Поезија
+5
alisa
trpe
doc holliday
Александра
Кидман
9 posters
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 28 of 35
Страна 28 of 35 • 1 ... 15 ... 27, 28, 29 ... 31 ... 35
Re: Поезија
...
Не ми зборувај надолго
и нашироко
за работи кои немаат врска
со мене и со тебе.
Не ми цртај туѓи соништа
да ми го одвлечеш умот
од нашите сиви пејзажи
во кои сме две матни фигури
во самракот измиен
од страстните бои
на залезот.
Тенката бразда изјаловен пурпур
истекува кон сливникот
на денот,
а јас сум толку папсана
чинам ќе истечам
заедно со него.
Не ми зборувај
не ме заморувај
само гушни ме
и заборави
се` што реков вечерва.
Не ми зборувај надолго
и нашироко
за работи кои немаат врска
со мене и со тебе.
Не ми цртај туѓи соништа
да ми го одвлечеш умот
од нашите сиви пејзажи
во кои сме две матни фигури
во самракот измиен
од страстните бои
на залезот.
Тенката бразда изјаловен пурпур
истекува кон сливникот
на денот,
а јас сум толку папсана
чинам ќе истечам
заедно со него.
Не ми зборувај
не ме заморувај
само гушни ме
и заборави
се` што реков вечерва.
Александра
Пипни ме
Додека ме гуши
кога сум без тебе
е овде, пипни,
не толку доле, погоре,
дај ми бакнежи да се повратам
кога ќе те видам
сите стравови исчезнуваат
се’ е во ред тогаш,
пипни,
не таму, туку погоре
како мирно ми чука срцето.
Допри ме за да се наежам
и да превртувам со очите
пипни,
не таму, туку како се наежувам.
Се опуштам,
се лепам за тебе,
како калапчиња си одговараме
е ај сега пипај колку сакаш и каде сакаш.

zbunet
Re: Поезија
Ти огледало си мое
кое совршено ме одразува
ме кршиш,ме лепиш секој ден
И чудно уживам во тоа
Ми требаш
да ми кажуваш дека сум најубава
Брзам да се нурнам во тебе
како во свеж извор
додека не ме сомлела
машината на секојдневието
кое совршено ме одразува
ме кршиш,ме лепиш секој ден
И чудно уживам во тоа
Ми требаш
да ми кажуваш дека сум најубава
Брзам да се нурнам во тебе
како во свеж извор
додека не ме сомлела
машината на секојдневието
the nurse
Re: Поезија
the nurse напиша:Ти огледало си мое
кое совршено ме одразува
ме кршиш,ме лепиш секој ден
И чудно уживам во тоа
Ми требаш
да ми кажуваш дека сум најубава
Брзам да се нурнам во тебе
како во свеж извор
додека не ме сомлела
машината на секојдневието
VIDI JA TI NEA!!!!!
Тото
Re: Поезија
the nurse напиша:Ти огледало си мое
кое совршено ме одразува
ме кршиш,ме лепиш секој ден
И чудно уживам во тоа
Ми требаш
да ми кажуваш дека сум најубава
Брзам да се нурнам во тебе
како во свеж извор
додека не ме сомлела
машината на секојдневието
Ова огледалото кое те крши, па те лепи секој ден ко пострашно ми изгледа од машината на секојдневието која се' уште не е страшна...
Добредојде the nurse ...
keti
Re: Поезија
Природа
Ти не си виновен што за да полееш една жедна роза
мораше да ги изгазиш недолжните темјанушки.
Кога ги засади, и` беше лут на розата што те боцна -
таа требаше да се откаже од својата природа, за тебе.
Реши да ја казниш и ја опкружи со нежни стражари
за и кога ќе и` простиш да не можеш да ја ослободиш,
оти тоа е твојата природа - да ги заштитиш послабите.
А сепак не издржа,
гледајќи ја како самотно свиснува таму во ќошот.
Ја полеа изобилно, ја прегрна покајнички и и` шепна, прости ми.
Таа ти го милуваше лицето со розевите латици („Ти простувам“),
а мирисот нејзин те исполни како сладок пламен („Те посакувам“)
кога нејзините боцки страсно се забија во твоето месо.
Ти не ја сети болката, ни својата, ниту туѓата,
додека пурпурни бисери паѓаа врз темјанушките
кои тивко умираа.

Најдоброто кое го знам
Кога е ноќ
само за мене темнина
само молчам
некому изгледа кратко,
за мене цела вечност.
Всушност кому му е гајле кој за што мисли
секој е глумец
само далеку од тоа да биде така убав и забавен.
Не дека не кажувам
не дека очекувам волшебен клуч
очекувам само демагогија
да се јаде гомна
бар толку често што не успеваат да се усмрдат,
и понатака заедно со другите чекорам по оваа септичка јама,
а нешто во мене урла: “ Што барам јас тука?! И кога веќе еднаш ќе си заминам дома?!“
А каде е моето дома?
Не знам, знам само дека не е тука.
По минати и идни времиња копнеам
посебно по оние кои никогаш не се случија
а сакав да се случат
а и никогаш нема да се случат.
Беспомошноста знае да гуши и дави
дури понекогаш се чудам како тоа да сум жив,
а можеби не сум,
само кога сум со тебе љубов моја
ми се чини дека сум,
но кога заминуваш
нешто во мене се крши
во мислите на колена паѓам.
Но ние машките не плачеме,
тогаш пиеме
и ко мутави се кезиме додека глупости зборуваме,
ама ни за тоа не ме бива,
бргу ми се слошува
затоа што најдобро знам лошо да ми биде,
секогаш ми успева
затоа што бегам до демагогии бљутави
на повраќање ме тераат

zbunet напиша:Кога е ноќ

Јес дека си Збунет, но, немој до толку да се збунуваш и кога пишуваш поезија ... Ајде, поведро малку за сонцето да не ни замине ... ако си е зима! ...
keti
Привезок
Би сакал да е познато
тоа кое го знам
би сакал да ми е непознато моето јас
да го заборавам
да се претопам во тебе
макар ме имала само како привезок во џеб
да ме вртиш и да си играш кога си немирна
затоа што само толку ме има кога кога не сум со тебе
а можеби и помал.
Нема денови такви кои вредеа без тебе
немаше ниедна желба која не беше глупост која не те вклучуваше и тебе
Џиџи вели не можам ништо да изменам
појасен не може да биде,
можеш само ти
во човек да ме претвориш
кој на себе заборавил
и во тебе се претворил.

zbunet напиша:https://mekici.forummk.com/t221-topic
Па, не сум промашил скроз. Само страната на светот
Тото
Карпа
Дојди,
а јас ќе чекам неподвижен
како карпа на која ветриштата и дождовите се судираат
нема да ме поместат
јас ќе чекам и нема да лелекам
не постои ништо друго заради кое би требало да покажам живот во мене.
Во очите мои горат искри
за да можеш да ме пронајдеш и во најцрната темница
за други очи нема да бидат видливи
ќе мислат дека сум само карпа крај која само минуваат
затоа што за нив и срцето ми е од камен.
Дојди
секоја секунда ми е вечност без тебе
секоја вечност ми само секунда со тебе
ќе те повикувам и во соништата
никогаш нема да престанам
ќе те штитам и од сеништата.
Нема ништо поважно од тебе
без тебе не сум важен, а ниту постојам
ќе те чекам како карпа
која само ти ќе ја препознаеш
која само така може да оживее
препознавајќи ја твојата ранлива отвореност
и со срце вжештено кое со твоето ќе се спои.
а јас ќе чекам неподвижен
како карпа на која ветриштата и дождовите се судираат
нема да ме поместат
јас ќе чекам и нема да лелекам
не постои ништо друго заради кое би требало да покажам живот во мене.
Во очите мои горат искри
за да можеш да ме пронајдеш и во најцрната темница
за други очи нема да бидат видливи
ќе мислат дека сум само карпа крај која само минуваат
затоа што за нив и срцето ми е од камен.
Дојди
секоја секунда ми е вечност без тебе
секоја вечност ми само секунда со тебе
ќе те повикувам и во соништата
никогаш нема да престанам
ќе те штитам и од сеништата.
Нема ништо поважно од тебе
без тебе не сум важен, а ниту постојам
ќе те чекам како карпа
која само ти ќе ја препознаеш
која само така може да оживее
препознавајќи ја твојата ранлива отвореност
и со срце вжештено кое со твоето ќе се спои.
zbunet
Страна 28 of 35 • 1 ... 15 ... 27, 28, 29 ... 31 ... 35
МЕКИЦИ :: УМЕТНОСТ :: ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
Страна 28 of 35
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот