МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Поезија

+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters

Страна 17 of 35 Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18 ... 26 ... 35  Next

Go down

Поезија - Page 17 Empty Разбудени

Пишување by zbunet Пет Ное 04 2011, 16:31

Ми иде
да ти дојдам и да те залапам
таму пред сите
да те грабнам и изнесам
каде надвор има камион со цигани
да ни’ свират
додека бегаме од овој свет кон аеродром
кон Куба, Малдиви или Хаваи
каде ќе мрднеш со прстето
таму ќе слетаме.
Уште веднаш пуста плажа ќе бараме
веднаш голи ќе се соблечеме
фатени за рака кон океанот ќе потрчаме
гологазести ќе се нурнеме
како риби ќе се бркаме.
А потоа на плажа ќе се вратиме
како од секогаш таму да сме живееле
на облека и стариот свет ќе заборавиме
еден врз друг или еден до друг
ќе се гледаме додека не заспиеме,
а потоа најпосле во сонот ќе се разбудиме.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by Кидман Пет Ное 04 2011, 16:38

е така, ама после....Поезија - Page 17 870270
Кидман
Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Саб Ное 05 2011, 00:52

де, де, кој останал труден од сонуење и занесуење Поезија - Page 17 322557 Поезија - Page 17 104553
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Нихилистичка слика

Пишување by zbunet Саб Ное 05 2011, 17:18

Насекаде е исто
кога допирам
каде и да допрам се суши
или расцветува,
во зависност од глупавиот период.
Ги пцујам и Јин и Јанг
и нивните досадни правила,
а и таа глупава карма
каде сме како мравка носена од вода
додека прета и се дави
таа е само обична точка
која на светот ништо не и’ значи
иако од неа створена
знае дека е само копиле.
Само моќ на самозалажување
никаде моќ
која би можела така да се нарече
никогаш никој сигурен
дека не е будала.
Има само маса
никаде душа поединечна
никогаш никој виновен не беше
само глобална слика
меѓусебно перверзно поврзана.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Постела од лисја и гранки

Пишување by zbunet Нед Ное 06 2011, 23:43

Зад мојата насмевка
завеса гледаш,
зад моите зборови
нејасни мисли насетуваш,
зад моите дела
несовршеност чувствуваш.
Каков и да сум
без тебе никаков сум,
каде и да сум
без тебе ништо немам,
гол и бос и во душа празен,
тогаш тоа не ми се очи
само стакленца обични,
тогаш немам ни тело
тоа само облека на нешто невидливо виси.
Како и да е
ќе бидам додека ќе бидам
додека те имам,
а потоа има една пештера
горе високо на планината,
каде врежани мои иницијали има
ќе ме чека постела од лисја и гранки,
каде ќе имам долг сон
каде ќе чекам повторно да се родиш.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Пон Ное 07 2011, 23:33

Поезија - Page 17 686866 Поезија - Page 17 84321
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Вто Ное 08 2011, 09:29

se klanja Preubavo,no moze malku poveselo...
nesto za postela od rozi?Поезија - Page 17 27530_117062878312973_2871_n
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Вто Ное 08 2011, 11:10

fala
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Стопени мразулци

Пишување by zbunet Пет Ное 11 2011, 18:28

Ми го даваш срцето
убаво е да се влезе во него
за мене се шири,
вели голем сум.
Сакам да те гледам во очи
таму лесно се пронаоѓам,
како да гледам филм
осветлен од твоја светлина
од агли за тебе важни,
за мене незабележливи.
На постела лежи ангел
ме чува од неважност
каде ме тераат да заборавам на себе,
ме тера да се почувствувам
додека мразулци испаѓаат од мене,
но и ангелот го чувствувам
како сонце да допирам,
во пламен се претворам.
Нежното е посилно и подолго трае
ме води каде не би можел сам
не ми е тешко да продолжам
лесно ми е да не се откажам
знам што ми треба
знам дека друго ништо и не постои.

zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Нед Ное 13 2011, 03:38

знам што ми треба
знам дека друго ништо и не постои.

vinozito
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Знам дека знаеш

Пишување by zbunet Нед Ное 13 2011, 19:13

Знам,
секогаш не те слушам што ми говориш,
знам дека знаеш
дека гледам како ти е прекрстена ногата,
додека се местам колку е можно повеќе да видам
од деколтето кое се шири па се стеснува,
по мојата насмеана или намрштена гримаса се забележува,
и по моите очи како на волк
не ме прашуваш зошто ми се толку големи,
само ја подбутнуваш мојата лигава муцка
се налутуваш,
ветувам дека умен ќе бидам
знаеш дека сум искрен до следните пет минути,
ми вртиш грб
ти дишам помеѓу вратот и ушето,
сепак насмевка на муцето твое се појавува.
Не очекувај од мене другарка да ти бидам,
ако бев,
сепак лезбејка ќе бев
и тогаш ќе ти досадував.
Јас сум таков,
секогаш кога со мене добра си
одма помислувам дека си го бараш,
и уште ако ми се насмевнеш
за мене тоа води кон свршен чин.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Блесок од сеќавање

Пишување by zbunet Нед Ное 13 2011, 22:02

Еве сме
какви сме,
насекаде не’ има,
бар за нас
за други што ни’ е гајле.
Те следам во мисли и дела,
ме правиш да бидам
каков никогаш не бев во состојба да бидам,
понекогаш арогантен сум,
но знам дека се’ тебе ти должам,
ќе бев каков бев од каков сега се грозам,
некое сеќавање ќе блесне,
како нож ќе ме прореже,
кога не знаев да живеам,
кога те немав тебе.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Откачени

Пишување by zbunet Сре Ное 16 2011, 12:31

Се’ е добро
насмеј се,
ако нешто те вознемири
помисли на мене
и како велам
„ А кажи како ни’ беше ноќеска, а ?!“
Како ми велиш дека сум откачен
а јас велам дека поарно беше кога бевме закачени.
Знам,
се смешкаш и додека читаш,
се прашуваш дали и ноќеска ќе ти досаѓам,
ме знаеш, не се сомневаш,
никаде околу нема пооткачено од мене
од толку што ми е мака кога сме откачени,
а зар друга среќа имам?
Телевизор гасиш
кога слушаш мои чекори на врата
си велиш шоуто почнува
и по некој стрес,
галама, по некој избрзан збор,
фаќање за гуша,
грицкање за уво,
кикотење.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Исполнет смисол

Пишување by zbunet Чет Ное 17 2011, 16:00

Сакам само да се почувстувам
како цвет кој во твоја рака расте,
расцветува и се растегнува до небо,
да ја сфатиш магијата на твојот допир.
Да не ме разбереш како пол
ладен и далечен,
туку како цел
во тебе кој непрекинато расте.
Да ме чувствуваш длабоко во себе
да не посакаш никогаш да излезам,
затоа што баш јас ти требам,
дека сум навистина посебниот,
за тебе,
а за другите да бидам само секојдневниот,
кој се’ што имам ќе го сочувам
и целосно ќе ти го дадам,
за да те исполнам
додека испрекинати реченици,
заради восхит
низ твоите сочни усни ќе излезат и заминат,
но смисолот ќе остане.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Чет Ное 17 2011, 19:34

Make sence smesko Поезија - Page 17 1
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Чет Ное 17 2011, 20:37

Во сенка чека Менка kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Чет Ное 17 2011, 22:39

Која Менка?

СпајдерМенка Поезија - Page 17 104553
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пет Ное 18 2011, 13:33

Koja koga se kacuva i stenka kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Пресечени сетила

Пишување by zbunet Нед Ное 20 2011, 00:38

Фино ќе беше да беше поинаку
ама не поинаку како е најлогично,
тогаш дедо боже немаше да ни’ треба,
чудо ни’ треба.
Фантазијата сплотени со надежта,
нешто таму скриено не’ повикува
така слатко, така заводливо,
затоа што не е вистинско.
Поинаку од се’ досега
надвор од сета рационалност
надвор од секој разум
таму некаде е чудото
надвор од оваа кутија
живот која ја нарекуваме
до каде нашите сетила како со нож се пресечени.
Да бидеме бебиња во нова димензија
каде таткото мајката не остаруваат
како сакаме работите да остануваат
и никогаш да не’ не напуштаат.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by Александра Нед Ное 20 2011, 23:38

на крајот ... ќе се расплачев Поезија - Page 17 634807
Александра
Александра


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Пон Ное 21 2011, 00:05

guska
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Дилема

Пишување by zbunet Пон Ное 21 2011, 19:33

Ако те бакнам во сон
дали ќе забележиш?
Ако не забележиш
полека ќе те соблечам
дали тогаш ќе забележиш?
Ако ни тогаш не забележиш
тогаш и јас ќе се соблечам
и ќе легнам до тебе
и полека ќе те милувам
дали тогаш ќе забележиш?
Ако ни тогаш не забележиш
ќе почнам да се сомневам дека се преправаш
но ми се чини дека усните во насмевка ќе ти се претворат
да се трлаш од мене ко божем се местиш во сон
и со раката ко божем несвесно ќе ме допираш.
А можеби ќе отвориш очи и ќе почнеш да викаш
да те оставам да спиеш
и дека немам друга работа
и дека сеуште леб не сум купил
и правосмукалка да земам наместо да се глупирам.
Стојам и сеуште се мислам што да превземам.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by the nurse Сре Ное 23 2011, 11:11

Eee...so pravosmukalka ke gi soberes pajazinite.Posle kaj ke se kacuva Spajdermenka? smesko
the nurse
the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by zbunet Сре Ное 23 2011, 11:50

Ke se najde na sto ke se kaci kez
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Целосно дело

Пишување by zbunet Пон Ное 28 2011, 00:47

Ако ме допреш
ќе ти возвратам
но нема да ти досаѓам
и цвеќињата сакаат вода
но ако ја има премногу и тие ќе се удават.
Нема да те молам кога тоа не го сакаш
силно ќе те грабнам и стиснам
додека се браниш ќе те натиснам.
Кога ќе сакаш нежност
ќе ти се лигавам
стапала твои земја нема да допрат
на раце додека те носам
со тебе никогаш не е заморно.
Авион да летам не знам
а не ми ни’ треба
сите твои контроли ги знам
со тебе лесно стигнувам помеѓу облаците па се’ до ѕвездите.
Секое мое делче
лесно се спојува со твоето
ниедна моја мисла не мора да биде изговорена
во секое време секогаш разговараме
без разлика што правиме и каде сме
лесно се спојуваме и стануваме дело целосно.
zbunet
zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 17 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 17 of 35 Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18 ... 26 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот