Поезија
+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 26 of 35
Страна 26 of 35 • 1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 30 ... 35
Re: Поезија
Д
Последната промена е направена од Тото на Вто Jул 30 2013, 12:37. Мислењето е променето 1 пати
Тото
А можев
Да сакав
ќе можев,
да ги соберам парчињата стаклени
расфрлани околу моите нозе,
сум пробал и сум се исекол
иако разнобојни, светкаат и мамат,
наводно безбедни со стогодишен рок,
никогаш не беше така,
само реклама било.
Рекламата е иста како лагата,
не ги разликуваме повеќе,
мислиме така треба,
едно да зборуваме,
а тринаесто да кажуваме
а баксузен е тој број
и потоа се чудиме
зошто баш нас несреќата не’ наоѓа.
Можев да се наведнам,
можев да ги земам
и повторно да се залажувам
додека капе од нови рани,
но ветерот се засили,
кругови од прашина ме завееја
стакленцата ги расфрли,
опстанокот проговори,
се повлеков во пештерата своја.
ќе можев,
да ги соберам парчињата стаклени
расфрлани околу моите нозе,
сум пробал и сум се исекол
иако разнобојни, светкаат и мамат,
наводно безбедни со стогодишен рок,
никогаш не беше така,
само реклама било.
Рекламата е иста како лагата,
не ги разликуваме повеќе,
мислиме така треба,
едно да зборуваме,
а тринаесто да кажуваме
а баксузен е тој број
и потоа се чудиме
зошто баш нас несреќата не’ наоѓа.
Можев да се наведнам,
можев да ги земам
и повторно да се залажувам
додека капе од нови рани,
но ветерот се засили,
кругови од прашина ме завееја
стакленцата ги расфрли,
опстанокот проговори,
се повлеков во пештерата своја.
zbunet
Александра
Едно годишно време
Повеќе ја сакам пролетта,
таа руската,
тогаш се’ се пупи
уживам додека гледам како расцветуваш
и тоа само за мене,
а за другите, н’цки - ништо,
нека патат, ако им е.
Кога сеуште зимски остаток ќе задува,
а ти затреперуваш во моите раце
и посилно ми се прибиваш,
гледам како усните твои расцветуваат,
онака жешки, црвени и полуотворени,
нектарот ми се нуди,
време е за пијанство.
За мене постои само едно годишно време,
пролет руска,
кога се’ се буди
а јас сум секогаш буден крај тебе,
твојот цвет ме мами,
а јас неуморно брмчам,
колку пати и да се вратам
за мене секогаш има што да земам.
таа руската,
тогаш се’ се пупи
уживам додека гледам како расцветуваш
и тоа само за мене,
а за другите, н’цки - ништо,
нека патат, ако им е.
Кога сеуште зимски остаток ќе задува,
а ти затреперуваш во моите раце
и посилно ми се прибиваш,
гледам како усните твои расцветуваат,
онака жешки, црвени и полуотворени,
нектарот ми се нуди,
време е за пијанство.
За мене постои само едно годишно време,
пролет руска,
кога се’ се буди
а јас сум секогаш буден крај тебе,
твојот цвет ме мами,
а јас неуморно брмчам,
колку пати и да се вратам
за мене секогаш има што да земам.
zbunet
Re: Поезија
Последната промена е направена од Александра на Сре Дек 20 2017, 03:06. Мислењето е променето 1 пати
Александра
Re: Поезија
Александра напиша:На шанкот
Плииз, господине
кажете ми нешто убаво
пред да ја побараме сметката.
Кажете ми нешто, изненадете ме
да занемам пред да станеме од шанкот.
Кажете ми нешто што ќе ми црта арабески
како светулка низ мракот на мислите
со кои ќе заспивам.
Во ред, не е важно. Ќе читам нешто.
Белки некој класик или модернист
ќе ја пополни празнината што ја создавате.
Но ете,
барем држете ми ја раката
додека стигне сметката, и
три секунди гледајте ме в очи...
А потоа, да, секој на своја страна,
на својот кат, во својата соба,
оти нашиов свет е хотел за самци
во кој владеат строги правила.
zbunet
Давање
Ми бараше
да ти го дадам тоа што никому не давав,
те опоменав
ако ти го дадам
враќање повеќе нема
тоа врзување ќе стане
тоа засекогаш ќе остане.
Рече дека си спремна
рече дека немаш дилема
дека засекогаш така ќе остане
дека поспремна никогаш не си била.
Ти го дадов
ти го прими
се отвори
целосно го зема,
се зашеметив
поголемиот дел од мене замина во тебе.
И сега си требам
и во тебе често се барам
додека те гледам
знам каде сум
и зошто сум.
да ти го дадам тоа што никому не давав,
те опоменав
ако ти го дадам
враќање повеќе нема
тоа врзување ќе стане
тоа засекогаш ќе остане.
Рече дека си спремна
рече дека немаш дилема
дека засекогаш така ќе остане
дека поспремна никогаш не си била.
Ти го дадов
ти го прими
се отвори
целосно го зема,
се зашеметив
поголемиот дел од мене замина во тебе.
И сега си требам
и во тебе често се барам
додека те гледам
знам каде сум
и зошто сум.
zbunet
Мириc
И сега што?
Како сега кога секоја минута без тебе во агонија ми се претвара
тешко ми е да гледам нешто друго сем тебе,
потонувам во мислите за пак со тебе да бидам,
за расеан ме мислат
само фрагменти од реченици
допираат до мене од надворешниот свет,
бргу ги отфрлам како муви досадни
повторно потонувам во тебе.
Кога сум сам налудничава мисла ми доаѓа која знае да ме уплаши,
а што ако те измислив?
Се душкам тогаш како кутре,
твојата миризба на мене ја барам,
се намрштувам ако на некој дел од моето тело ја нема,
се лутам на тебе,
секаде треба да ме допираш,
еве пак најдов место каде ме немаш бакнато.
Колку и да се брзам
морам секаде да те допрам,
ма што ми е гајле ако ми избега што и да е,
нема да се задоволуваш со цвеќиња
има се’ да ти мириса на мене.
Како сега кога секоја минута без тебе во агонија ми се претвара
тешко ми е да гледам нешто друго сем тебе,
потонувам во мислите за пак со тебе да бидам,
за расеан ме мислат
само фрагменти од реченици
допираат до мене од надворешниот свет,
бргу ги отфрлам како муви досадни
повторно потонувам во тебе.
Кога сум сам налудничава мисла ми доаѓа која знае да ме уплаши,
а што ако те измислив?
Се душкам тогаш како кутре,
твојата миризба на мене ја барам,
се намрштувам ако на некој дел од моето тело ја нема,
се лутам на тебе,
секаде треба да ме допираш,
еве пак најдов место каде ме немаш бакнато.
Колку и да се брзам
морам секаде да те допрам,
ма што ми е гајле ако ми избега што и да е,
нема да се задоволуваш со цвеќиња
има се’ да ти мириса на мене.
zbunet
Зад завесата
Милувај ме нежно
во овие доцни и уморни часови
музика тивка додека свири
зборувај ми нешто
не е важно што
само сакам да ти го слушам гласот.
Ноќта како завеса е спуштена
ние сме зад неа
слободни од глумење секакво
нема ништо да те прашувам
само сакам да те чувствувам
додека мислите полека пловат како ги води струјата
мирна вода е сега,
потонувам во длабочините каде ми е местото со тебе
да те гледам во очи
и повремено да ти кажам дека те сакам,
и името твое убаво ми звучи кога го изговарам
само колку да го кажам.
во овие доцни и уморни часови
музика тивка додека свири
зборувај ми нешто
не е важно што
само сакам да ти го слушам гласот.
Ноќта како завеса е спуштена
ние сме зад неа
слободни од глумење секакво
нема ништо да те прашувам
само сакам да те чувствувам
додека мислите полека пловат како ги води струјата
мирна вода е сега,
потонувам во длабочините каде ми е местото со тебе
да те гледам во очи
и повремено да ти кажам дека те сакам,
и името твое убаво ми звучи кога го изговарам
само колку да го кажам.
zbunet
Re: Поезија
zbunet напиша:Милувај ме нежно
во овие доцни и уморни часови
музика тивка додека свири
зборувај ми нешто
не е важно што
само сакам да ти го слушам гласот.
Ноќта како завеса е спуштена
ние сме зад неа
слободни од глумење секакво
нема ништо да те прашувам
само сакам да те чувствувам
додека мислите полека пловат како ги води струјата
мирна вода е сега,
потонувам во длабочините каде ми е местото со тебе
да те гледам во очи
и повремено да ти кажам дека те сакам,
и името твое убаво ми звучи кога го изговарам
само колку да го кажам.
Александра
Искушение
Не се воодушевувај од мене
такви брзо се ладат
кога е споро посигурно е
навикнат сум тешко да заслужувам
кога е лесно сомнително ми е
значи не е за мене
на понудена столица тешко седнувам
никој не нуди ако за нешто не си му потребен.
Не очекувај да глумам воодушевеност
потоа стануваат арогантни
мислат дека потоа можат да газат
не реков дека и ти така мислиш
но искушение си е искушение
ни на пријател тоа не му се прави
ако сакаш да ти остане пријател.
Како и да е
потрагата по вистински вредности продолжува
иако вредноста треба во себе да се бара
но полесно е во друг
кого би обвинувале потоа?
такви брзо се ладат
кога е споро посигурно е
навикнат сум тешко да заслужувам
кога е лесно сомнително ми е
значи не е за мене
на понудена столица тешко седнувам
никој не нуди ако за нешто не си му потребен.
Не очекувај да глумам воодушевеност
потоа стануваат арогантни
мислат дека потоа можат да газат
не реков дека и ти така мислиш
но искушение си е искушение
ни на пријател тоа не му се прави
ако сакаш да ти остане пријател.
Како и да е
потрагата по вистински вредности продолжува
иако вредноста треба во себе да се бара
но полесно е во друг
кого би обвинувале потоа?
zbunet
Страна 26 of 35 • 1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 30 ... 35
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 26 of 35
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот