времето како изминува се помалку си сигурна,
чувствуваш дека мојата непоколебливост не се променува,
на усните мои се појавува победничка насмевка,
чекам да кажеш: “Доста е, не можам повеќе!“
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by Тото Пон Aвг 20 2012, 18:58

help kez
Тото
Тото


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пон Aвг 20 2012, 22:37

kez trepka
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Големина

Пишување by zbunet Пон Aвг 20 2012, 23:14

Дозволи ми да ти покажам
колку те љубам,
стрплива биди,
се’ ќе ти стане јасно кога целосно ќе се раздени
и маглата ќе се крене,
и нема повеќе да ме бараш во мислите,
секогаш ќе бидам тука, иако сум тука.
Моите раце и усни ќе ги препознаеш,
кои секогаш те допираат,
кога ќе ја почувствуваш мојата кожа како твоја,
и мојата животна цел единствена,
да заминам во тебе
и повеќе да не излезам.
Сеуште не се чувствуваш како риба,
која плива во мојот океан од желби,
а сите го имаат твојот лик.
Се гледаш како меѓу многу огледала,
збунета си,
затоа што насекаде те има,
невозможно ти изгледа
целиот свет да бидеш ти.
Треба време за да се увериш,
дека си поголема од него,
затоа што те познавам тебе,
а го познавам и светот.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Вто Aвг 21 2012, 00:09

Nema drug koju bi ti iskomentiral pa eve jas:
Дали е грев ако си ја отворам душата пред цел свет!... Но, што ако го сторам тоа, кога пак јас сум таа што може самата да си помогне на себе си...
A ti?
Me turna vo morskite dlabocini, no zaboravi deka jas znam da plivam ... i ... isplivav do bregot!...
trepka
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Идеална форма

Пишување by zbunet Саб Aвг 25 2012, 14:16

Не ме барај
во формите идеални,
далеку сум од нив,
мораш често да ми додаваш
од тоа што често ми фали.
Имаш доволно во себе
и нешто повеќе заради мене,
тие делови ме препознаваат
откинати уште во вечноста пред да се родиме,
загубени талкаа помеѓу галаксиите,
се скрија во тебе на безбедно,
не знаеше дека за мене ги чуваш.
Светлината која од тебе избива
се сеќавам на неа кога уште не бев роден,
ме присетува и на тебе,
и тогаш беше форма идеална.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Додека во рака го држам

Пишување by zbunet Чет Aвг 30 2012, 13:28

Го држам во рака и мислам на тебе,
алатот кој ме чека да почнам,
но не ми се работи кога сум без тебе,
некако ми се губи смисолот
и да довршам нема баш да му се израдувам,
да можев да те почекам поинаку ќе беше,
но нешто во мене ми кажува дека не можам да одложувам,
напнатоста немирот се’ повеќе растат.
Се лепи за мојата рака,
со работа започнувам,
почнав да те замислувам,
каква би била да си до мене,
сега полесно ми иде,
дури и насмевка ми се појави,
заедно со некои струи низ мене кои ме скокоткаат,
вака сепак може да се работи.
Се’ побрзо и посилно работам,
додека твојата слика лебди пред мене не се заморувам,
се соединувам со намерата
и со складни потези и движења,
возбудата се’ повеќе се зголемува.
Околу мене облаци и пареа
но точно знам што правам,
наближува крајот пропратен со брзо дишење,
доага и победоносниот крик,
па полека се смирувам и погледнувам кон рафрланите капки
челото го забришувам насмеан
гордо кон сонцето погледнувам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Најдолгата патека

Пишување by zbunet Нед Сеп 02 2012, 21:55

Мисла преткаена во зборови
за тебе,
делува како облак преку сонце,
телепатија му е само мајката.
Кога би можела да ги видиш мислите во мене за тебе,
многупати би се зацрвенила поради многу емоции
искажани во лепеза од слики,
подвижни и моменти кои ја допираат вечноста.
Но би видела и дека се’ пред тебе е избришано,
дека се срамам затоа што не те најдов порано,
и безнадежно лутав помеѓу јалови и замрзнати брегови,
немаше ништо под површината,
залудно кршев нокти да загребам.
Го истрчав мојот круг,
се изненадив затоа што победив,
ги оставив другите далеку зад мене,
а ти ме пречека како награда.
Те земав во раце како пехар
како нешто што природно ми следува,
не те испуштам од раце,
и те носам по најдолгата патека
се’ додека не стигнам до крајот,
каде е и мојот.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Пон Сеп 03 2012, 08:32

Поезија - Page 25 296950 Поезија - Page 25 84321
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пон Сеп 03 2012, 10:17

fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Цветови меѓу ѓубре

Пишување by zbunet Пон Сеп 03 2012, 16:49

Повлечен од световниот живот,
не жалејќи што никој не ме бара,
го правам тоа што сакам,
го правам тоа со тебе.
Знам зошто си со мене,
затоа што никој не ме пофали како добра шанса,
затоа што одбив да признаам многу норми и обичаи однапред одредени,
заедно се уверивме дека многу од нив се погрешни.
Ние сме цветови никнати сред ѓубриште,
можеби потрупани ќе бидеме,
но нема да се откажеме,
нема да гниеме,
на друго место повторно ќе никнеме.
И други како нас ќе никнат,
полека ќе биде,
но ѓубриштето прекриено ќе биде,
единствени нема повеќе да бидеме,
нема да се откажеме,
заради тие кои по нас ќе дојдат и направат,
ѓубрето засекогаш да исчезне.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Сеп 05 2012, 00:47

Стално си размислувам кој го создал ѓаволот, ако не' тој што сака да го уништи! ... Инаку не би постоел, ако некој не мислел на него и не ги втурнал и другите во неговата приказна!...
Што мислиш ти Збунет за ова мое размислување?
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Сеп 05 2012, 22:18

Треба да престане да се верува во тие приказни smesko
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Сре Сеп 05 2012, 23:17

Не си го кажа своето мислење... trepka Тоа што го кажа секој би го рекол... kez
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Сеп 05 2012, 23:34

Па ни јас не сум ништо посебно smesko
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Вкусот на солзата

Пишување by zbunet Сре Сеп 05 2012, 23:50

Не е важно кој што ќе каже,
важни сме ние,
не е важно што сенки како мразулци надвиснуваат,
ако се држиме еден за друг,
ќе се истопат и ќе испарат.
Не ги гледај како нешто страшно,
тие се само тест
колку еден друг се заслужуваме,
а веќе знаеме што сакаме,
нема повеќе да паѓаме
и повторно повторуваме.
Многу лекции научивме,
само се лутевме затоа што сакавме веднаш се’ да знаеме,
сега знаеме дека ништо кое вреди брзо не се случува,
но кога се спојуваме како лиени сме,
знам дека чувствуваш.
Допри ме најнежно што знаеш,
а посилно од челик ќе биде,
ја бакнувам твојата солза,
нема повеќе вкус на тага,
никогаш повеќе нема ни да има.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Чет Сеп 06 2012, 00:46

Ах... Таа солза мене ми е дадена како дар од Бога, за да ми ја мие душата од сета тага и од сите неправди кои ми се случуваат... Не знам како би ми било без неа...
И колку и да знаеме дека се тоа тестови, некогаш баш знаат да го погодат правото место...
Но, најважни сме ние, да се држиме еден за друг, зошто само тогаш никој ништо не ни може... trepka
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Сакам пак

Пишување by zbunet Вто Сеп 11 2012, 19:05

Што и да ми дадеш,
сакам пак,
како и да ме погледнеш сакам пак,
како и да ме допреш
секогаш ќе сакам пак.
Живеам од сеќавања
кога не сум каде ми е место,
а местото ми е секогаш крај тебе,
филмови со тебе враќам пак.
Тогаш се смешкам,
глупчовци мислат дека ним им се смешкам,
а низ нив гледам како да се воздух празен,
какви навистина и се,
а со умот сум секогаш кај тебе,
ниеден момент не заборавам,
никогаш не ми е доста од тебе,
затоа што секогаш сакам пак.
Како тебе?
Нема да има друга пак.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by Тото Сре Сеп 12 2012, 00:16

zbunet напиша:Што и да ми дадеш,
сакам пак,
како и да ме погледнеш сакам пак,
како и да ме допреш
секогаш ќе сакам пак.
Живеам од сеќавања
кога не сум каде ми е место,
а местото ми е секогаш крај тебе,
филмови со тебе враќам пак.
Тогаш се смешкам,
глупчовци мислат дека ним им се смешкам,
а низ нив гледам како да се воздух празен,
какви навистина и се,
а со умот сум секогаш кај тебе,
ниеден момент не заборавам,
никогаш не ми е доста од тебе,
затоа што секогаш сакам пак.
Како тебе?
Нема да има друга пак.

Поезија - Page 25 Images?q=tbn:ANd9GcSdcKdM1wZlkPnkfxjKOai6gI_8wC_Vtr25gsaxizpwYhrTH7Mi5Q
Тото
Тото


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Сеп 12 2012, 10:59

kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Чет Сеп 13 2012, 22:27

Постои забранет град
патот до него не е видлив,
не е ниту на земја
ниту на небо,
далеку е,
а сепак блиску,
скоро пред нос.
Секој може да дојде до него,
а всушност дали некој воопшто има влезено
и да има влезено,
тој веќе не може да се врати од каде дошол,
не затоа што не може,
туку затоа што повеќе нема да сака.
Додека патникот патува по таквиот пат
тој пати,
зад него испаѓаат парчиња од неговата личност,
за кои мисли дека се делови од неговата душа.
Дури пред крајот ќе сфати
дека е како исушена кал која отпаѓа од свиња,
и дека воопшто и не бил свиња,
ќе дојде до момент кога веќе нема да знае кој е,
на многумина тука душата ги напушта,
кога умот ќе залута во ќорсокак.
Ако престане да се прашува кој е и зошто постои,
и почне да живее како таков,
душата ќе му се врати,
досега тоа се нема случено,
а и да се има случено,
за тоа никој нема дознаено,
затоа што нема сетила кои би можеле да го препознаат,
сем по некое ретко животно,
но тоа нема да биде вознемирено,
ниту водата рабранувана,
додека низ неа минува.
Едноставно е,
но прекриено со многу компликации,
како мрежа пајакова,
за нас сепак сигурна,
чекаме нешто да начекаме,
но среќата да налета никако
и да налета кратко трае,
брзо заборавлива.
Едноставно е,
забранетиот град е тука,
само посакај,
и влези во него,
нема долго да патуваш,
нема да патиш.

zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by keti Чет Сеп 13 2012, 23:37

Zabranet grad e ili e zbunet grad... trepka
keti
keti


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пет Сеп 14 2012, 13:29

kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 25 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 25 of 35 Previous  1 ... 14 ... 24, 25, 26 ... 30 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот